Малите плати, работата под постојан притисок, преголемите очекувања на уредништвото и публиката, и примамливоста на сродните професии, особено односите со јавноста, можат во одреден момент да ги натераат дури и најдобрите новинари да почнат да размислуваат за напуштање на професијата.
Медиумските работници со години ги држат своите позиции на листите на најинтересни професии, а неретко и на листите на најслабо платена работа без оглед на тоа дали станува забор за држави со послаби или појаки економии и медиумски пазар. Ниту врвниот успех и славата не се услов за останување во професијата, па се случува и добитници на Пулицеровата награда за го заменат новинарството со ПР.
Во САД, на пример, медиумската работа е со години помеѓу најстресните, покажале истражувањата кои земаат во обзир неколку фактори на стрес, меѓу кои и потребата за патување, роковите за извршување на работата и интеракцијата со голема публика. Во таа земја уште пред десет години започна трендот на зголемување на бројот на студенти по новинарство кои се пренасочуваат на студии за односи со јавност и на новинари кои ја менуваат професијата.
Состојбата е слична и во европските земји. Една студија направена во Франција покажала дека еден од тројца новинари во таа земја сака да даде отказ. Преку 60 проценти од новинарите одговориле дека работат повеќе од осум часа дневно, а 20 проценти дека работат повеќе од 10 часа дневно. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека половина од пола од испитаниците одговориле дека работат а викенд, не чуди дека речиси половина од новинарите во Франција имаат чувство дека немаат доволно време за одмор.
На Балканот, покрај „вообичаените“ проблеми на струката во форма на мали плати, прекувремена работа и стрес на работното место, новинарите дополнително се соочуваат и со несигурноста на работата и политичките притисоци кои доведуваат до цензура и автоцензура. Иако никогаш не се спроведени систематски истражувања, достапните податоци од земјите во регионот укажуваат на тоа дека професијата на новинарите е една од најслабо платените.
Во БиХ, факултетите по новинарство се сметаат за најмалку исплатливи, бидејќи просечната плата на еден дипломиран новинар во нашата земја изнесува 680 КМ. Состојбата е слична и во Србија, каде новинарите месечно можат да заработат околу 300 евра, а платите остануваат поразителни дури и кај новинарите со повеќегодишно искуство. Хрватското новинарско здружение смета дека новинарите заработуваат помалку од просечната нето плата во таа земја (758 ЕУР), но и дека дел од новинарите едвај преживуваат работејќи истовремео за повеќе медиуми.
Експлоатација на струката
Глобално, новинарството минува низ големи промени, кои бараат од новинарите многу поголемо технолошко знаење и вештини, и таквата ситуација бара исклучителна способност на прилагодување на медиумскиот работник без оглед на тоа каде тој живее. Носењето со дополнителните проблеми, специфични за новинарската работа во нашиот регион, е голем предизвик, се согласуваат долгогодишни новинари од БиХ и регионот.
„Мислам дека денес пред сè новинарите се бескрајно слабо платени. Заработката е толку мизерна што не е доволна ни за еден човек, а не пак за цело семејство. Слабо се платени и новинарите кои работата во режимските медиуми. Тие не се воопшто наградени за тоа што се подготвени да ги жртвуваат правилата на новинарската професија за да му служат на режимот. Шефовите не режимските медиуми, независно дали се работи за државни или приватни, сметаат дека тоа што се вработени им е доволна награда“, објаснува за Media.ba наградуваниот босански новинар Омер Карабег.
Неговото мислење го дели и новинарката од Бањалука, Милкица Милојевиќ, која вели дека условите за работа во многу редкации денес се мизерни.
„Заробени сме со куп обврски, барањата на работодавеците се поголеми од ден на ден, станавме сами свои асистенти, сниматели, монтажери, возачи. Од нас се очекува сами да си купуваме опрема, да си плаќаме доусовршување, да се разбираме во техника и да знаеме странски јазици, а при тоа заработката е сè помала, а обемот на работата се поголем.
Во таква ситуација, новинарот може да напише сторија која е „пристојна“ и одговара на основните прашања само ако „скрати од сонот и слободното време“, смета Милојевиќ.
„Медиумските куќи станаа само и исклучиво корпорации кои се борат на пазарот,најценети се црните или шарените будалаштини“.
Новинарите во БиХ денес немаат подобра заштита од комуналните работници, а при тоа се изложени на различни напади, притисоци со „најцрни цели“, манипулации и уцени, ни вели Марко Дивковиќ, претседател на Здружението на новинари на БиХ.
„Цената на трудот е навредливо ниска, чест на исклучоците. Тоа е на крајот најголемата опасност за новинарската професија, бидејќи продажбата на професионалниот образ одамна стана многу распространет начин на преживување“.
Несигурноста на новинарската работа и константниот ризик од губење на работното место се дел од секојдневието на новинаритево регионот, па така и во Србија. Обесхрабрувачки е фактот што, според податоците од 2014 година, на евиденцијата на невработени граѓани се наоѓале околу 1300 новинари од таа земја.
„Најголемиот проблем во новинарството е да се најде чесна и пристојно платена работа. Новинарството повеќе не е професија, туку стана некој вид хоби, како пишување поезија“, вели српскиот новинар Дејан Анастасијевиќ.
Работните услови не се поволни ни за медиумските работници од Црна Гора, каде, според некои истражувања, новинарите во просек заработуваат 470 евра месечно. За време на празници, 30 проценти од новинарите во таа земја работат како и било кој друг ден, а платата е нешто повисока на новинарите кои се вработени во приватните медиуми.
„Новинарите денес ја делат судбината на повеќето од оние кои ја продаваат својата работна сила на транзициските балкански капиталисти – тие се безобѕирно експоатирани“, вели за Media.ba црногорскиот новинар Душко Вуковиќ.
Солидарноста која ја нема
Иако многу показатели зборуваат за тоа дека новинарството во нашиот регион е една од професиите со најлоши услови за работа, често делува како самите новинари не прават многу за да се подобри нивната положба. Неефикасните синдикални здруженија не прават доволно за да се подобри моменталната ситуација, а новинарите, водени од сопствените интереси и стравот од губење на работата, ретко покажуваат солидарност со колегите.
„Речиси е невозможно да се организира масовен штрајк на новинари за тие да се изборат за повисоки плати, подобри услови за работа и пред сè за тоа политичарите да почнат да ја почитуваат нивната професија. Новинарите, како и другите граѓани, премногу се преокупирани со борбата да преживеат за да можат да организираат помасовен отпор. Стравот од губење на работата ги парализира луѓето“, вели Омер Карабег.
Новинарската солидарност денес е многу поважна од порано, смета и Гордана Кнежевиќ, новинарка со повеќе од 30 години искуство во регионалните медиуми.
„Со јакнење на професионалните здруженија и јакнење на синдикатите можно е новинарите да се изборат за подобри услови за работа и што е најважно, за тоа новинарската работа да биде подобро платена“, заклучува Кнежевиќ.
Солидарноста би можела да ги олесни и другите проблеми со кои се справуваат новинарите, но тие не се поготвени а се борат, вели црногорската новинарка и генерална секетарка на Здружението на професионални новинари на Црна Гора, Мила Радуловиќ.
Да постои солидарност и подготвеност да се ангажираме, лошите договори и малите плати, како и нерешените напади врз новинарите, не би биле така страшни“, порачува Радуловиќ.
Хилма Ункиќ