Лажни вести, пропаганда и влијание

Датум

Водич за новинарство во нова, модерна и похаотична средина

Од Андерс Хофсет

Светските медиуми може да се соочени со посериозна криза од само брзиот пад на медиумската економија, криза која ја ги вклучува самите нејзини темели: Довербата. Не довербата во изолирана сторија или публикација, туку целата идеја на масовини медиуми со уреднички контролирани вести.

Лажните вести постојат отсекогаш.

Но сами по себе, лажните вести се мала закана и единствено бараат зголемена претпазливост. Лажните вести го напаѓаат општествениот систем за споделување информации. Тие ја ставаат под знак прашање кредибилноста на медиумите, и креираат впечаток дека медиумите нудат само една од неколкуте можни вистини, што го прави опционален изборот на факти на кои сакате да им верувате.

Ако можете да ги убедите луѓето дека вистинитите вести се лажни, станува могу полесно да ги убедите дека вашите лажни вести се вистина.

Кога публиката е обучена да се сомнева во сè што ќе види во вестите, тоа може да доведе до девалуација и дестабилизација на општествениот систем за информации, и може да се јави вакуум.

Тоа претставува закана не само по самите медиуми, туку и по целата општествена структура.

Норвешката радиодифузна корпорација управува со неколку од најмоќните комуникациски платформи во Норвешка, и нашата повелба нè обврзува да ја одржуваме и јакнеме демократијата.

И поради одговорноста која ја имаме кон јавноста, но и поради нашата долгогодишна доверба и легитимитет, од клучно значење е да знаеме што пренесуваме – и како.

НРК мода да го штити својот интегритет и довербата за да може да делува слободно и независно од поединци или групи кои од политички, идеолошки, економски или други причини сакаат да влијаат врз уредничката содржина.

Тоа подразбира:

  • Силна контрола на квалитет на секоја една вест
  • Зголемена свест за затскриените игри
  • Реевалуација на нашите услови за отворен пристап кон јавната сфера
  • Преиспитување на начините на кои можеме не само да избегнеме грешки, туку и активно да придонесеме кон подобрување на работите

Ќе образложиме накусо како дојдовме до таму, но главно ќе се насочиме на она што мислиме дека треба да се стори сега.

Што се лажни вести

„Лажните вести“ не се ништо ново. Таканареченото жолто новинарство постои повеќе од сто години. Во Обединетото Кралство го имаат Sunday Sport со наслови како „Лондонски автобус замрзнат во антарктичкиот мраз“ од 1980-ите.

Но во октомври 2016, изразот лажни вести стана дел од секојдневниот говор на светот во врска со претседателските избори во САД.

Неколку различни работи ја добиваат оваа етикета:

  • Политичка пропаганда?
  • Лажни вести
  • Трапава новинарска работа
  • Лажни вести
  • Работи кои не ви се допаѓаат
  • Лажни вести

Терминот е непрецизен, и делумно осиромашен од вредност. Сепак, тој е толку вкоренет што тука ќе го користиме како зеднички израз за различни работи.

Во теорија, лажните вести може да бидат поделени на два вида:

  • Оние чија цел е профит
  • Пропаганда со цел да се изврши влијание

Може да направиме и разлика помеѓу:

  • Луѓе кои ненамерно ги шират
  • Оние кои ги шират со намера

Но сето ова го напаѓа информацискиот систем на општеството, може да ја поткопа јавната доверба во медиумите и може и делумно исто да се третира. Затоа, ќе ги сметаме за исти.

Дефиниција: Лажните вести се вести измислени или извртени со намера

Една од најважните работи кои ги правиме е тоа што обврнуваме внимание на намерата, не на „вестите“.

Голема загриженост за „лажните вести“. „Лажна пропаганда“ можеби е подобар израз. Да не се занемари намерата/оркестрацијата, дури и кога чинителите не се државни.
– Деб Рој, Главен научник за медиуми, Twitter | Twitter

Лажните вести често се објавуваат на интернет страници кои се чинат кредибилни, и ги користат социјалните медиуми за дистрибуција. Ова видео илустрира некои од психолошките механизми зад начинот на нивното ширење: Ова видео ќе ве налути.

