Новинарот Гоце Стојановски (64) ги споредува работните услови пред 45 години и сега.
„Некои работи се смениле од тогаш до сега, но кажаната вистина пред читателот останува под закрила на санкциите од „центрите на моќ“ на локално и национално ниво“
Првите генерации на дипломирани новинари на тогашните Интердисциплинарни студии по новинарство при Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј’’ во Скопје, Гоце Стојановски во 1977год. ја започнува новинарската професија.
Во седумдесетите пишувал за тогашните, „Млад Борец“, „Студентски збор“, „Трибина“ и „Вечер“. Објавувал во „Нова Македонија“, бил и новинар-спикер во Македонското радио-радио Скопје. Еден од основачите на Радио Кратово во осумдесетите години, бил и дел од тимот за изработка на Новинарскиот кодекс, за да во 2022г отиде во пензија.
Новинарството во период пред интернетот па до ден-денес, што по него, речиси и да нема некои промени за половина век во однос на правно и етичко третирање на новинарите од страна на работодавачите.
Новинарскиот кодекс има претрпено многу измени, кој и денес многу малку се почитува. Партизирањето на националните медиуми, со чесни исклучоци, се злоупотребуваат за да се создаде погрешно јавно мислење кај граѓаните. Може слободно да се каже дека новинарите се притиснати меѓу „чеканот и наковалната“, што значи дека тешко може да имаме добра етичност и третман од страна на работодавачите.
„Секогаш имав проблем како да ја „турнам вистината“ до обичните луѓе, а да не бидам санкциониран од „центрите на моќ“. Новинарите своите прекршени права тешко успеваат да ги докажат, додека судските процеси се маратонски. Авторското право е најчесто прекршено, се прекршува и правилната исплата на хонорарите.“ вели тој.
„Денеска младите новинари се искористуваат како палома ливчиња. Поради транзициските процеси беа прекршувани правата на новинарите од лошите системски закони, како што беше Законот за Радиодифузија и другите закони за медиумите од теснопартиските интереси на владеачките партии.Ретко кој се осудува да направи вистинска реформа во медиумите или да донесе добар закон.“
Дорина Стефановска,
Гоце.мк
Дигиталната кампања се спроведува во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.