Информациска војна

Датум

Светот е прекриен со whataboutism и алтернативни факти

Да се контролираат информациите денес, се чини, е најважната работа во идеолошката и политичката борба. Да се вметне лажна или двосмислена информација е уште поважно. Се чини дека денес е најважно да се збуни, да се внесе сомнеж и да се насочи вниманието на други работи. Информациските експерти велат дека во последно време поворно е оживеана тактиката на „а што е со“ (whataboutism).
Имено, се работи за омилениот маневар на советските политичари за време на студената војна (осмислен во лабораториите на КГБ) – на секое непријатно прашање да одговараат со противпрашање кое нема врска со темата. Ако биле прашани за отсуството на човековите права во СССР, тие ќе прашале: „А што е со правата на црнците во САД“ или ако би дошла на ред нивната репресивна политика кон некоја источноевропска држава, само би одговориле со противпрашање: „А што е со земјата на индијанците во Северна Америка“.
Војна со алтернативни факти
Русија и Западот повторно се гледаат преку нишан како што тоа го правеа од средината на минатиот век. Трупаат војска, развиваат нови оружја, едни на други надлетуваат воени бродови, ги зголемуваат буџетите за одбрана. Но овој пат и едните и другите потенцираат нешто друго – нови ИТ технологии, информатика, информирање и пропаганда. Уште повеќе, и генералите, како што е поранешниот началник на Главниот стожер на Руската војска Јуриј Балујевски, денес сметаат дека е поважна победа во информациската војна отколку во класичен воен судир! „Тука не паѓа крв, нема вистински жртви, но ефикасноста е поголема од кое било смртоносно оружје. Имено, ако добро се работи и се искористи потенцијалот, со информациската војна можеме да ги парализираме сите органи на власта во државите-противници“, вели Балујевски. Руските генерали сметаат дека денешната технологија, толкавиот број на информациски средства, портали, ТВ станици и социјални мрежи можат и тоа како ефикасно да се искористат во ширењето на лажни или полувистинити вести, алтернативни информации и факти кои можат да збунат, да внесат апатија или потполно да ги збунат консументите и да ги дезориентираат корисниците. Отприлика како што знае да се каже – да ја имаше шефот на пропагандата на Хитлер, Џосеф Гебелс, на располагање денешната технологија и свој пропаганден апарат, Втората светска војна уште ќе траеше. Имено, социјалните мрежи си дале душа на многу брз и ефикасен начин да се шират „потребните“ вести. Знаеме од искуство дека социјалните мрежи се често најбрзо средство за ширење игноранција бидејќи директните „учесници“ или сведоци на некој настан, особено на незгоди или бомбашки напад, можат секако поврзо да реагираат од агенциите или ТВ куќите. Имено, првите извештаи, фотографии од местото на настанот сега се на социјалните мрежи пред да се појават на CNN, па токму затоа и постои цела низа на погрешни или вознемирувачки информации кои дополнително внесуваат збрка. Токму затоа некој со „лажен профил“ може да шири лажни информации кои се во нечија корист, а такви, според аналитичарите, ќе има сè повеќе. Наместо развојот на информатичката технологија да придонесе кон побрзо и успешно информирање на луѓето, дојдовме во ситуација да бидеме бомбардирани од секакви, најчесто тенденциозни информации во чија автентичност не можеме да бидеме сигурни.
Лажните вести попопуларни од вистинитите
Неодамна дури и претседателот Трамп, на собир на своите симпатизери, рече дека е премолчен терористички напад во Шведска, а истражувањата покажаа дека, наспроти демантите, па и отворениот потсмев со кој „информацијата“ е дочекана во Стокхолм, еден дел од луѓето веруваат дека тоа стварно се случило и се заташкало. Buzz Fed спроведе истражување за информациите на социјалните мрежи за американските претседателски избори; се покажа, пишува Al Jazeera, дека дваесетте најпопуларни лажни вести за изборите во САД се повеќе популарни од дваесетте најпопуларни вистинити вести.
Токму затоа руската и американската војска имаат сајбер команди, специјално обучени информатичари да внесуваат сомнеж, не само помеѓу непријателската војска туку првенствено помеѓу населението, за да не се знае правата вистина ниту пак на кој медиум или политичар може да му се верува.