Кој е подлабокиот проблем?

Економијата-на-копче и постојаните рокови на дигиталните медиуми ни даваат дисеминација на реалност базирана на настан. Вестите произлегуваат од нешто што се случило, некој кој рекол нешто, некој кој објавил нешто во медиумите.

Тоа за возврат го прави секојдневното презентирање на нашиот свет и нашата агенда реактивно: тоа е дефинирано од тоа што се случило и за кое, како резултат, се известувало.

Доколку сакате да влијаете на погледот на општеството по одредено прашање или неговата агенда, сè што треба да направите е да го привлечете вниманието на медиумите и voilà: директен пристап до јавноста.

Начинот на кој се развиваат дигиталните медиуми, границата помеѓу она што е важно и она што е само спектакуларно (или забавно) станува сè понејасна.

Она што е највидливо не е нужно најважно.

Не е возможно да се дискутира оваа тема без да се спомене новоизбраниот претседател на САД.

Можеби никогаш нема да знаеме дали Доналд Трамп следи некое итро сценарио или е едноставно таков. Во овој контекст тоа не е многу важно. Она што е важно е реалниот исход од она што се случува и различните механизми кои се применуваат.

Најважниот трик на магионичарот е драматично да мафта со едната рака додека другата, дискретно и незабележано, ја прави магијата, нè потсетува поранешниот уредник на Politiken, Бо Лидегард. „Никој не ја владее оваа уметност подобро од Доналд Трамп. И малкумина се справуваат со неа полошо од медиумите, кои свесно се влечени за нос околу циркускиот ринг од неговите ефтини трикови“, напиша тој во Præssen lar seg rive rundt i manegen av Donald Trump.

Начинот на кој Доналд Трамп ги експлоатира медиумите за своја корист, и неговите постојани напади врз овој централен контролен механизам во општеството се сериозни од неколку причини. Триковите кои ги користи може да се препознаат и кај други, дури и тука во Норвешка.

Внимание

Проценето е дека никој не ги доминирал медиумите толку целосно како што тоа денес го прави Доналд Трамп. Неговата стратегија го донесе на позицијата од која тој сега командува и која му нуди голема моќ и влијание.

Димна завеса

Доналд Трамп шокира на толку многу начини, што медиумите мора да покажат многу цврст карактер за да не потклекнат. Симбиозата помеѓу Доналд Трамп и медумите на копче создава димна завеса кој му овозможува да го насочува јавното мислење.

Ако ве натераат да ги поставувате погрешните прашања, нема да треба да се грижите што ќе одговорите.
– Томас Пинчон

И токму затоа медумите често ќе завршат со пишување на уште една статија за тоа дали Трамп ја има највисоката изборна маржа по Реган или не, додека истовремено забораваат да споменат дека тој избегнува да зборува за контактот на неговата кампања со Русија.

Бројот на диверзии ја ослабува способноста на медиумите да известуваат за политиката и агендата. Премногу често известувањето е водено од она што е кажано, наместо од следење на што всушност се случува, во комбинација со она што е важно бидејќи ќе засега многумина, или ќе подразбира големи промени.

Релативност

Тактиката на таканаречениот „Вооружен релативизам“ (Weaponised Relativism’) беше развиена од руската разузнавачка агенција КГБ во 1970-ите: Доколку понудите алтернативи на вистината, вистината ќе се помати. За некои делови од публиката конечно може да стане и доволно кога претседателот негира нешто да каже дека тоа се ЛАЖНИ ВЕСТИ!

Несигурност

Нашата медиумска средина е сè похаотична, и исполнета со алтернативни верзии, што прави нејасно што е вистина а што не.

Хана Арент еднаш рече: „Кога некој постојано те лаже, последицата не е дека ти веруваш на лагите, туку дека никој повеќе не верува во ништо. […] А луѓето кои повеќе не веруваат не можат да формираат мислење. Тие се лишени не само од способноста да делуваат, туку и од способноста да мислат и пресудуваат. И со таквите луѓе можеш да правиш што сакаш.“

Техниката за манипулација ја користат нарцисоидни личности кои прават жртвата да се сомнева во своите сетила. Треба да бидете свесни како таа делува.

