Зошто е важно да се мапира состојбата на фриленсерите во Европа

Датум

Истражување на фондацијата на Европскиот центар за новинарство (ЕЦН), со поддршка на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“

 

Новинарите фриленсери ширум Европа имаат витална улога во производството на квалитетно и иновативно новинарство кое промовира здрави демократии и јавна дебата, ги информираат општествата за итните дилеми со кои се соочува светот и ја одржува одговорноста на властодршците

Со повеќе достапни податоци за тоа како работат и напредуваат фриленсерите, ќе може подобро да се разберат механизмите и да се дизајнираат нови стратегии за нивна поддршка и заштита

Создадено од ЕЦН во 2020 година, Собранието за новинари фриленсери стана прва иницијатива на европско ниво што е фокусирана исклучиво на заедницата на хонорарците и нејзината улога во индустријата за вести. До денес, над 2.000 фриленсери се приклучија на платформата

Во 2021 година, Собранието на новинари фриленсери произведе осум нови водичи за да им помогне на хонорарните новинари да известуваат за најитните предизвици во светот. Водичите ќе бидат преведени на француски, на шпански и на арапски јазик за да стигнат до хонорарците ширум светот

Новинарите фриленсери ширум Европа имаат витална улога во производството на квалитетно и иновативно новинарство кое промовира здрави демократии и јавна дебата, ги информираат општествата за итните дилеми со кои се соочува светот и ја одржува одговорноста на властодршците. Во меѓувреме, општеството исто така, се соочува со предизвик да ја гарантира нивната економска одржливост, да воспостави нови конекции и да работи во високо конкурентна меѓународна средина.

Недостатокот на информации за условите и динамиката на хонорарното новинарство во Европа е еден од главните предизвици за поддршка на т.н. фриленсерска заедница, покажува истражувањетo на фондацијата на Европскиот центар за новинарство (EJC). Со повеќе достапни податоци за тоа како работат и напредуваат фриленсерите, ќе можеме подобро да ги разбереме механизмите и да дизајнираме нови стратегии за нивна поддршка и заштита.

Поради ова, како дел од Собранието новинари фриленсери, фондацијата на Европскиот центар за новинарство (EJC), со поддршка на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, започна истражување што ќе го мапира моментниот пејзаж на хонорарното новинарство во Европа и ќе ги идентификува предизвиците и можностите за негово зајакнување.

За истражувањето на фриленсерите во Европа

Со какви предизвици се соочувате работејќи како фриленсер? – Дали комбинирате други професионални активности со тоа што сте фриленсер? – Дали има некои нови или дополнителни вештини кои би ве направиле поефективни како фриленсер?

Анкетата за фриленсерите во Европа има за цел да одговори на овие и други прашања за да создаде свест за потребите и приоритетите на заедницата и да промовира разговори околу решенијата и иницијативите кои можат позитивно да влијаат на екосистемот на фриленсерите.

Оваа вежба за мапирање е важна за:

  1. Истакнување на работата и предизвиците на фриленсерите

Познато е дека фриленсерите се соочуваат со неколку предизвици. Од справување со нестабилен готовински тек и прифаќање на терени до соочување со закани за нивната физичка и дигитална безбедност. Анализата на нивните работни услови ќе биде вреден извор на информации за другите членови на информативниот екосистем за подобро разбирање, вреднување и поддршка на хонорарните новинари.

  1. Дизајнирање на нови иницијативи за поддршка и заштита на фриленсерите

Иако некои национални и локални извештаи имаат за цел да го истражат профилот на членовите на заедницата, сè уште постои недостаток на информации на европско ниво. Собирањето на точни и ажурирани информации во однос на полот, возраста и работната динамика ќе овозможи на различни релевантни актери да создадат соодветни иницијативи за поддршка, механизми и стратегии кои можат да им користат на хонорарците и на новинарската заедница.

  1. Олеснување на заеднички решенија

Пронаоѓањето на ефективни решенија кои можат позитивно да влијаат на екосистемот на фриленсерите бара колективни акции и заеднички иницијативи. Резултартите од извештајот ќе бидат покана за финансиери на новинарство, на медиуми, на организации на хонорарни новинари, на синдикати, на невладини организации, на академски кругови и на меѓународни организации да разговараат и да ги здружат силите во креирање на нови стратегии за зајакнување.

Нови ресурси за хонорарните новинари

Создадено од ЕЦН во 2020 година, Собранието за новинари фриленсери стана прва иницијатива на европско ниво што е фокусирана исклучиво на заедницата на хонорарците и нејзината улога во индустријата за вести. До денес, над 2.000 фриленсери се приклучија на платформата која се обидува да ѝ обезбеди вештини на заедницата, алатки и врски преку настани, сесии за обука, ресурси, менторства, итн.

Во 2021 година, Собранието на новинари фриленсери произведе осум нови водичи за да им помогне на хонорарните новинари да известуваат за најитните предизвици во светот. Во 2022 година, во согласност со посветеноста на ЕЦН да понуди бесплатни новинарски ресурси и да ја демократизира пристапноста до информации и алатки, осумте водичи на Фриленсер ќе бидат преведени на француски, на шпански и на арапски јазик за да стигнат до хонорарците ширум светот.

Дополнително, ќе бидат лансирани два сосема нови прирачника за развојно новинарство кои ќе се фокусираат на темите склоности и претприемништво. Двата прирачника ќе дадат совети за хонорарците од уредници, практични алатки и примери.

 

Фото: Freepik

 

 

 

Останати
објави

Сподели на...