Мапирање на состојбата на синдикалното здружување во локалните медиуми

Датум

Вероника Камчевска

Истражувањето „Мапирање на состојбата на медиумите во Македонија“ е со цел да се даде почетен идикатор за начинот на кој новинарите и медиумските работници го перцепираат синдикалното здружување и условите во кои работат. Прибирањето на податоци се одвиваше преку анонимни анкети кои беа спроведени во Штип, Велес, Битола, Тетово и  Прилеп на репрезентативен примерок од  150 испитаници. Анкетарите имаа за задача да дадат и општ приказ за состојбата на медиумскиот пазар, сопствеништво, број на медиуми, новинари и медиумски работници. Анкетата е спроведена во периодот март-април-мај 2016-та година.

 Анализата на резултатите е добиена со алатките на квантитативно квалитатеивен дискурзивен метод со цел да се добие општа слика за сотојбата на медиумите на локално ниво. Ваквиот потфат беше инициран од глобалните трендови на синдикалното дејствување, кое се соочува со алијанација на членството.

Резултатите од истражувањето покажаа дека медиумите на локално ниво во однос на економската стабилност се наоѓаат во постојана борба со опстојувањето на пазарот. Ваквата појава е највидлива кај печатените и онлајн медиуми. Лошите еконмски  трендови директно влијаат на работниот статус на вработените, каде се почесто се применува Договор за повремена работа, а во онлајн медиумите прекаријатот станува пракса. Иако според анкетите, евидентирани се новинари и медиумски работнци кои се со статус вработени на определено време, податокот дека не можат да се детектира бројот на ангажирани работници во онлајн медиумите, кои се најбројни на пазарот ја разоткатриваат појавата на прекриената работа.

Синдикалното дејствување  во внатрешноста е изложено на силни притисоци од страна на работодавачите и политичките елити, но присутна е и голема недоверба во ваквиот вид на здружување.

shutterstock_305148260

1.1.Состојба и структурата на медиумите во Тетово

Медиумскиот пазар во Тетово е конструиран од 4 телевизии (Кис, Ултра, Коха, Арт), 3 веб портали (Тетова 1, Тетова Сот, Boulrvard),  4 радио емитери (Кис, Плус Форте, Блета и Ред), без присуство на локални печатен медиум на пазарот.

Според резултатите од истражувањето 73 новинари и медиумски работници се активно вклучени во работата на медиумите, од кои  57 работат со статус на неопределено време во телевизискиот простор и 10 во радио секторот. Преку анкетитата не можеше да се заокружи точниот бројот на вработени на определено, а како хонорарно ангажирани работат двајца новинари во радио медиумите.

Сопственичката структура е транспарентна  во однос на поседување на повеќе медиуми од страна на еден работодавач. Месечните приходи кај 80 % од испитаниците се помала од 300 евра.

 

1.2.Општа слика на  синдикалното здужување во Тетово

Резултатите од анкетите покажаа интерес од страна на новинарите и медиумските работници за синдикално здружување, но за сега нема реално членување во структурална форма. Над 60 % веруваат во синдикализам, но бележат слаба информираност за бенефициите кои можат да ги добијат од членувањето, а само 40 % сметаат дека можат да бидат заштитени при нетранспарентно отпуштање од работа.

Над 80 % веруваат во солидарност меѓу колегите, иако во описот сметаат дека состојбата во медиумите подлежи на голем политички притисок, но веруваат дека солидарноста е добра основа за справување со истите.

Над 60 % имаат доверба во работодавачите, а  работнот статус на овие лице е најчесто решен со Договор на неопределно време. Соочувањето со притисоци на работа и мобинг се бележи кај над 50 % од анкетираните. Најчесто се изложени на дополнителна неплатена работа која мора да ја извршат под некаква уцена, а месечните приходи кај 80 % од испитаниците е помала од 300 евра. Над 60 % со новинарски ангажман е женската популација , додека мажите се работат во техничкиот дел на медиумите (сниматели, фоторепортери, тонци, монтажери…)

 

2.1 Состојба и структура на  медиумите во Прилеп

Оналјн медиумите за сега бележат најголемо присутво на медиусмкиот пазар во Прилеп, додека печатените изданија се соочени со  финансиски потешкотии.  Според податоците добиени од истражувањето, структурата на медиумскиот пазар ја сочинуваат 13 медиуми, од кои 2 телевизии, 3 радио емитери, 3 печатени изданија кои немаат константност на пазарот и 6 веб портали.

