Емотикони, мемиња и гифови – веројатно ги користите секојдневно при допишувањето, но дали знаете како да ги користите при вашето известување за да ја зголемите читаноста?, прашува Ени Џенеман во нејзиниот текст за Меѓународната мрежа на новинари.
Овие понови форми на визуелно новинарство може да ви помогнат да ја распространите вистината и да достигнете поширока публика во медиумскиот еко систем, во овој период на лажни информации кои многу лесно се распространуваат.
„Многу е лесно да ги отфрлите (визуелните) јазици ако не знаете многу за нив, затоа што однадвор тие може да изгледаат едно димензионални. Всушност, постои копмплексност, богатство и креативност“, вели Пол Бредшо, онлајн новинар и блогер кој го раководи со мастер програмата за дата новинарство на Универзитетот во Бирмингем.
На предавање на Светскиот самит за зајакнување на вистината организиран од Меѓународниот центар за новинари, Бредшо дискутираше за новите начини кои новинарите може да ги користат визуелните изрази во нивното известување и понуди совети и техники за нивно користење за да се привлечат читатели. Еве неколку клучни поенти.
- Емотикони
Многу луѓе денес користат емотикони за брза комуникација, или кога зборовите не се доволно ефективни. Тие може да се користат буквално или за да предизвикаат емоции, како рејтинзи – како што е “💯” како повик за акција како што се стрелките емотикони кои покажуваат кон линк.
На пример, Хафпост користи емотикони на социјалните медиуми и во нотификациите за да укажат на темата на сторијата или емоцијата зад неа, дали таа е среќна или тажна. Оваа тактика им овозможува на читателите однапред да знаат за што ќе биде сторијата, и така полесно може да ги привлече да ја прочитаат. Приказна за кученце на пример, може да добие повеќе читатели доколу се промовира со емотикон од кученце.

Бредшо го потенцираше партнерскиот репортерски проект, Вирални факти Африка, кој користеше емотикони и други нови висуелни новинарски техники во борбата за противставување на мисинфирмации и дезинформациите за Ковид-19 на социјалните медиуми.
За да се подобри пристапноста, размислете за користење на еден или два емотикони во исто време. Ова е важно затоа што читањето од екран, кое дозволува слепи или лица со оштетен вид да читаат онлајн, ги идентификуваат емотиконите, ги отчитува описите за двата емотикона. Како резултат на тоа, важно е да не се оптовари со премногу емотикони во исто време. Осигурајте се исто така, описите на емотиконите да се поклопуваат со предвидените пораки.
- Гифови
Гифовите, кои се кратки, анимирани клипови се уште една вирална техника за раскажување кој може да ја зголеми читаноста и да помогне во борбата против дезинформациите. Интерна студија спроведена од Твитер откри дека твитoвите со гифови добиле поголема ангажираност за 55 проценти повеќе од твитовите кои немале гифови.
Слично како и движечките слики во весникот од универзумот на Хари Потер, Бредшо потенцираше, гифовите може да се користат на социјалните медиуми, во вестите и многу повеќе. За една интерактивна прстолизгачка сторија за кинеските воени вежби близу Тајванм локалниот медиум Бирмингем Истсајд во Обединетото Кралство, претвори серија на кадри од екранот од мапа во гиф за да постратешки допре до корисниците на Твитер.
Флориш (Flourish) е една алатка за бесплатна визуелизација и раскажување кој им е достапен на новинарите. Оваа алатка има вградени темплејти за создавање гифови, како дијаграми кои ги менуваат вредностите со менување на времето. Флориш исто така има опција за „креирање на сторија“ или слајдшоу за графикони. Тие може да бидат снимени од екранот и да бидат претворени во гифови.
- Мемиња
Мемињата, термин смислен во 1970-те, оригинално се однесувал на идеите кои станувале многу проширени или популарни. Денес, генерално се однесува на делчиња од содржини, најчесто визуелни, кои брзо се споделуваат и шират во онлајн просторот.
Мемињата во принцип вклучуваат наративни структури и имаат сопствена граматика и правила:
„Кога ќе го разберете тоа, можете да почнете да ги користите за да раскажувате стории на начин, кој повторно, е ударен, краток и многу поразличен“, објаснува Бредшо.
Злонамерни актери често користат мемиња за да шират дезинформации. Проверувачите на факти може да се борат со овие лажни наративи користејќи ја истата тактика, вели Бредшо. Шпанската организација за проверка на факти, Малдито Було, користеше мемиња во нивното покривање на Каталонските регионални избори во 2017 година во форма на проверка на факти кои тие ги постираа директно на социјалните медиуми.
Постојат низа на каталози со мемиња и создавачи на мемиња во онлајн просторот. На пример, корисниците може да прават мемиња или да ги листаат постоечките на „Cheezburger meme generator” за да видат кое е популарно или кое се користи често.
- Текст како слики
Претворањето на текст во слики е уште една тактика која новинарите може да ја користат за подобро да ги заинтересираат читателите. Со тоа се доаѓа до конвертирање на елементи од сторијата во споделувачки содржини кои привлекуваат поширока публика. На крајот на краиштата, читателите побрзо ги обработуваат сликите отколку текстот, објаснува Бредшо.
Претворањето на клучни цитати и бројки во графици кои се соодветни за социјалните медиуми може да привлече читатели кои можеби вообичаено не посетуваат веб-страници кои објавуваат вести.
„Многу од овие визуелни техники за раскажување стории, можеби постојат само на социјалните медиуми“, вели Бредшо, додавајќи дека Канва е особено корисна алатка која ја користат многу новинари.
Размислувајте да користите и илустрации. Серијата на Пи-Би-Ес, „Празно на празно“ создаде видео содржина со додавање на илустрации на аудио интервјуата.
„Тоа е илустрација на принципот, дека ако имате кратко аудио, можете да го претворите во серија од слики“, вели Бредшо.