Како студентите можат да бидат од корист за локални вести?

Датум

Во август во 2020 година учествував на вебинар во организација на НПР, KPCC и Факултетот за новинарство на Универзитетот во Јужна Калифорнија наречен „Иднината на локалните вести“. Неговата цел беше да иницира поврзување на новинарите со нивните заедници за да разговараат за кризата и локалните вести, особено за областите чија застапеност и внимание се недоволни и што може да се направи за да се поправи.

Панелистите разговараа за неколку мерки кои би можеле да ги ублажат проблемите со кои се соочува локалното новинарство. Потоа, тие се фокусира на делот за прашања и одговори во кој јас, како некој што имал искуство со печатени и со дигитални медиуми во средното училиште, прашав како студентите по новинарство можат да им помогнат во потрагата, правењето и објавувањето на локалните вести.

На  моето прашање одговори Кристина Белантони, директорка на Медиумскиот центар во УСЦ Аненберг, која ми даде неверојатно вредни совети што ми останаа во глава, сега кога студирам новинарство да ги споделам со другите студенти, објаснувајќи им како тоа ми помогна во моето патување и како тие совети може да бидат корисни и во нивните патувања.

Посетете ја вашата заедница

Како новинар, кој работи на социјални теми, го правам тоа со години, со интервјуирање на луѓе на локални настани и потоа ги „закачувам“ видеата на Јутјуб. Неодамна, решив да се приклучам на Фејсбук страницата на мојата заедница, што ми овозможи дополнително да се поврзам со другите и да ги споделам приказните што ги покривав. Со активно известување за тие настани и нивно споделување преку социјалните медиуми, можам да тргнам да ја постигнам мојата цел да раскажувам приказни кои заслужуваат да бидат слушнати.

Користете ги социјалните медиуми за ваш бенефит и привлекувајте следбеници

Откако Белантони го спомена тоа, бев свесен дека ќе мора да го обновам присуството на социјалните мрежи. По извесен период на пауза, конечно, решив да се вратам на Твитер во декември во 2020 година. Наместо да го користам како лична платформа, тоа стана начин да го изградам мојот бренд како новинар, нешто што треба да го прават сите млади новинари. Почнав да ги промовирам моите написи и епизоди на подкаст, поврзувајќи се со луѓе кои се оддалечени илјадници милји. Зголемувањето на моето присуство на социјалните мрежи, и внимавајќи на она што го објавувам или „ми се допаѓа“, е уште еден пример за тоа како се поврзав со мојата публика и развив начин за привлекување на следбеници што се надевам дека ќе бидат присутни со години.

Влезете во весник и побарајте искуство

Не можев да го сторам ова од различни причини, но дефинитивно ги сфатив придобивките од обраќањето до весниците за можностите што ги имам на располагање. Сите велат дека најдобар начин да се научи нешто е тоа да се прави додека се учи, па затоа посетата на локалниот весник и демонстрација на желба дека сакате да помогнете е најдобриот начин да го направите тоа.

Друг начин на кој можете да го направите тоа е да барате практиканти. Стажирањето во весник или во која било публикација, платено или неплатено, е неверојатно наградувачко и нешто што посакувам да го правам. За среќа, колеџите очекуваат да стажирате во континуитет во сите четири години од студиите, така што ќе има многу прилики да допрете до професионалци и да учите од нив.

Покажете го вашиот интерес и страсти

Максимално успеав да го следам овој совет. Покрај моето спортско известување и емитување во средно училиште, често пишувам и во Медиум и, покрај мојот сопствен блог, сум ангажиран и за три спортски публикации. Ова ми овозможи да ги зголемам моите следбеници и да работам во амбиент како во весник, со уредници кои ја лекторираат и објавуваат мојата работа. Дополнително, имав можност да конкурирам и добијам признанија како „Топ писател“ за теми во спортот и во НБА, како и да ја развивам врската со моите читатели, со уредниците и со колегите. Од клучно значење е да ја покажете вашата страст на кој било вид на новинарство – печатено, аудио или визуелно. Развивањето на такво портфолио на рана возраст ќе направи чуда во иднина.

Мој совет до колегите новинари

Иако новинарството сè уште се соочува со криза, советите дадени од професионалци како Белантони се вреден ресурс за нас новинарите од наредната генерација. Би сакал да понудам уште неколку начини на кои можеме да им помогнеме на локалните вести:

– Прочитајте за историјата и етиката на новинарството. Откако бев решен дека сакам да станам новинар на седумгодишна возраст, добив различни материјали поврзани со историјата, статии за индустријата, итн. Ангажирањето со сите овие ресурси ми даде подобро разбирање на полето во кое се стремам да бидам, а исто така ме научи и за вредностите и за стандардите што треба да се почитуваат кога станува збор за ефективно известување.

– Поврзете се со професионалци на кој било начин. Без разлика дали тоа е преку социјалните медиуми или лично на настани во живо, открив дека допирањето до новинарите е една од најдобрите стратегии што ги преземав во ова патување. Репортерите што ги запознав не беа ништо друго освен љубезни кон мене и знам дека, доколку е потребно, можам да им се обратам во секое време за можности или други совети. Ако можете да се поврзете со новинар за да ви биде ментор, тоа е уште подобро.

Извор: yr.media

Фото: Unplash

Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.

Останати
објави

Сподели на...