Медиумите и новинарството во 2017

Датум

Др. Флорангел Росарио Брејд

Сега е она време од годината кога повеќето луѓе погледнуваат наназад и размислуваат за настаните поврзани со нивниот секојдневен живот, ги оценуваат лекциите кои досега ги научиле и врз основа на нив предвидуваат каква ќе биде следната година. Од трите најчесто оценувани сектори – политика, економија и медиуми и новинарство – лесно ќе се согласиме дека брзи и револуционерни промени се случуваат во медиумите повеќе од кој било друг сектор. Тоа е поради влијанието на информациската технологија и дигитализацијата.

Едно истражување на Nieman Lab врз млади медиумски работници во Америка за тоа како тие ги гледаат медиумите и новинарството во 2017 година дава пример за веројатно сценарио кое може да се очекува во земјата. Контекстот е сличен  – дигитализација, глобализација и растечка супериорност на малите заедници. Тоа е слично и во однос на комерцијалната сопственост на масовните медиуми.

Постои една сеприсутна загриженост во поголемиот дел од светот, вклучувајќи ја и нашата земја. Стравот од насилство, тероризам, поделба, етнички, територијални конфликти и конфликти за ресурси – фактори кои ги тераа луѓето да бараат повеќе информации. Во ова „постфактичко општество“, природно постои сè поголема недоверба во информациите од медиумите кои се главен извор на вести. Тука се раѓа предизвикот да се придонесе во градењето односи и враќањето на довербата на јавноста во медиумите и вестите кои се испорачуваат главно преку националните канали. Тоа може да се постигне ако се слушнат луѓето и нивото мислење се земе предвид, и преку она што го опишуваме како „триангулација“ или земање мислење на одредена тема од три различни извори.

Да се внесе повеќе „хуманост“ во редакцијата значи да се обезбеди дека и медиумските менаџери и известувачите минуваат повеќе време во слушање на луѓето, поврзување со нив и нивно активно вклучување во правењето на сторијата.

Многумина мислат дека медиумските сопственици и менаџери мора исто така да преземат поголема одговорност така што ќе помогнат да се врати вербата во медиумите и изворите на вести, и ќе обезбедат средина на учење за новинарите за тие да почнат да носат одлуки, наместо само да известуваат. Се работи за враќање на функцијата на филтрирање на информациите или станување арбитери на вистината. Да се внесе повеќе „хуманост“ во редакцијата значи да се обезбеди дека и медиумските менаџери и известувачите минуваат повеќе време во слушање на луѓето, поврзување со нив и нивно активно вклучување во правењето на сторијата.

„Годината на заедницата“ значите акцент на „културното известување“. Новинарите сфаќаат и артикулираат што навистина и треба на заедницата, и како луѓето размислуваат и се однесуваат. Тоа значи поврзување со нив како со пријател или сосед. Тоа значи помагање да се изгради „суштински идентитет.“ Тоа значи да им се помогне на луѓето во нашата земја и надвор од неа да разберат што сме всушност ние како општествто.

Многумина би сакале да ја видат 2017 како „година на фактите“. Лагите ќе продолжат, но има и спротивставени сили кои промовираат транспарентност во протокот на податоци. Подлабока анализа на податоци, граѓанско новинарство, или поодговорно новинарство, се надеваме ќе стане норма во повеќето редакции.

Подлабока анализа на податоци, граѓанско новинарство, или поодговорно новинарство, се надеваме ќе стане норма во повеќето редакции.

За да се постигне оваа визија, медиумските сопствениците треба да вложат поголем напор за да обезбедат средина која ќе поттикне подобро уредување и врамување на сториите, како и известување кое „не се плаши, е водено од детали, е интелигентно“ и развива здрава почит кон „скептицизмот“. Ако овие вредности се донесат во редакцијата, ќе го поттикнеме растот на ова што би можело да ја опише следната декада – „прецизно и истражувачко новинарство“ и новинарство кое не е неутрално.

Конечно, би сакале да видиме поголема соработка наместо конкуренција во индустријата. Ваквата соработка нема да се биде насочена само на финансиски здружувања туку на усвојување заедничка визија за етика, вредности и фокус на корпоративна одговорност

Останати
објави

Сподели на...