Секоја година на 2 јули се одбележува Светскиот ден на спортските новинари за да им се оддаде почит, признание и охрабрување за нивната работа. Целта е да се мотивираат спортските новинари, да се стремат кон понапорна и поквалитетна работа и да бидат огледало за другите.
Без разлика дали тоа е брзо, точно и навремено известување за најновите спортски вести и случувања или покривање на важни спортски настани, 2 јули е денот за истакнување на извонредната и ценета работа што ја вршат спортските новинари, пишува Каришма Кајум за „Еast Mojo“.
Во центарот на вниманието на нивната чесна заложба е спортското новинарство, па оттука токму тие придонесуваат за зајакнување и просперитет на спортската култура ширум светот.
Историја на Светскиот ден на спортските новинари
Денот на спортските новинари, 2 јули, е избран во 1994 година за да ја одбележи годишнината на Меѓународната асоцијација за спортски печат (AIPS) со седиште во Швајцарија.
Почетоците на спортското новинарство датираат од раните години на 19-от век, како важен дел на елитната класа и со текот на време транзитира и стана популарно како бизнис со вести и посветени спортски колумни.
Значењето на овој ден
Светскиот ден на спортските новинари го слави и основањето на Меѓународната асоцијација за спортски печат (AIPS). На 2 јули се одбележуваат и услугите и заслугите на спортските новинари за промоција на спортот.
Денот има за цел да им оддаде признание и да ги поттикне спортските новинари да работат подобра, понапорно, попосветено и поквалитетно. Истакнувајќи ги нивните достигнувања, 2 јули, како ден, се фокусира на професионалците да го популаризираат спортот како медиум за светскиот мир.
Честитки за Светскиот ден на спортското новинарство
– Успехот на нашите сакани спортисти е подигнат со нашата поддршка и љубов, која можеме да ја споделиме само преку нашите сакани новинари. Среќен Светски ден на спортските новинари.
– Инспирирајте ги спортските новинари, давајќи им поддршка да продолжат со нивната беспрекорна работа. Ви посакувам најдобри желби по повод Светскиот ден на спортските новинари.
– Животот за многумина од нас е толку досаден без спорт и затоа мораме да се заблагодариме на спортските новинари ширум светот за добрата работа што ја вршат. Среќен Светски ден на спортските новинари.
– Спортот носи среќа на многу луѓе, а спортските новинари им носат спорт на тие луѓе. Ви посакувам среќен Светскиот ден на спортските новинари.
– Новинар е некој кој го гледа светот и начинот на кој тој функционира и го претставува пред светот, за нас. Посипете ги со љубов на овој Светски ден на спортските новинари.
– Застанете на овој Светски ден на спортските новинари и охрабрете ги спортските новинари да се стремат кон извонредност во својата работа и да дадат пример на светот.
Фото: Pixabay
Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.