Абење на средината

 

Базата на гласачи на Трамп беше далеку од мнозинството Американци; околу 27% од гласачите со право на глас гласаа за него, околу 27% гласаа за Хилари, 43,1% не гласаа.

За да го привлече јавното мислење, неговата најголема грижа не се демократските гласачи – тие секако не го одобруваат. Ниту пак треба да се грижи за неговата лојална потпора, туку за тоа дали големата група во средината треба да се активира и придвижи. Сè додека оваа група остане непридвижена од вревата, неизвесноста и чувството на беспомошност, неговиот простор за маневар ќе биде поголем.

Целта на модерната пропаганда не е само погрешно известување или промовирање агенда, туку исцрпување на критичното мислење и поништување на вистината.

 

Играта на жртва

Доколку сакате да ја ослабете кредибилноста на критичките медиуми, може да ги оспорите нивните мотиви и нивната објективност, и активно да ги намамите да делуваат субјективно. Така лесно ќе ја играте играта «медиумите се опозицијата», како што прави советникот на Трамп, Стив Банон, кога вели дека медиумите треба да си ја држат устата затворена. „Медиумите тука се опозициската партија. Тие не ја разбираат оваа земја.“

89% од републиканците сега се согласуваат со изјавата дека новинските медиуми „ги преувеличуваат проблемите со администрацијата на Трамп бидејќи се некомотни и загрозени од видот на промена која ја претставува Трамп“.

Реагирањето на лажни вести, пропаганда и лаги со видлива проверка на факти и разоткривање може да го зголеми нивото на врева, да ја направи вистината релативна, да ја зголеми поларизацијата, да создаде слика на медиумите како пристрасен чинител – и конечно да заврши со извршување на задачата на пропагандата.

Во поголемата слика, тоа може да придонесе кон поткопување на медиумите како воспоставен екосистем на општеството за информации и креирање мислење.

Покрај проверката на факти, на општеството му е потребно објаснение за нештата и укажување на она што е всушност главниот проблем.

Што можеме да сториме?

Ова е листа на проверка за тоа како најдобро да ја заштитиме нашата кредибилност.

  1. Ќе стигнете далеку преку примена на основните новинарски методи

Став 3.2 од Етичкиот кодекс на норвешкиот печат почнува: „Бидете критични во изборот на извори, и погрижете се дека добиените информации се точни.“

Пристапете ѝ на секоја вест како да е анонимен извор, и користете ги класичните техники на критика на изворот.

Секогаш имате време да го проверите оригиналниот извор.

  1. Треба да прашате „зошто ова се случува токму во овој момент?“

Доколку нешто може да ја насочи агендата на општеството во одредена насока, и доколку е прикладно да се обелодени токму сега, следете ги парите. Кој ќе профитира? „Зошто ми го кажувате ова сега?“

  • Дали тоа ќе ја зацврсти агендата на одреден актер?
  • Дали тоа ќе влијае на начинот на кој се гледа на проблемот?
  • Дали прикладно го пренасочува нашето внимание од нешто различно и поважно?

Сите овие работи се доволна причина да се направи подлабинска проверка. Не ја ставајте на располагање довербата и кредибилноста на вашата медиумска организација без добра причина. Правата одлука можеби би била да не се презема ништо и фокусот да се наочи на поголемата слика.

  1. Лажните вести може да содржат траги од факти

Поединечни факти може да се точни без да даваат добра слика за поголемиот проблем за кој го обојуваат јавното мислење.

Изјавата за печат на хуманитарна организација во која се вели дека „Осум луѓе го поседуваат истото богатство како и 3,6 милијарди луѓе кои ја сочинуваат најсиромашната половина од човештвото“ не е лажна вест во класична смисла, но покажува како поединечни факти може да се точни а сепак да ни го одвратат вниманието од поголемата слика

Не е доволно да се знае дека поединечни факти се точни. Тие треба да бидат и релевантни во контекстот и аголот на статијата.

