Дигитална кампања „Сакам фер работни услови“ – Кристијан Трајчов

Според последните истражувања на ССНМ, младите новинари и оние кои работат во дигиталните медиуми во земјава најчесто работат со нерегулирани работни договори. Во услови на здравствена и економска криза во последните години, овој проблем се повеќе се појавува на површина, особено во случајот со здравственото осигурување.  

Целта на повикот беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде новинар во онлајн медиум, млад новинар(к)а или медиумски работник во Северна Македонија и кои се најчестите прекршувања на работничкие права со кои тие се соочуваат.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено кога станува збор за младите во фелата, ако се водиме од фактот дека тие се меѓу најслабо платените и најмалку бројни во медиумите.  

„Кога неискусен студент на новинарство ќе започне да посетува пракса во некој медиум, често се чувствува изолирано бидејќи самиот медиум мора да ги обави своите дневни обврски и никој нема време за него. Поради тоа, се создава одбивност кај студентот за идна соработка.“ 

Кристијан Трајчов, новинар

Гоце.мк

Дигиталната кампања се спроведува во рамки на во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn