Дополнување на петте клучни новинарски прашања

Датум

Сега имаме четири „клучни прашања“ и неколку дополнителни. Запомнете ги и бидете сигурни дека ќе го покриете секој агол од сторијата

Од Лук Бурнс Њујоркер

Во новинарството, „петте клучни прашања се „Кој“, „Што“, „Кога“, „Каде“ и „Зошто“. Потсетувањето на овие клучни прашања им помага на новинарите да дадат осврт на фундаменталните прашања кои секоја сторија би требало да ги одговори. Неодамнешните случување, сепак, покажаа дека традиционалните новинарски практики можеби и не се веќе толку ефективни како некогаш. Поради тоа, се јавуваат уште неколку клучни прашања кои би им биле од корист на денешните новинари.

 „Се заебаваш со мене?“
Деновиве, од новинарите често ќе се бара да известуваат за работи кои се чинат како болна шега. Како известувач, треба секогаш да потврдите дека настанот кој го покривате не е безвкусна лакрдија, утнат обид за изведбена уметност или некакво кловновско шоу во пореметен карневал на вулгарност.

„Сонувам?“

Кога се соочени со чудни, вознемирувачки настани кои се одвиваат по некоја нивна незамислива логика, известувачите треба  исто така да бидат сигурни дека не сонуваат некаков трескавичен кошмар. Она што го гледа може и навистина да е комшмар, но верувале или не, може да биде и реален настан кој се случува во вистинскиот свет во кој живееме – реалност од која нема бегање.

„ Сериозно?“
новинарите треба секогаш да го гледаат лицето кое го интервјуираат во очи и да го прашаат, „Сериозно?“ Серизно тоа ми го кажувате?“ (Ова прашање може да се повторува онолку често колку што е потребно.)

 „Како се случи ова?“
Ова прашање порано се однесуваше на настани кои водеа до одреден инцидент, но сега тоа повеќе значи дека сите ние треба добро да се погледнеме во огледало и да размислиме како изборите кои сме ги направиле не довеле до кај што сме денес.

„Немате ли срам?“

Одговорот на ова прашање најверојатно ќе биде „не“, но мора да проверите.

„Да му се сневиди.“
Точно, ова не е прашање, но важна гледна точка за новинарите.

„Има ли спас од ова лудило?“

Ова е многу основно прашање, кое е релевантно независно дали известувате за глобални прашања, бизнис, спорт, или дури само ако пишувате рецензии за ресторани.

Оригиналните пет прашања може и да се пренаменат за поголем ефект. Не пример, наместо да праша „Што се случи?“, еден новинар во 2017 година може да праша „Што Господ би дозволил ова да се случи?“, „Што мајку му?“ или „Што е поентата?“. Слично, наместо „Кога се случи ова?“, може да прашате „Каде тргна на лошо?“. Наместо „Зошто се случи ова“ обидете се со „Зошто лоши работи им се случуваат на добри луѓе?“, „Зошто живееме во овој беден, никаков свет?“ или едноставно „Зошто … Зошто … Зошто?“. На овие прашања луѓето сакаат одговори.

Сега е безбедно и да отфрлиме еден од тие клучни зборови? „Кој“, како во прашањето „Кој е одговорен?“. Одговорот на ова прашање е ист во секоја сторија – сите ние. Сите сме виновни. Ничии раце не се чисти.

Да заокружиме, сега имаме четири „клучни прашања“ и неколку дополнителни. Запомнете ги и бидете сигурни дека ќе го покриете секој агол од сторијата. Секако, во споредба со оригиналниот систем, овој е многу покомплициран, збунувачки и речиси неразбирлив на начин кој совршено ја отсликува оваа нова ера во која вистината има малку значење. Но таков е животот денес!

Останати
објави

Сподели на...