Новинарството во Црна Гора е претежно „женска“ професија. Иако нема официјални податоци за бројот на вработени лица во медиумите и затоа не може да се зборува за уделот на жените, анализите, сепак, покажуваат дека црногорската јавност е најмногу информирана од новинарки. Како што покажува најновата анализа на Агенцијата за електронски медиуми (АЕМ), тие сè почесто се среќаваат како уреднички и водители. Сите тие податоци би можеле да укажуваат на промена на положбата на жените кои се вработени во медиумите, но за жал ситуацијата е поинаква.
И онака лошата положба на вработените во медиумите ја влоши пандемијата на ковид-19. Само во 2021 година беа затворени 18 медиуми, а најмалку 30 вработени останаа без работа. Една од нив е новинарката Елхана Хамзиќ Касмиќ, која останала без работа за време на породилното отсуство. Ситуацијата дополнително ја усложнуваше тоа што нејзиниот сопруг, исто така новинар, во исто време остана без работа, со оглед на тоа што медиумот за кој работеа отиде во стечај. Отказот дојде по седум години работа, а почна суетната потрага по разбирање и решенија од системот.
„Го изгубив правото на отштета, дури и во Бирото за труд ми рекоа дека досега немале ваков случај. Она што дополнително ме разочара е недостигот на поддршка од колегите од другите медиуми. Но, барем сега има пример што може да се случи со секоја новинарка која ќе стане мајка“, вели таа.
Хамзиќ Касмиќ открива дека во Црна Гора е тешко да се биде новинар, бидејќи новинарките често се мета на вербални, а во последните години и на физички напади.
Новинарите добиваат непримерни коментари за нивниот изглед, често полни со сексистички и шовинистички изјави, нè нарекуваат со имиња на социјалните мрежи, предмет сме на кафански приказни за тоа како добиваме информации“, заклучува Хамзиќ Касмиќ.
Нејзините колеги посочуваат дека состојбата во медиумите не се променила со годините и дека новинарките секогаш биле во полоша положба од нивните машки колеги.
„Условите за работа во медиумите во кои цел живот сум вработен се нехумани. Ги покривав сите сегменти, бидејќи неприфатливо долго бев единствениот новинар во редакцијата, без надоместок и без работно време“, вели новинарот М.С., вработен во локален медиум.
Иако е единствена во тој медиум со високо образование, таа има помала плата од другите колеги, бидејќи никогаш не била на раководна позиција.
„Тие места се резервирани за оние кои се донесени преку партиската книшка, често без работен ден. Честопати не ја ни работеа таа работа, но за тоа беа соодветно обештетени“, заклучува таа.
Посебен проблем е балансирањето меѓу семејните и професионалните обврски. Вработените во медиумите, како што самите посочуваат, поретко се одлучуваат да основаат семејство, свесни за последиците од кариерата што ги носи таквата одлука.
„Ако уредничката на емисија оди на породилно, нејзината емисија сигурно ќе биде откажана или доделена на друго лице. Кога ќе се врати, прашање е дали ќе има работа и, речиси, сигурно таа емисија нема да и биде вратена“, вели ТВ новинарката А.К.
Според неа, создавањето семејство се смета за една од причините поради која се повеќе новинарки ја напуштаат оваа професија во потрага по полесна работа, со работно време и подобри услови за работа.
„Јас бев една од тие новинарки. По бременост и породилно, побарав да работам утринска смена, бидејќи и мојот сопруг работи во медиумите. Едноставно, повеќе ми одговараше и беше жртва што требаше да ја направам“, вели А.М.
Синдикатот за медиуми на Црна Гора (СМЦГ), кој собира околу 600 вработени во медиумите, веќе неколку години укажува на лошата социо-економска положба на вработените во медиумите, која дополнително се влоши со почетокот на пандемијата. Новинарите и другите медиумски работници се посочени како особено ранлива група, кои покрај стандардно лошите услови, имаат и дополнителен товар на нееднаквост врз основа на пол.
„Условите за работа во медиумите со години се лоши и честопати под нивото потребно за достоинствена работа. Позицијата на новинарите и другите медиумски работници може да се подобри со донесување на грански Колективен договор во областа на медиумите, но, за жал, досега немаше разбирање кај работодавачите за таков чекор“, вели претседателката на Синдикатот на медиуми на Црна Гора, Маријана Цамовиќ Величковиќ.
Според неа, вработените во медиумите се соочуваат со прекувремена работа, работа за време на празници и викенди, а честопати не може ниту да се одреди кога почнува и завршува работниот ден на работникот. Кога на тоа ќе се додадат платите кои се на или под националниот просек, а честопати доцнат, потоа притисоци, цензура и самоцензура, јасно е зошто се повеќе луѓе ја напуштаат оваа професија.
Фото: Pixabay
Извор: TV Pljevlja
Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.