Пишува: Ивана Стојкова
Навреди, напади, па дури и обиди за уништување на опремата – со вакви ситуации се соочуваат дел од репортерите и снимателите кога треба да известуваат од протести. На прашањето дали некогаш ви била загрозена безбедноста при вршењето на работата, одговорот и кај репортерите и кај снимателите е „Да, и тоа најчесто на протести“.
Јовица Пауновски, репортер во ТВ 21, вели дека често пати и демонстрантите, но и полицијата не прават разлика со медиумските работници, кои се таму за да си ја вршат работата, па така тие се оставени сами на себе, кога станува збор за заштитата на својата безбедност.
„Особено на тие кои што биле најавени за мирни, па ескалирале. Во тие моменти, новинарите како знаат и умеат треба да останат професионални, да известуваат и во исто време да се спасат. Бидејќи тогаш ниту полицијата, ниту демонстрантите, на ниеденкој начин не прават разлика со новинарите“, вели Пауновски.
Не се изземени ниту снимателите, кои, во обид да ја пренесат сликата, неретко добиваат закани.
„Заканите се во форма „ќе ти ја скршам камерата, што снимаш“, „кој си ти да го снимаш ова“, „вашиот медиум се предавници, ај бегај од тука, не може да снимаш“ и слично“, вели Александар Димитриовски, долгогодишен снимател во ТВ 24.
Димитриовски додава дека генерално снимањето протести е како и секое друго снимање на терен, но некогаш знае да биде и ризично.
„Доколку на протестот се почне со агресија, односно фрлање предмети, туркање, итн., тука веќе почнува да бидестанува ризично, поради желбата да се известува од првите редови, може да биде повреден снимател или новинар“, додава Димитриовски.
Новинарката Ирена Каревска била буквално исплукана од демонстранти и тоа неколку секунди пред да се вклучи во живо од настан во вести и да почне да известува. Наместо да се сконцентрира на известувањето, да ја пренесе атмосферата, да внимава што и како ќе каже и да остане смирена, станува мета на демонстранти.
И покрај тоа, Каревска успеала професионално да ја заврши работната задача и да ја стави професионалноста пред нејзината сопствена безбедност, но вели загрижувачки се ваквите напади, кои сè уште не се реткост.
„За нападот известив во вестите, но не поведов натамошна постапка. Причината најверојатно беше фактот што нема некоја охрабрувачка статистиката кога зборуваме за казнивоста на нападите на медиумските работници. Иако, од денешна перспектива, најверојатно би постапила поинаку и би го пријавила со случајот, макар тоа да остане и само статистика во извештаите за слободата на медиумите во земјава“.
Пандемијата со ковид-19 и анти-ковид- мерките дополнително го зголемија бројот на протести и демонстрации ширум светот, од кои големиот дел насилни, при што мета на напади се и самите медиумски работници штокои известуваат за нив.
И во Македонија, меѓу последните случаи на напад кон медиумските работници е токму протестот против анти-ковид- мерките, на кој репортерите и снимателите беа навредувани, омаловажувани и им беа упатени вулгарни пораки.
Она што е опасно e што ваквите вербални напади од присутните може дополнително да ја поттикнат присутната толпа на насилство, со што директно се загрозува безбедностабезбедоста на медиумските работници.
Потребна ли е подобра комуникација и соработка меѓу новинарите и полицијата?
Статистиката покажува дека годинава до полицијата се поднесени осум пријави за нарушување на безбедноста на медиумските работници за време на протести, од кои пет се сосема расчистени и заокружени со три кривични пријави, од кои една против седум лица, едно писмено известување до ОЈО и една прекршочна санкција против две лица. Сепак, три од пријавените случаи и натаму не се расчистени, сторителите не се казнети.
„Во текот на 2021 година доставени се вкупно осум пријави, во споредба со 2020 година, кога во МВР беа пријавени 10 вакви случаи, од кои девет се веќе комплетно расчистени, а за еден случај уште се преземаат мерки за негово комплетно расчистување. Од годинашните осум пријави, пет се сосема расчистени и заокружени со три кривични пријави, од кои една против седум лица, едно писмено известување до ОЈО и една прекршочна санкција против две лица“, велат од МВР.
Додаваат дека МВР во континнуитет презема интензивни мерки и активности за зголемување на безбедноста на новинарите. Укажуваат на тоа дека биле направени и работилници на кои учествувале новинари, фоторепортери, како и припадници од МВР, а се споделиле и искуствата и се лоцирале точките каде што е потребно за унапредување на соработката.
Како да се зголеми безбедноста при известување?