Иако не може точно да се одреди бројот на новинари и медиумски работници кои се ангажирани со долгорочен  или повремен договор за работа, резултатите од истражувањето покажаа дека  45-мина активно работат во медиумскиот пазар.

Од вкупно  23 новинари кои работат со Договор на неопределено, најбројни се од радио медиумите, но вработувања се евидентирани и во онлајн секторот, иако бројот на вакви случаи е минимален и сведена на двајца новинари. Од истражувањето нема резултати за вработени на определено или хонорарно ангажирани, а во делот на објаснувањето зошто е тешко да се детектира статусот, анкетарот ангажиран во Прилеп, задолжен за спроведување на прашалникот нотира дека прекарната работа е силно застапена, а еден новинар хонорарно работи за повеќе медиуми без уредено пријавен сатус за работен однос.

Дописништвото бележи пад, и засега само 10-мина новинари се повремено или трајно ангажирани во некои од националните медиуми или веб-портали кои фигурираат во Скопје.

Сопствеништвото на медиумите е главно дел од приватниот сектор. Еден сопственик не поседува повеќе медиуми, но регионалната ТВ Канал визија во делот на финансирањето е со дисперзирана структура, финансирана од јавните претпријатија и општинскиот буџет.

 

2.2  Општа слика на синдикално здружување во Прилеп

Довербата во синдикалното дејствување во Прилеп е минимална, членувањето во синдикат е сведено на еден новинар, а информираноста за бенефициите од синдикалното здружување бележи високо ниво од 80%, покажаа резулатите од истражувањето. Над 95 % од испитаниците се информирани за работата и активностите на ССНМ.  Висок процент од новинарите и медиумските работници сметаат дека синдикатот не може да ги заштити од нетранспарентно отпуштање од работа, а 60 % од испитаниците веруваат во солидарна организираност. Во објаснувањето на еден од анктетираните, кој негативно гледа на на ова прашањето за солидарност го поврзува со недовербата во системот и актуелната политичка состојба во државата.

„ Недовербата во системот е најголемата причина за ваквиот одговор. Со оглед на актуелната состојба во државата, не верувам дека нешто на подобро ќе се промени во догледно време, а особено не во синдикалната сфера“, е објаснувањето на анкетираниот во делот на недовербата во солидарноста меѓу колегите.

 

Над 70 % од анкетираните кои се со статус на невработени или хонорарно ангажирани имаат доверба во работодавачот, и работат истовремено во повеќе медиуми.

Според истражувањето, само 5 % од испитаниците се соочиле со некаков вид на пристисок,  додека  95 % проценти сметаат дека не искусиле мобинг.

Просечната плата на новинарите и медиумските работници е  250 евра, а во 30 % од анкетарите одговориле дека месечните примања им се помали од 150 евра.

Истражувањето покажа дека жените најчесто работат како новинари ,  додека мажите се ангажирани и во другите сегменти од медиумскиот технички капацитет.

 

3.1 Состојба и структура на медиумите во Битола

Економскта структура на медиумите во Битола е сочинета од  4 веб портали, 4 радио емитери, 3 телевизии и 5 печатени изданија. Според податоците добиени од истражувањето , над 65 новинари и медиумски работници работат во медиумскиот просторангажирани. За сега, 23 новинари се со работен статус на неопределено време, а 15 се хонорарно ангажирани. Сопственичката структура е транспарентна и е дел од приватниот сектор. Иако со помал интензитет и полоши работни стандарди, за сега 14 новинари работат како допосници за некои од националните медиуми.

 

3.2 Општа слика на синдикално здружување во Битола

 

Синдикалното здружување меѓу новинарите и медумските работници во Битола е со слаба организациска заокруженост, но над 70 % од испитаниците имаат доверба во синдикализмот. Над 50 % од анкетираните сметаат дека треба да добиваат повеќе информации за работата на синдикатите, и сметаат дека имаат недоволно знаење за бенефициите од активното членување во синдикат, иако според резулатите над 95% се добро информирани за работењето на ССНМ. Поделено е мислењето околу интервенцијата и помошта од страна на синдикатот при нетранспарентно отпуштање од работа, иако над 55 % од анкетираните сметаат дека низ при ваков процес неопходна е подршка и помош од синдикат. Над 70 % од испитаниците сметаат дека солидарноста е важна во градењето на интегритетот на новинарите и медиумските работници, како специфично тврдење на еден од анкетарите е дека солидарноста треба да се гради преку синдикатите, а не тоа да произлегува од членовите.