Министерот за одбрана Сергеј Шојгу го откри основањето на „информациско-информатичка команда“ на руската војска која, велат подобрите познавачи, всушност веќе постои и брои околу илјада хакери и троши речиси милијарда долари од буџетот. Се вели дека Шојгу сега само го открил она што веќе е познато. САД пак имаат најмоќна сајбер војска која брои дури 9 илјади припадници, а за нивната работа годишно се издвојуваат, како што се зборува, дури седум милијарди долари. Кина исто така разви свои сајбер сили кои, според некои информации, бројат 20 илјади хакери, а од буџетот издвојува повеќе од 1.5 милијарди долати.
Сајбер одреди имаат и САД, Русија и Кина
Во Русија, се зборува, постојат две сајбер групи финансирани од руското министерство за одбрана – Fancy Bear (ATP 28) и Cozy Bear (ATP 39) делуваат од od 2004 година под закрила на руските тајни служби, познати по тоа што имаат извршено повеќе сајбер напади врз институциите на странските држави и руските опозициски партии и политичари.
“Денес информациската конфронтација е во прв план. Трае борбата за умовите и свеста на луѓето“, вели Балујевски.
Имено, покрај тоа, постојат цели тимови на обучени лица чија единствена задача е да се јавуваат на разни форуми или да пишуваат коментари под текстовите со цел да ја насочат дискусијата во саканиот правец, да ја префрлат во друга насока, да ги разгорат страстите или пак да уфрлат информација која е „потребна“. Особено се користи говор на омраза, непроверени информации, се оцрнуваат одредени неподобни познати и јавни личности и се оспорува или напаѓа материјалот кој наводно се коментира. Токму затоа сме сведоци дека коментарите воопшто не содржат анализа на текстот или дискусија која се однесува на темата на текстот (што била првичната намера на оние кои ја осмислиле можноста за коментирање), туку се „дискутира“ или се расправа на простачки начин. Целта е да се скршне од темата, да се наметне сопствена парадигма, да се внесе збунетост и она што може да се сведе на „ма сите се тие (политичати, Руси, Американци, Хрвати, Срби, конзервативци, либерали…) исти“ или „никому не можеш да веруваш“.
Владимир Шаманов, претседател на рускиот парламентарен Одбор за национална стратегија и одбрана, вели дека „информациските воени сили“ се важен, ако не и најважен сегмент на националната одбрана исто како и нуклеарниот и секој вид воен потенцијал. „Информациската војна е составен дел од војувањето и општата конфронтација на која сме денес сведоци“, вели Шаманов.
Тој, на пример, смета дека САД и НАТО веќе долго време го „загадуваат“ рускиот информациски простор и дека е потребно да се равие борба на два фронта. „Потребни ни се специјалисти кои благовремено ќе ги блокираат надворешните диверзии во електронските, телевизиските и другите медиумски платформи. Но, другото ниво е да се води пропагандна војна на територијата на непријателот и неговиот простор да се загади со потребните (дез)информации.“
Враќање на рачното броење гласови
Ширењето на алтернативни информации и дезинформации стана најважен аспект во пропагандната војна. Откако на власт во САД дојде Доналд Трамп, медиумите во целиот свет, а и некои известувачки заедници, зборуваат за тоа како Русија била вмешана во изборите, па дури и дека му помогнала на Трамп со цајбер упад да ги добие изборите. Колкава паника завладеа по, наводниот, руски упад во изборниот систем зборува и податокот дека Холандија на претстојните парламентарни избори повторно ќе прибегне кон „рачното броење на гласови“ за некој хакер од Москва да не ги „надува“ гласовите на некоја за нив поповолна партија или политичка опција.
Кога ќе погледнеме каде отишла сајбер технологијата и како таа се користи за „воени“ и пропагандни цели, се поставува прашањето колку сме ние во Хрватска изложени на тоа и дали сме во состојба да одговориме на барањата кои ни ги наметнува сегашноста. Но, можеме само да пребараме по некои наши вести кои послужиле во одреден политички момент. Да се сетиме како Томислав Карамарко зборуваше за изборниот инженеринг, но сè остана на неговата изјава и никој никогаш не одговори ниту објасни што се случило. Нашата Претседателка во последно време, а тоа ги приметија и многу овдешни аналитичари, со задоволство ја користи тактиката „а што е со…“. Конечно, да се сетиме на паниката која ја предизвикаа свинскиот или птичјиот грип, кои се разбира не се искоренети. Луѓето и понатаму од тоа умираат, но медиумите на тоа не посветуваат ни десетина од вниманието како порано.
Автор: Владо Варушиќ

Останати
објави

Сподели на...