Наташа Ковачев, репортерка со 15- годишно искуство во телевизиското новинарство, дописник за „Еуроњуз Србија“ од Војводина, споделува неколку совети и искуства за можни непредвидени ситуации кои што можат да настанат додека се известува од протести и од различни демонстрации. За безбедно известување, вели, потребно е однапред добро да се подготват и да се организираат екипите на терен, како и самите редакции.
„Тоа, пред сè, подразбира јасни договори кој што ќе прави, каде ќе биде распореден, како ќе се испраќаат материјалот и информациите ќе се испраќаат од терен, но и кои се контактните точки во редакцијата, односно кои се лицата со кои новинарите можат да контактираат доколку на теренот ќе има проблем. Колку е подобра подготовката, толку помали се шансите за проблем“, вели Ковачев.
„На самиот настан, многу е важно да не се застане меѓу демонстрантите и полицијата или зад едната или другата група. Најдобрата позиција е на страна – на тој начин ќе имате подобар преглед на ситуацијата, но и ќе можете побргузо да се движите доколку двете страни меѓусебно се судрат. Исто така, важно е да не се расправате со полицијата, ниту да се спротивставите на апсењето. Дајте им јасно до знаење дека сте новинар, покажете ја вашата лична карта, а ако тоа не е доволно тоа, обидете се да ја известите вашата редакција или адвокат за тоа што се случува. Бидејќи телефоните може да се одземат, на новинарите им се советува да го запишат телефонскиот број на редакцијата или адвокатот штокој е при рака за да им биде достапен“, нагласува Ковачев.
Известувањето од протест е важна и ризична работа, но со добра подготовка, познавање на теренот и евентуална полициска тактика може да се минимизираат ризиците за новинарите, заклучува Наташа Ковачев.
Расте бројот на напади врз новинари што покриваат протести во светот
МеѓународнитеМеѓуародните организации предупредуваат дека бројот на напади врз новинари кои што покриваат протести ширум светот нагло се зголемува. Според УНЕСКО, 10 новинари биле убиени за време на протести помеѓу 2015 и средината на 2020 година, а регистрирани се 125 случаи на напади или апсења на новинари. Организацијата, чија улога вклучува следење на медиумските случувања, во извештајот вели дека ваквите состојби се резултат и на „поширокиот нагорен тренд во употребата на незаконска сила од страна на полицијата и безбедносните сили во последните пет години“.
Нарушена безбедност на медиумите – нарушено право на информирање на граѓаните
За тоа какви опасности носи известувањето од протестипротсети говорат протестите од 27 април, кои се претворија во насилни демонстрации, при што новинрарните штокои известуваа од Собранието, каде што упаднаа демонстрантитедемонстратнтите, директно им беше нарушена безбедноста, па дури и во прашање и беше доведен и животот. Случај кој стана синоним за неказнивоста на нападите кон новинарите, но и за опасностите штокои ги носи известувањето од насилни протести и демонстрации.
Секој терен е своја приказна, а безбедноста може да се промени во само неколку минути, вели репортерот Пауноски, а за да се зголеми безбедноста, вели, потребни се соодветни казни за извршителите.
„Потребно е постапување со приоритет по предметите за напади или закани кон новинари, а соодветни казни за извршителите. Зголемување на правата на новинарите, подобрување на постапките за однесување на полицијата кон новинарите и регистрирање на нападите“, смета Пауновски.
Ист став со него дели и снимателот Димитриовски.
„Институционално да бидат повеќе заштитени и секој напад да биде санкциониран соодветно без исклучоци“, додава Димитриовски.
Според новинарката Каревска, крајно време е нападот врз медиумскиот работник да се третира како напад врз службено лице.
„Решение? – За почеток итно да се донесат долговетуваните измени во Ккривичниот законик, со кои нападот врз новинар, снимател или фоторепортер ќе се третира како напад врз службено лице“, коментира Каревска.
Медиумските работници кои што се службено присутни на јавните протести се таму на работна задача во интерес на јавноста, а нарушувањето на нивната безбедност од вакви настани го ускратува и правото на граѓаните да бидат информирани.
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Безбедни новинари во кризни ситуации“ (Кeeping Journalists Safe in Situation of Crisis) финансиран од програмата на УНЕСКО – „Global Media Defence Fund”, а во реализација на Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Авторот е одговорен за изборот и презентирањето на фактите содржани во оваа видеосторија и за изразените мислења, кои не се нужно оние на УНЕСКО и не ја обврзуваат Организацијата.
Употребените назнаки и презентацијата на материјалот во оваа видеосторија не подразбираат изразување на какво било мислење од страна на УНЕСКО во врска со правниот статус на која било земја, територија, град или област или тамошните власти, или во врска со разграничувањето граници.