„ Ако имаше добар синдикат, немаше да бидеме во ваква состојба“ е тврдењето  на еден од анкетираните.

Над 60 % од новинарите и медиумските работници кои се хонорарен работен статус немаат доверба во работодавачите, додека вработените на неопределено време сметаат дека можат да им веруваат на сопствениците.

Над 80 % од испитаниците претрпеле некаков притисок од уредник или сопственик. Причините се најчесто врзани со известување за политичари кои бараат инервенции во текстовите, како ненајавено намалување на месечните приходи.

Просечните месечни примања на новинарите и медиумските работници изнесува 300 евра, но месечните приходи на жените ко работат како новинари се помали од мажите.

 

4.1 Состојба и структура на медиумите во Штип

Медиумскиот пазар во Штип е обликуван од 8 медиуми и едно непрофитно студентско радио. Сопственичката структура е дел од приватниот сектор и сочинета од 3 телевизии, 2 радио емитери, 1 печатен медиум и 2 онлајн портали. Според истражувањето, ангажирански се вкупно 63-ца новинари и медиумски работници, од кои 19 новинари се вработени со договор на неопределено време,  10 на определено и 7 хонорарно ангажирани. Како дописници работат 16 новинари.

 

4.2  Општа слика на синдикално здружување во Штип

 

Во однос на информираноста за синдикалните бенефиции и работата на ССНМ, новинарите и медиумските работници во Штип, според истражувањето се покажа висок степен на интерес и познавање за своите работнички права.  Во однос на солидарноста меѓу колегите, сметаат дека треба да се подобрат условите во новинарската професија, со што би се зајакнала самодовербата и интегритетот на професионалците.

Голем дел од испитаниците сметаат дека синдикат може да ги заштите при нетранспарентно отпуштање од работа, но во еден случај од анкетираните, наведува дека синдикалните организации се пасивни и нереагираат навремено кога членовите се соочуваат со специфични проблеми кои се во рамките на синдикалното дејствување.

„Имам искуство каде синдикалната организација не се заинтересира да помогне при бркањето од работа додека работев во една друга институција, ниту направи некаков обид. Сакам да верувам дека со овој синдикат работите ќе бидат поинаку“, наведува еден од анкетираните.

Довербата во работодавачите е мала, а појавата  на мобигн е присутна кај  70% од испитаниците.

„Без да ме извести и без никакво образложение од директорот ми беше скратена платата. Директорот на мене лично не ми презентираше, но пред  другите колеги ме обвинил  дека сум земала многу пари од другите медиуми, за кои хонорано сум ангажирана, а тој со плата од 25.000 денари морал да зема кредит, за да си купи дрва. Вакви бедни работи се случуваат во медиумите во внатрешноста “ се нотира во една од анкетните прашања во однос на мобингот извршен врз новинарите и медиумските работници.

Просечните месечни примања изнесуваат од 250 до 350 евра, но новинарите и медиумските работници се ангажирани на повеќе работни места.

5.1 Состојба и структура  на медиумите во Велес

Медиумскиот пазар во Велес е сочинет од 3 веб портали, 2 радио емитери и 3 телевизии. Според резултатите од истражувањето, ангажирани се 38 новинари и медиумски работници. За сега само 4-ца новинари работат со статус вработени на неопределно време, додека 11 се ангажирани на определено време, а 5-мина се  со хонорарни месечни примања.

 

5.2  Општа слика на синдикално здружување во Велес

Спроведувањето на анкетата во Велес не можеше да биде реализирана поради силните притисоци, но и автоцензурата на новинарите и медумските работници кои нагласиле дека имаат страв да одговараат на прашања и покрај анонимноста на анкетирањето.

ССНМ нема релевантни податоци, за да даде општа слика за состојбата на синдикалното здружување во Велес.

 

Останати
објави

Сподели на...