  1. Внимавајте на бројки

Бројките имаат тендеција да се чинат покредибилни отколку што се. Вклучувањето на бројки во изјава или соопштение за печат е добро познат трик за тоа како да им се даде доза на научност и кредибилност. Но бројката може и да не е толку релевантна.

Некои прашања кога се бројки во прашање:

  • Како прави бројката да се чувствувате?
  • Дали е бројката мала или голема?
  • Дали оди нагоре, надолу, или нагоре па надолу?
  • Дали бројката го мери она што мислите дека го мери?
  • Доколку не сте сигурни што значи, или е тешко да се објасни, треба да бидете претпазливи.

Никогаш не прифаќајте бројки како доказ доколку не ги разбирате.

  1. Внимавајте кога нешто е добро срочено

Не прифаќајте нечиј наратив без критика. Фактот што некој кажал нешто што е вредно за објавување не значи дека тоа е доволно добра причина да му се отстапи публикација, наслов или агол. Сосема спротивното, тоа е причина да се биде попретпазлив.

Го имаме изразот врамување, кој е дефиниција на правилата на игра на дискусијата. Тоа може да даде почетна точка за насочување на општествената агенда и правецот во кој ќе развива дискусијата.

На пример, политичка дебата за управување со дивиот свет (или воена операција) ќе има поинаков вкус во зависност од тоа дали ќе изберете да кажете „истребување“ или „колење“ на глутница волци.

Внимавајте кога пресликувате терминологија, јазик и реторика во новинарските текстови, наслови и поднаслови.

  1. Пазете се од привлечното

По првата самостојна прес конференција на Доналд Трамп како претседател, неколку медиуми пишуваат и ги разоткрија неговите тврдења дека има најголемо изборно тело по Роналд Реган, и неговите напади врз медиумите. Многу помал број пишуваа за тоа како тој не се чини загрижен за разговорите за санкции на советникот за безбедност Мајкл Флин, кој даде оставка, со Русија за време на изборите.

Приказната НЕ Е прес конференцијата. Не е неговиот напад врз медиумите. Приказната е дека Трамп нема проблем што Флин разговарал за санкции со Русија.

– Глен Траш, Дописник од Белата куќа, NY Times | Twitter

Претседателот на САД им дава доволно материјал на медумите кои се насочени на поединечни факти. Со тоа се потопуваат покомплексните и поважните прашања.

Тоа исто така креира слика на самобендисани и пристрасни медиуми кои сакаат да играат „те фатив“ на детали, што конечно ќе ја уништи довербата.

Не го избирајте полесниот пат. Можеби некој го изградил за вас. Исто така, не ја поткопувајте нашата доверба со ситничавост.

  1. Понудете преглед и контекст

Публиката гледа сè похаотична и фрагментирана новинска средина. Истовремено, прашањата се поделени на стории фокусирани на поединечни аспекти кои не содржат трага од големата слика.

Како резултат на неговиот уникатен спој на вести, политичко чудовишно шоу и забавниот апект, норвешките медиуми секој ден објавуваат 472 вести за Доналд Трамп. Ваквото известување е противуслуга за јавноста, бидејќи ги става поважните вести во заден план и на ефтин начин го привлекува вниманието.

Може на пример да објавиме опис на прес конференција како една статија, и детална анализа на сите лаги кажани во истата во посебна статија. Кога известувањето е вака поделено, подлабоките поенти и начинот на кој нештата се поврзани се потопени од повеќе посебни агли на една поголема приказна.

Конечно, луѓето ќе почнат да приметуваат само една страна на приказната, и станува тешко за другите, освен за оние кои се особено заинтересирани (и за нас кои сме платени да читаме вести во текот на работното време) да имаат преглед или разбирање за поголемиот контекст.

Филтер Нихетер тестира формат каде се презентира дневно резиме на поголемите наслови во нивниот четбот за Доналд Трамп. Со тоа се намалува вревата и агендата на чинителот не добива повеќе од заслужениот простор.

