Откако почна пандемијата со Ковид-19 голем број новинари од целиот свет почнаа дел од работата да ја извршуваат од дома. Меѓународната асоцијација на информативни медиуми (МАИМ) во својот извештај нуди преглед на искуствата на редакции кои се прилагодиле на работењето од дома, како и совети за другите како да го извлечат најдоброто во ситуација која може да стане постојана за некои медиумски компании.
Автор на извештајот со наслов „Потенцијалното влијание на работата од дома на редакциите“ е Мери Михан, новинарка која известува за здравствени политики. Во извептајот таа пишува дека редакциите ретко кога се соочиле со вакви долготрајни предизвици и тешкотии како овие кои ги донесе пандемијата.
„Траумата од покривање на вакви подолготрајни катастрофи има вистинско влијание врз здравјето, и врз менталното и врз физичкото“, пишува Михан.
На долг рок тоа може да влијае на квалитетот на работата и на крајот на краиштата и на компанијата. Во најдобар случај, медиумите би го адресирале дополнителниот стрес преку дополнителни и иновативни програми за помош за вработените“, додава Михан.
За да може опцијата работа од дома да биде успешна и остварлива опција за редакциите тие првин треба да ги поправата проблемите кои постоеле и пред пандемијата, од техничка нееднаквост до лоша култура во канцеларијата. Не може да го направи тоа како секогаш, само со промена на „сценографијата“.
„Идеално би било доколку медиумите инвестираат во технологија, за да може сите вработени да работат на еднакви основи. Но, прашањето за пристап до квалитетен, сигурен интернет сервис претставува предизвик за вклученост и разновидност бидејќи урбаните и руралните средини често имаат различен пристап. Најважно, атмосферата од традиционалните редакции ќе мора да се смени. Емотивна подрршка и емпатија е потребна на начини кои не се типични за тензичната атмосфера во медиумите. Особено затоа што коронавирусот продолжува да разорува низ целиот све, мора да постои признание дека медиумските професионалци, исто како и сите луѓе, се подложени на траума и стрес кои се без преседан“, пишува Михан.
Тоа значи дека раководителите на медиумите го носат товарот на одговорноста да овозможат сето ова да се случи:
Холандските истражувачи откриле два типа на лидерство: лидерство базирано на задачи и лидерство базирано на односи. Во услови на работа од дома, тие заклучиле дека „лидерството базирано на односи е особено погодно“.
Логиката е во то дека „во услови на работа од дома директна поддршка од колега или емпатија може да не биде достапна, и вработените можно е да имаат поголема потреба за пообѕирно однесување на нивните лидери“.
Додека изгледа дека светот е превртен наопачки, овој цитат од изданието на Харвард бизнис ривју од јануари/февруари 2016 сеуште звучи соодветно:
„Кога раководителите ја игнорираат емотиционалната култура, тие го превидуваат виталниот дел од тоа што прави луѓето и организациите да функционираат“.
Михан цитира примери од шест локални редакции на Мекклатчи и од нивното биро во Ди-си кои се откажале од своите канцеларии нарем на краток рок. Нивнито план е да се вратат во помали простории каде вработените би доаѓачле во канцеларија по распоред за смени.
„Позитивниот стрес им помага на луѓето да се фокусираат да ги исполнат роковите“, вели д-р Џејмс Родригез, постар научник истражувач и директор на одделот за траума на Мексилвер институтот при Универзитетот во Њујорк.
„Негативниот стрес, особено како овогодинешниот негативен стрес како демонстранти на улиците или зголемување на бројот на Коцид-19 случаи, може да биде отровен и да ја намали продуктивноста, дури и да предизвика или да влоши хронични здравствени проблеми. Тоа, за возврат може да ја намали продуктивноста и да ги предизвика финансиските придобивки кои медиумите се надеваат дека ќе ги направат со напуштањето на скапите простории за канцеларии“, пишува во извештајот.
Еве ги советите на Михан и на МАИМ:
Раководители
- Бидете лидер. Не кажувајте само работи како „Чувај се“. Сочувствувајте и сфатете дека вашите вработени имаат свои проблеми и предизвици
- Давајте задачи со рокови, но бидете флексибилни, особено околу распоредите за работа. Но, бидете јасни за тоа како ќе комуницирате со вработените.
- Добрите работници се добри работници секаде. Не сте им стоеле над глава додека работеле во канцеларија, и затоа претпотавете дека не треба ниту виртуелно да им стоите над глава додека тие работат од дома.
- Прашајте ги кои се нивните предизвици и каква помош им е потребна, какви компликации имаат. Ислушајте ги нивните одговори и помогнете кога е можно.
Работници
- Направете распоред. Не го минувајте цел ден на бирото. Излезете надвор, правете паузи и тоа промислено. Наместете тајмер ако е потребно.
- Обезбедете посебно место за работа. Внимавајте на ергономските проблеми. Комуницирајте со членовите на семејството за моментите кога не треба да ве прекинуваат.
- Дефинирајте ги работните часови и побарајте од семејството и пријателите да ги почитуваат тие граници.
Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.