Карлос Гутиерез е Раководител на одделот за млади и нови реалности во работата при Работничките Комисии во Шпанија. Тој учествуваше во преговорите помеѓу Шпанската влада и шпанските работодавачи при исцртувањето на неодамна одобрената легислатива за работа од далечина во Шпанија.
Интервју со него неодамна објави Европската федерација на новинари на нивниот сајт.
Пандемијата со Ковид-19 го промени начинот на работа на новинарите. Кои се можностите, а кои се опасностите од работата на далечина?
Работењето на далечина има многу можности за работниците. Сепак, ние веруваме дека комбинирањето на работата лице в лице и работата на далечина (од дома) е најдобриот начин за да се извлечат придобивките од работата на далечина, бидејќи така има придобивки за сите страни. За работникот, на пример, ова значи штедење на целото неплатено време кое го троши додека патува до работа, кое може да биде многу. Избегнуваме стрес, анксиозност, сообраќај итн. Понатаму, работата од дома може да промовира приватен и личен животен баланс ако е придружен од други мерки. Има придобивки и за компаниите. Разни студии покажуваат дека со овој мешан модел на работа од дома и работа лице в лице, постигнуваме поголема продуктивност. Од друга страна, бројот на несреќи на работа е намален.
Јас би дури и би рекол дека овој модел е добар и за општеството во целина бидејќи го намалува влијанието врз околината и може да придонесе да се реши проблемот со значително напуштените области во Шпанија, затоа што дозволува рабта надвор од големите градови.
Сепак, постојат и ризици. Постојаното работење од далечина може да направи да се чувствувате издвоени и да ја зголеми социјалната изолација, што, пак, е опасно за менталното здравје. Исто така има компании кои ги прифатија двата начини на работа затоа што работата на далечина може да ги забави иновативниите провеси кои се основани на соработка помеѓу работниците.
Друг ризик е тоа што работата од дома станува средство за замаглување на работниот однос. Во сектори каде што има многу фриленсери или лажни фриленсери, како што се медиумите, работата од дома може да го зголеми нивниот број. Неопходно е да се изнајдат систематски и сеопфатни механизми и алатки за сите сектори кои ќе помогнат во борбата против несигурноста на работното место како и ранливоста. Силите кои се инсистираат ко што повеќе лажни независни работници (фриленсери) се многу силни и мора против нив да се бориме заедно.
На крајот, на ниво на синдикати, постои предизвикот за организирање на дисперзираните работници. Сите овие ризици и закани беа дискутирани на преговарачката маса и беа вклучени во договорот.
Во многу случаи, преминот од физички редакции кон работа од дома се случи во средини каде што нема регулативи за овој начин на работа. Зошто е важно да бидат направени јасни правни рамки за работата од далечина и гаранции кои се однесуваат на овие права?
Ние веќе имавме искуство со колективно преговарање за работата од дома. Му даваме многу важна улога на колективното преговарање за да општите правила се претворат во спрецифични ситуации. Затоа веруваме дека беше соодветно да се тргнеме од импровизираните начини на работа од дома за време на пандемијата кон работа од далечина која ги гарантира правата на работниците.
Како синдикат, кои елементи сметате дека се суштински кога станува збор за правната рамка која се однесува на работата од дома?
Работиме на правна рамка која вклучува четири основни принципи. Прво, доброволноста: работата од дома мора да биде доброволна и за работниците и за компаниите.
Второ, реверзибилноста: работник кој одлучил да работи од дома за одредено време мора да може да се врати на работа во канцеларија.
Третиот принцип е недискриминацијата, што значи дека нема правење разлика помеѓу работниците кои доаѓаат во канцеларија и работниците кои работат од далечина. Работодавачот мора да обезбеди опрема и да ги покрие трошоците кои произлегуваат од работата од дома. Работата од далечина не смее да биде начин на кој компаниите ќе ги избегнуваат своите одговорности. Друг основен дел е правото да се исклучите, бидејќи работниците се соочуваат со маратонски работни часови. Правото на дигитално исклучување мора да биде гарантирано.
На крајот, гледаме како на добра пракса тоа што работата од дома е комплементарна со работата лице в лице, така да кажам двете се комбинираат. Постојано и долготрајно работење од дома вклучува ризици и закани, како што се чувството на издвоеност и изолација.
Какви проблеми во однос на онлајн безбедноста може да настанат при работата од дома? Како тие да бидат решени?
Протоколи за онлајн безбедност мора да бидат направени затоа што компанијата е одговорна за овој проблем. Протоколите треба да вклучуваат и учество на работниците. Има многу работа по ова прашање, иако веќе постојат протоколи за тоа како компанијата да користи хардвер и софтвер за да ја осигура онлајн безбедноста. Други проблеми настануваат во однос на боледувањето и несреќи при работа – секоја несреќа дома, така да кажеме во моменталниот работен простор е несреќа на работа.
Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.