Погрижете се поголемите наслови и најважните поенти да се јасно видливи во поединечните статии.

  1. Оценете го објавувањето критички

Како што Уредникот за етика на НРК Пер Арне Калбак рече: „Објавувањето не е задолжително“. Ние одлучуваме што објавуваме, кога и како.

Џеј Росен советува: „И научете да бидете попретпазливи со вашите наслови! Можети тој тоа и сака: вашиот мрзелив наслов“.

Проверка на изворот и квалитетот мора да се изврши пред објавувањето. Секогаш. Фактот што кредибилен извор или новинска агенција објавила нешто не е замена за ниту еден дел од нашата работа.

Исто така треба да бидеме свесни дека вниманието е кислород на политиката. Мора добро да се размисли дали она што се случува е вредно за објавување, за да не им се помогне непотребно на маргинални актери кои нашле начин како да ги хакираат нашите уреднички одлуки.

Добар предлог кој беше истакната на самитот на новинари и програмери MisinfoCon беше да се визуелизира како новинските организации го распоредуваат нивното внимание, и во име на отвореноста, и за да им помогнат на редакциите да бидат покритични за она што се покрива и колку.

Доколку се чини дека една вест постои главно за да влијае, вреди да се вложи дополнителен напор за да се открие кои се валидните причини за нејзино објавување.

  1. Паметни системи може да нудат лажна сигурност

Лажните вести понекогаш наоѓаат пат во инаку креидибилни медиуми и новински агенции. Спротивно, вистински вести може да се појават на новински сајтови кои шират лажни вести. Затоа, водење листа на сајтови на лажни вести може да доведе до лажна сигурност, па дури и да биде извор на грешки.

Постојат алатки кои ја поедноставуваат верификацијата (видете подолу за преглед на ресурси). Исто така, може да се смислат автоматизирани решенија со примена на вештачка интелигенција, бази на податоци и интернет за проверка на стории и веб страници. Во Fake news and fact-checking: Trump is demonstrating how to outsmart an AI, научниот новинар Мартин Робинс пишува: „проблемот со вестите е дека тие се нови. По дефиниција, доколку новинар известува за нова вест, таа нема да постои во добро организирана база на податоци за да може да се провери.“

Единствениот докажан метод е вршење робустна новинарска работа за секоја вест која сакаме да ја инвестираме кредибилноста на НРК.

  1. Отворено поправајте грешки

Доколку од почеток не сте ја завршиле добро работата, или доколку се појават нови информации, од клучно значење – и за вашата кредибилност и за да не се дезинформира општеството – грешките треба видливо да се поправат.

Содржината ќе остане на интернет засекогаш, и старата содржина се споделува во служба на агенди. Овие денови, на пример, статија за „Забранети зони“ во Шведска од мај 2016 година е прегледана повеќе од 30 000 пати во 10 дена – прилично многу за статија стара 9 месеци во земја со население од 5 милиони.

Од основно значење е да се имаат цврсти принципи за отворено поправање грешки и нивно следење.

  1. Избегнувајте заслужена критика

Некои од проблемите со довербата во медиумите се предизвикана од наши грешки. Ние новинарите сме добри и добронамерни луѓе, но не сме безгрешни.

  • Не секогаш посветуваме доволно време на една задача
  • Понекогаш може да нè заведе добра приказна во соопштение за печат или цитат кој звучи добро како наслов
  • Не знаеме сè и поедноставуваме
  • Сакаме да раскажуваме возбудливи приказни кои привлекуваат внимание

Но – дури и ако користиме методи кои ни помагаат да ги согледаме работите од повеќе агли – ние сме обоени од тоа што сме, тоа што знаеме, со кого зборуваме и што гледаме околу нас.

Колку повеќе се обидуваме да не погрешиме, толку повеќе ја штитиме довербата која ни е потребна за да можеме да продолжиме да вршиме важна работа за нашето општество.

Оваа статија беше првично објавена на норвешки на NRKbeta во февруари и беше преведена на англиски од нејзиниот автор за Институтот Ројтерс.

Останати
објави

Сподели на...