Според интернет страницата fact-check.ni, ширењето на дезинформации е природно и нераскинливо со човекот. Во нивниот извештај се објаснуваат причините за настанување и континуитет на појавата на дезинформации, а како една од виталните се наведува дека самото повторување на тврдењето ве насочува да помислите дека е вистина.
Студија на истражувачкиот центар Пју од 2017 година покажа дека континуираниот раст на интернетот и забрзаните иновации имаат потенцијал да направат поопасен проблем одошто беше случај во минатото, бидејќи помага во ширење на манипулативни наративи. Оттука, концептот за проверка на факти се наметна како неопходен и дојде како последица на потребата да се бориме со нарушувањата од информации опфатени со дезинформации (лажни вести). Ова веројатно објаснува и зошто „Њујоркер“ во текст од 2020 година ги опиша проверувачите на факти како скриени херои на новинарството.
Главните медиуми ја презедоа одговорноста да назначат новинари и проверувачи на факти за тврдењата и директните лаги на политичарите и на експертите. Но, во борбата против дезинформации, проверувачите на факти и новинарите сè повеќе стануваат цел на хакери и на развивачи на малициозен софтвер.
Студија на училиштето Кларк при Универзитетот во Мериленд укажува во интернет просторот се присутни хакери кои на секои 30 секунди се обидуваат да нападнат ранливи компјутери. Паралелно со тоа, се лансира и помалициозен софтвер од кога било досега, па проценките се дека бизнис секторот ќе потроши над еден трилион долари за сајбер-безбедност во периодот меѓу 2017 и 2021 година.
Медиумскиот извештај покажа дека руски хакери во 2017 година се обиделе да пристапат до сандачиња за е-пошта на најмалку 200 новинари низ целиот свет. Наталија Геворкјан, руска колумнистка која имала увид во податоците, вели дека хакерите тргнале по новинари што им пречеле.
Геворкјан, кој е авторка и на книга за руската разузнавачка служба, рече дека кампањата за хакерство изгледа е насочена кон собирање на приватни електронски пораки „што тие можат да ги користат подоцна како поддршка“.
Сајтот за проверка на политички факти – „Верит“ беше хакиран речиси во истиот момент по поканата на Хилари Клинтон до следбениците да се регистрираат на страницата. Во рок од еден час по нејзиниот твит, се случи дистрибуиран напад за одбивање на услуга (DDoS) што го спречи вчитувањето на страницата.
Cekfakta.com, друга веб-страница за проверка на факти во Индонезија, беше хакирана во 2019 година, два дена по одржаната сесија за проверка на факти од висок профил во седиштето на Гугл во земјата, паралелно со текот на претседателската дебата.
Алатки
Откако утврдивте дека новинарите и проверувачите на факти, најверојатно, се цели, како може да избегнете манипулација со хакери? Подолу ви носиме компилација на алатки што можат да ги користат новинарите за заштита на нивната е-пошта од хакери и можни решенија за оние кои веќе се опфатени со пробивање на е-поштата. Тоа им овозможува на корисниците да утврдат дали нивниот и-мејл е оштетен, меѓутоа идентификува и дали и-мејлот е пронајден во базата на нарушување на податоци – инцидент кога податоците се ненамерно изложени во јавноста. Веб-страницата ги известува корисниците доколку каква било информација за нив е „залепена“ на веб-страница со јавен увид што е дизајнирана да споделува содржина.
Оние веб-страници што се соочуваат со јавноста, како што е „пастебин“, се вели дека ги користат хакери поради леснотијата за анонимно споделување на туѓи информации.
Друга корисна алатка е mypwd.io, веб-страница која дава информации за тоа која лозинка е пробиена и има околу девет милијарди податоци. Веб-страницата, исто така, вклучува предупредувања за и-мејл за претплатници секогаш кога ќе се открие ново „протекување“ што е поврзано со регистрираната и-мејл адреса. Известувањата носат важни упатства, протечената лозинка мора да се смени за да се избегне финансиска загуба, па дури и кражба на идентитет.
