Во текот на јануари оваа година, Коалицијата за жени во новинарството документиралa 26 случаи на насилство врз новинарки. Тие вклучуваат притворања, правно вознемирување и физички напади на терен, меѓу другите напади врз слободата на печатот и известувањето на новинарките од различни делови на светот.
Една жена новинарка е убиена:
Мексико: Новинарката Лурдез Малдонадо Лопез беше застрелана од непознати лица додека била во нејзиниот автомобил на 23 јануари. Таа е трет новинар кој од почетокот на годината е убиен во земјата.
Уапсени две новинарки:
Мјанмар: Воената хунта во Мјанмар ги уапси новинарката на „Давеи Воч“, Ма Мое Минт и нејзините колеги од нивните домови доцна ноќта на 18 јануари. Една недела подоцна (25 јануари) таа беше ослободена.
Турција: Новинарката Седеф Кабаш беше приведена на полноќ под обвинение за „навреда на претседателот“. Против неа е поведена истрага за критика кон претседателот Реџеп Таип Ердоган во една ТВ програма во која учествуваше.
Приведена новинарка:
Казахстан: Властите затворија неколку информативни портали и приведоа новинари со цел да ги спречат протестите што избија во земјата. Меѓу приведените беше и Ајжан Ауелбекова.
Новинарка на нападната на терен, но мина без физички повреди:
Франција: Двајца видео-новинари, меѓу кои и жена која работи за агенцијата „Франс прес“ беа нападнати на 15 јануари во Париз за време на протестот против вакцинацијата против ковид-19.
Дванаесет новинарки во моментот се соочуваат со кривични тужби:
Грција: Поранешна истражувачка новинарка и телевизиска водителка, Јоана Пападаку се појави пред грчкиот Врховен суд на 25 јануари во случајот за нејзино известување за голем корупциски скандал.
Турција: Се одржаа четири рочишта против новинарките Шехрибан Аби, Назан Сала додека Зејнеп Дургут беше задржана во Ван на 6 јануари. Судот ги ослободи Аби и Дургут, но не и Сала која се соочува со 15-месечна затворска казна.
Турција: Седмото рочиште против Садие Есер за „членство во терористичка организација“ беше одложено. Судот одлучи да почека во уште еден обид за изјава на сведок кој бил отсутен.
Турција: Во Ван се одржа петто рочиште за случајот против новинарката Ројда Огу. Судот уште еднаш го одложи предметот за да даде дополнително време за обвинетите да ги подготват своите изјави.
Турција: Во Истанбул се одржа 16-то рочиште во судењето на новинарката Мешале Толу. Судот ја ослободи Толу од сите обвиненија по барање на Обвинителството.
Турција: Сослушувањето за фабрикуваниот случај поврзан со терор против поранешниот Извршен директор на „Тараф“, Јасемин Чонгар и други новинари од затворениот весник беше одложено по 38-ми пат.
Турција: На седмото рочиште за случајот против Хатиџе Шахин, судот одлучи да ја продолжи мерката за ограничување за патување на новинарката што е на сила од 2018 година и го одложи рочиштето за 18 април во 2022 година.
Турција: На второто рочиште за случајот против новинарката Дерја Окатан, Обвинителството побара таа да биде осудена на повеќе од осум години затвор под обвинение за „пропаганда“.
Турција: На 27 јануари се одржа шестото рочиште за случајот против Бусе Соѓутлу чии адвокати очекуваа објава на пресудата. Но, дојде до смена на претседателот на судот, па рочиштето беше одложено за 3 февруари, без да биде постигнат напредок.
Турција: Се одржа четвртото рочиште за случајот против Рејхан Чапан во Истанбул. Немаше напредок во случајот и судот закажа ново рочиште на 24 март.
Три новинарки се соочуваат со граѓански тужби:
Турција: Се одржа 12-то рочиште за случајот против новинарките Ејлем Сонбахар и Сема Каракурт кои се под обвинение за „опструкции на јавна должност“ и „навреда“ на јавни претставници за време на протестите против Г20 што се одржаа во Анталија во 2015 година.
Велика Британија: Судијата ја „резервира“ пресудата во случајот за клевета против наградуваната новинарка Керол Кадаваладр во нејзиното петдневно судење што почна на 21 јануари. Керол ја чека одлуката на судот за тужбата поднесена од мултимилионерот Арон Бенкс
Три новинарки се соочија со организирана трол кампања:
Канада: Новинарките Мерцедес Стивенсон и Рејчел Гилмор се соочија со организирано онлајн малтретирање преку нивните социјални медиуми, но и преку електронска пошта, по провокативниот твит на десничарскиот политичар Максим Берние.
Индија: Новинарката Рана Ајуб била силувана и добила смртни закани, откако беше цел на дезинформативна кампања за изразување на солидарност со Јемен и критикување на саудиските политики.
Новинарка поднесе пријава за сексуално вознемирување во полиција:
Индија: Новинарката на Wire, Исмат Ара поднесе жалба до полицијата во Њу Делхи зад администраторите на апликацијата „Були Баи“ за сексуално вознемирување.
Новинарка се соочи со вознемирување и злоупотреба на интернет:
Индија: Новинарката Меена Котвал беше мета на насилни и сексистички закани по еден нејзин твит. Нејзината реакцијата дојде дојде како последица на однос на десничарски хинду групи кои тврдат дека Мена ја навредувала нивната религија.
Новинарка со оштетена опрема на терен:
Франција: Фотографката Естел Руиз беше нападната од демонстранти за време на демонстрациите против ковид вакцините во Нант, при што ја бутнаа на земја и ја оштетија нејзината опрема.