Како работата од далечина влијае врз редакциите

Датум

Грижите за безбедноста среде пандемијата со коронавирусот брзо создаваат нова нормалност за медиумските работници, пишува Макс Виленс за digiday.com.

Радиото Би-ен-вај-си, водителите добиваја лични преслеки за микрофоните за да ги носат со себе на сесиите за снимање за да се намали заканата од зараза. Комерцијалниот тим во Рифајнери 29, работат од дома како и сите други, но секој ден испраќаат различен член на тимот во канцеларија за да ги подигне пакетите со примероци и други производи кои им биле испратени за разгледување, додека сите други седат дома. Вработените со семејства се приморани да ги претворат своите домови во станици за повеќе видови на работа, како на пример раководител во „Атлантик“ кој ја „прекомандуваше“ детската соба во спална за да може неговата сопруга да ја претвори спалната во место за работа.

А репортерите, и постојано вработените и слободните новинари се мачат да ги испочитуваат роковите додека нивните извори, кои исто така се мачат со своите лични и професионални проблеми стануваат се потешко достапни.

„Разбирам дека ним им е полесно да зборуваат со луѓе (не со мене) за итни ситуации. Но, јас сеуште имам рок“, вели еден репортер.

Распространетоста на комуникациски алатки како Слек или Зум, или пак, алатките за продуктивност како Гугл сјут им ја олеснуваат работата од далечина на новинарите. Но, некои логистички прашања може да значат дека медиумските компании со различни видови на приходи мораа или ќе мораат да се прилагодат во текот на периодот на изолација.

Публикацијата за вести за праводот и правдата, „Ло360“ реши да ги прекине подкастите поради тоа што сите вработени во своите домови, и наместо тоа реши да ги реобјави сториите за легализација на марихуаната и правните последици кои оригинално беа објавени минатата година. Продуцентот на програмта „скокајќи“ од бирото до масата во кујната во неговиот стан е зафатен со планирање на програмите кои се надева дека ќе ги снима за неколку недели.

На почетокот на пандемијата, издавачи од „Инсајдер“ до „Вокс Медија“ до „Њујорк тајмс“ воведоа привремена, но обврзувачка работа од дома. Други медиуми, како „Вајс медија“, „Вашингтон пост“, „Мекклатчи, „Мередит“ и Си-ен-ен“ им препорачаа на вработените да работат од дома.

Повеќето од политиките бараа вработените да останат надвор од канцелариите во рок од неколку недели. „Њујорк тајмс“ на пример ги држеше канцелариите затворени 10дена, но тоа повторно беше воведено откако инфекцијата почна да се шири и помеѓу вработените во медиумите.

Раководителите не ги донесоа ваквите одлуки лесно. Менаџерскиот тим во „Инсајдер“ со недели дискутираше за ваквата одлука пред да донесе формална одлука, рече портпаролот, а компанијата пред да ја донесе одлуката презема некои чекори во редакцијата за да ги подготви вработените. За време на последната средба во живо во „Бизнис инсајдер“ пред да биде објавена програмата за работа од дома, главниот и одговорен уредник Алисон Шонтел направи презентација за репортерите за како ќе ја извршуваат работата од дома.

Некои публикации влечеа поуки од минатите искуства. „Вокс медија“, која го градеше својот развој и својата работна сила на далечина уште пред една деценија, користи прирачник за работа од далечина изработен за внатрешна употреба во тој процес и служи за обука и на новинарите и на раководителите. Овој медиум одржува онлајн сесии за обука и за вработените и за раководителите, а објави и нови прирачници.

Некои медиуми, пак, кои веќе ја диверзифицираа понудата на содржини мораа да направат дополнителни чекори и да го променат на начинот на работа. „Вокс медија“ им подели дополнителни микрофони и аудио опрема на вработените кои работа на програма за подкаст мрежата за да можат да снимаат подкасти од дома. Продуцентите беа охрабрени да ги снимаат интервјуата со своите гости на отворено, а што помалку во сутдијата на „Вокс медија“.

На крајот, сепак, репортерите мораат да ги напуштат своите домови за да покриваат настани и пишуваат вести, а во „дивината“, старите навики тешко се прекинуваат. На пример, на едно важно судење во центарот на Менхетен, групата на камермани, радио и новинари од весници беше згужвана исто како и пред пандемијата. „Секако имаше многу шеги за социјалната дистанца, но освен тоа, се друго беше исто“, рече еден репортер кој бил на лице место.

Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.

Останати
објави

Сподели на...