DeHashed е уште една релевантна алатка за употреба. Веб-страницата се опиша како пребарувач на бази на податоци, создаден за безбедносни аналитичари, новинари, компании за безбедност и физички лица за да им помогне да ги обезбедат своите сметки и да обезбеди увид во прекршувањата на базите на податоци и пробивање на сметки. Се вели дека помага да се спречи компромис на сметката, бидејќи корисниците можат да ја следат хакерската активност во реално време и да спречат напади за преземање на сметки користејќи ги компромитираните ингеренции.
Веб-страницата им овозможува на корисниците да бараат IP адреси, и-мејл, кориснички имиња, имиња, телефонски броеви, VIN броеви, адреси; исто така, им овозможува на корисниците да ги сменат лозинките за пребарување и многу повеќе. За пристап до неа, корисникот најпрво треба да се претплати.
BreachAlarm е уште една веб-страница што им овозможува на корисниците да проверуваат дали биле мета за прекршување на приватноста. Услугата овозможува анонимна проверка дали лозинката е објавена на интернет и известувања по е -пошта за идните пробивања на лозинки.
Услугите „чешлаат“ длабоко на Интернет за да најдат украдени списоци со лозинки што биле пробиени („протечени“ или компромитирани), а потоа продолжува да ги забележува и-мејл адресите на корисниците на кои им припаѓаат лозинките. Корисниците можат лесно да проверат дали нивниот и-мејл и лозинка се вклучени во некое од посочените прекршувања.
Сајтот, исто така, овозможува проверка и на повеќе други страници за проверка на пробивање, само за да бидете сигурни. Друга добра алтернатива на гореспоменатите веб-страници за проверка на пробивање на и-мејл адреси. „Дали сум продаден“, на пример, е бесплатна услуга што им овозможува на корисниците да минат низ база на податоци за купени и-мејлови и да видат дали некој ги продал нивните информации за контакт.
Решенија
Што правите ако вашите лични податоци се вклучени во нарушување на податоци? – Утврдено е дека сајбер-криминалецот може да тргне по неколку патишта за да добие пристап до лични информации, да ги продаде податоците или со измама да ги користи таквите податоци.
Криминалците знаат дека многу луѓе ги повторуваат лозинките на различни места. Од таа причина, тие можат да се обидат да се пробијат на различни веб-страници и системи и да украдат лични информации.
На проверувачите на факти им се советува да ги сменат лозинките во единствени, лозинки што тешко може да се погодат и како такви, најверојатно, се тешки за пробивање за хакерите.
Списокот на лозинки што треба да се избегнуваат, според извештајот на „Форбс“, вклучува лични информации, пократки лозинки, вообичаени зборови или едноставни комбинации на броеви. Извештајот, исто така, не советува за редовно ажурирање на лозинките.
Една друга студија, пак, покажа дека огромното мнозинство на сајбер-напади доаѓаат од релативно несофистицирани хакери кои користат „скрипти за речник“, тип на софтвер што работи врз база на списоци со вообичаени кориснички имиња и лозинки со кои се обидуваат да „влезат“ во компјутер.
Истражувачите откриле дека најчест трик за погодување на лозинка е повторно да се внесе или да се проба со варијации на корисничкото име. Проверувачите на факти треба да обезбедат употреба на двофакторна верификација, бидејќи тоа ќе спречи хакер да се логира на нивната сметка, дури и ако е позната лозинката.
Корисниците, исто така, можат да искористат решенија и алатки за таква вградена употреба на некои од споменатите веб-страници и услуги. Haveibeenpwned, 1Password.com е менаџер за лозинки за алатки што се користи за чување и користење на силни пасворди. Слично на тоа, проверувачите на факти, за BreachAlarm, можат да дојдат до и-мејл за заштита на услугата, која веднаш ги известува ако нивните и-мејл адреси се појават во случај на пробивање на лозинката.
Со горенаведените алатки, можете безбедно да работите како новинар и проверувач на факти без да бидете манипулирани од хакери.