Младите новинари сѐ повеќе се соочуваат со неправди кога доаѓа ред за вработување во секторот на новинарство. Лошите финансиски услови, прекумерните работни часови проследени со нереални барања се дополнителен основ за младите да го избегнуваат новинарството при запишување на студии или пак аплицирање за работа. Дипломираните новинари пак, повеќе би одбрале да се дистанцираат од струката и да работат поплатена работа со подобри услови. Ситуацијата е уште полоша во локалните медиуми во малите градови како Кочани и Радовиш , каде нема простор за просперитет. Дали ваквите услови ќе стават крај на новинарството како професија во Македонија?
Кристијан Трајчов и Иле Матеничарски се млади новинари кои отворено зборуваат за проблемите со кои се соочуваат самите и нивните колеги. Не гледајќи можност за успех и добар живот во новинарството, тие одлучиле да работат Online или пак новинарството да го третираат како втора, споредна работа.
Иницијативата за барање реални работни и подобро платени услови треба да започне доколку сакаме да се спаси новинарството и новинарите да добијат работни услови какви заслужуваат.
Ирена Жежова,
Гоце.мк
Дигиталната кампања се спроведува во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.