Дигитална кампања „Сакам фер работни услови“ – Кристина Бошнакова

Датум

Според последните истражувања на ССНМ, младите новинари и оние кои работат во дигиталните медиуми во земјава најчесто работат со нерегулирани работни договори. Во услови на здравствена и економска криза во последните години, овој проблем се повеќе се појавува на површина, особено во случајот со здравственото осигурување.  

Целта на повикот беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде новинар во онлајн медиум, млад новинар(к)а или медиумски работник во Северна Македонија и кои се најчестите прекршувања на работничкие права со кои тие се соочуваат.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено кога станува збор за младите во фелата, ако се водиме од фактот дека тие се меѓу најслабо платените и најмалку бројни во медиумите.  

Скролање по социјалните мрежи и апликациите за работа и барање работа по професија. И по денови барање, еве оглас за новинар…

„Се бара новинар за онлајн медиум, пополнете ја следната апликација.“ – читаш, пополнуваш, испраќаш. На мејл пристигна линк за интерјуто за работа.

Од другата страна на Зум гледаш насмеано лице кое бара да исполниш многу обврски:

  • Напиши минимум 18 текстови во работно време од 8 часа;
  • Имаш една пауза од 15 минути;
  • Еден слободен ден во месецот;
  • Сите текстови објави ги и на социјални мрежи (со посебни темплејти за Инстаграм и Фејсбук бидејќи станува збор за различна публика);
  • Договор добиваш месец за месец;
  • Редовна посета на настани, прес-конференции и објави во живо на социјалните мрежи;

Јасно  е! Новинарството и не е така лесно како што изгледа нели? Стануваш свесен дека за половина час можеш да напишеш оригинален текст само доколку си програмиран робот. Во секој друг случај, станува збор за копиран и пастиран текст кој што нема да ти го одобрат во редакција. Но, тоа е твој проблем… Ја исправаш главата и прашуваш …

-„А одмор?“

  • „Одморот нема, но може да си споиш неколку слободни денови и да ја замолиш колешката да те замени, секако доколку има простор. Сепак станува збор за онлајн медиум и работите од дома.“

-„Дали ќе имам покриено осигурување?“

  • „А зошто осигурување? Работиме од дома, нашата редакција ве плаќа како хонорарен работник. Осигурување не покриваме. Грижете се за своето здравје, нас ни требаат здрави работници. Не толерираме отсуства.“

И веќе ти е страв да прашаш за плата бидејќи го знаеш одговорот…платата е минимална…

Новинарството е професија што изумира бидејќи новинарите не ги уживаат работничките права како сите други вработени. Нивната работа не се завршува во 8 часа, тие собираат материјали и одат на настани, го ризикуваат својот живот и се одделени од своите фамилии. Нивната работа е постојана, а нивниот труд е најмалку ценет.

Кристина Бошнакова,

Гоце.мк

Дигиталната кампања се спроведува во рамки на во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.

Останати
објави

Сподели на...