Фокусот на панелот на „ЖурноФест 2022“ насловен како „Повеќе од игра: зошто спортското новинарство е важно“ беше насочен на вредноста на спортското известување во денешницата, пишува Тум Балогун, спортски новинар од Манчестер.
Наидовме на едно искрено и застрашувачко прашање, а четворица панелисти на „ЖурноФест 2022“ понудија различни, отрезнувачки, одговори.
Сепак, за среќа, и покрај тоа што во позадина на спортскиот пејзаж има голем број на случаи на измами и манипулации, пораката не беше официјална. Имаше и куп „златни грутки“ за присутните спортски новинари.
Главниот спортски дописник на „Тајмс“, Мет Лоутон истакна дека спортот денес е ранлив на корупција и злоупотреби.
„Да не беше спортското новинарство, многу од тие работи ќе беа непроверени“, рече тој.
Со неговата изјава се согласи ТВ новинарката Кејти Шенахан.
„Опкружени сме со толку многу информации, но најважен од сè е квалитетот“, рече таа.
За Леон Ман, основач на BCOMS, колектив кој има за цел да ја подобри разноликоста во спортските медиуми, спортското известување е кука што обезбедува совршена платформа за премостување на јазот до публиката.
Важноста на медиумот е непобитна, бидејќи панелистите на „ЖурноФест 2022“ зборуваа само неколку часа по веста за младиот фудбалер од англискиот Чемпионшип, Џејк Даниелс, како прв активен геј играч во Велика Британија по повеќе од 30 години.
„Без разлика дали станува збор за повреда на колено или за вестите за Џејк, денес сите тие работи се вовед во теми, во идеи и во дискусии во домаќинствата кои, сепак, не се неопходни за нивните членови“, вели Ман.
„Наша работа е да ги раскажеме нивните приказни“, се надоврза на тоа Шенахан.
Дармеш Шет тврди дека денешната ненаситна побарувачка за информации има голема улога во важноста на спортското новинарство. Никогаш, вели тој, немало толкава желба за содржина – од вонредни вести за трансфери до тешки истражувачки стории.
„Без разлика дали се добри или лоши вести, мислам дека сега има огромен апетит за спортско новинарство“, нагласи Шет.
Тој ја истакна и потребата младите новинари да имаат обемен тефтер со контакти. Да, тефтер со контакти.
„Никогаш не знаете кога, можеби, ќе ви затребаат“, додаде тој.
Па зошто спортското новинарство е важно? – Затоа што и спортското новинарство е новинарство. Тоа е сè и насекаде, заедно.
И спортовите се еден вид на рефлексија на општества и сè додека има потреба да се известува за скандали во „Даунинг стрит“, за актуелни социјални прашања или за најновите таблоидни озборувања, секогаш ќе има потреба да се расветлат и таквите прашања и во спортовите што ги сакаме.
Извор: newsassociates.co.uk
Фото: Freepik
Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.
