Медиумски трендови во Венецуела

Датум

Дарио Чакон се подготвуваше да оди во живо од тераса во моментот кога доби и прочита извештај. Шеесет и едногодишниот новинар во истиот момент се сврте кон помлад колега.

„Има некои информации кои штотуку ги добив на WhatsApp“, му рече тој на Џошуа де Фреитас. Во нив се тврдеше дека владата на Венецуела најави неочекувано зголемување на пензиите.

„Ова треба да го потврдиме“, возврати Де Фреитас.

Де Фреитас почна да врти телефони. Чакон, додека чекаше потврда, се движеше низ уличките на Барио Ла Круз, населба во Каракас, довикувајќи до соседите:

„Запомнете, вестите ќе започнат“

Една жена му подаде термос со кафе низ решетките на нејзиниот прозорец од приземјето.

„Повелете, вашето кафе“, рече таа.

Де Фреитас, конечно, успеа да ја провери информацијата и штом се врати Чакон му го покажа телефонот.

„Лажно е. Приказната за пензиите е лажна“, му рече Де Фреитас на Чакон.

„Гледате. Ние го сфаќаме ова многу сериозно“, извика Чакон пред дел од луѓето.

Потоа влезе во обична зелена куќа, исчезна по скалите за накратко потоа да излезе на терасата на горниот кат.

„Добро попладне, драги соседи. Почнуваме. Имаме вести за оние што ги сакаат и малку кафе“, почна тој преку системот за јавно обраќање до публиката што се собира на улицата крај куќата.

Со микрофон во едната рака и сценарио во другата рака, Чакон го започна дневниот преглед на вести и настани. Тој зборуваше за отворени работни места на локално ниво. Потоа се префрли на националните вести:

„Невладината организација „Вида де Нос“ почна кампања против злоупотреба на деца кои ги знааат 90,56 отсто од насилниците. Знаете ли како да препознаете дали вашето дете е злоставувано?“, запраша Чакон.

Вест доби интеракција и неговите слушатели почнаа да коментираат.

Во Барио ла Круз, сиромашен кварт на источниот крај од главниот град на Венецуела, Чакон е славна личност: Водител е на „Ла Парада“, вести во живо, што тој лично ги пренесува двапати неделно.

Чакон ја има една од неколкуте такви програми низ Венецуела која известува и ги презентира вестите независно од медиумите кои се контролирани од државата. Дел од водител(к)ите се новинари ветерани, додека други се нови во професијата и учат на работното место. Програмите добија одредени средства од САД, бидејќи Вашингтон го гледа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро како авторитарен социјалист и противник.

Идејата се роди во 2017 година, кога антивладините демонстрации ја парализираа земјата со месеци и оставија стотици мртви. Како што растеа немирите, владата на Мадуро ги нападна независните медиуми кои ги закупија негови поддржувачи.

Институтот за печат и општество на Венецуела регистрираше над 500 прекршувања на слободата на говорот во 2017 година, како и напади и закани против повеќе од 250 локални репортери и 30 странски известувачи.

Преостанатите независни медиуми во земјата се под сè поголем притисок. Весникот „Ел Насионал“ го загуби пристапот до хартија за печатење во 2018 година. Канцелариите на редакцијата во Каракас беа запленети од владата во 2021 година, како дел од пресудата за клевета од 13 милиони долари што ја донесе некогашниот потпретседател Диосдадо Кабељо, моќна фигура во владата на Мадуро. Главниот ривал на „Ел Насионал“, „Ел Универзал“ беше продаден во 2014 година и подоцна усвои поподдржувачки тон кон владата.

„Венецуела е општество кое е замолчено и цензурирано. Ткивото на независни медиуми е уништено, а структурата која ја контролираат владините медиуми и нивните сојузници е изградена за да го замени“, рече Маријанела Балби, раководител на Институтот за печат и општество.

Во 2022 година, рече Балби, владата нареди затворање на околу 100 мали локални радиостаници.

„Тоа се неколкуте прозорци што луѓето во селата ги имаат за пристап до вести“, вели таа.

Бидејќи независните гласови беа замолчени, тројца новинари од Каракас почнаа да разговараат за начините за нивно продолжување.

„Воочивме голема потреба за поврзување меѓу она што се случуваше на улиците и во заедниците, далеку од секојдневните конфронтации“, рече Лаура Хелена Кастиљо.

Кастиљо и нејзините колеги Клаудија Лизардо и Абрил Мехиас осмислија и креираа „Ел Бус ТВ“. Повеќе од пет години, по автобуси со картонски кутии во форма на телевизори за да читаат вести на патниците. Тие сега покриваат десетици рути во најмалку седум градови.

Концептот се прошири на „Ла Парада“ за стационирани презентации како што е програмата на Чакон. Понов додаток е „Ел Кафесито“, во соработка со локалните кафулиња, со цел да се собираат луѓе околу репортерот и да се создаде простор за дискусија со филџани кафе во рака.

„Се движиме кон професионализација на начинот на кој луѓето го слушаат нашето известување. Сметаме дека една од добрите работи што ги има во пиењето на кафе е тоа што ни овозможува да ја слушнеме публиката, односно средбите лице в лице“, изјави Кастиљо.

Тимот планира да изгради агенција за редистрибуција на содржината.

Нивните напори досега „летаа“ под радарот на владата. Нивниот медиум е еден од ретките независни кој избегна јавен напад од властите. Но, тоа не значи дека нема опасност: Националното собрание на Венецуела се очекува да одобри легислатива што би принудила стотици групи во граѓанското општество да ги обелоденат внатрешните финансиски податоци. Оние за кои властите ќе сметаат дека се вклучени во политички активности или ја загрозуваат националната безбедност, може да бидат забранети.

Канада, САД и непрофитни организации од Велика Британија и Чешка обезбедија финансии за издавање.

Во Ла Долорита, уште еден сиромашен кварт во Каракас, Марија Силгадо и Шели Мендоза го завршуваат своето сценарио додека чекаат да се свари кафето. Во нивната, политички, поделена заедница, начинот на кој тие комуницираат е клучен за избегнување на конфликт.

„Мора да бидеме внимателни. Ги проверуваме нашите извори и ги пренесуваме вестите“, рече Силгадо.

Како и Чакон, и Силгадо беше обучувана од новинарите на „Ел Бус ТВ“. Во почетокот, таа гледаше на работата како начин да се доближи на соседите и да ја запознае својата заедница. Наскоро тоа, сепак, стана работа со полно работно време.

Со мал пренослив звучник во едната рака и микрофон во другата рака, Силгадо ги повикува соседите на попладневните вести. Луѓето, главно жени, излегуваат од нивните куќи.

Слични програми се емитуваат во Бело Кампо, Ла Луча и Шапелин, сите оштетени населби далеку од центарот на градот.

Најмалку 14 репортери и асистенти презентираат локални, национални и меѓународни вести во заедниците кои инаку би имале потешкотии во пристапот до информации.

Чакон, кој 23 години работел како печатач, никогаш не се замислувал како водител на вести. По завршување на секој настап, тој добива поздрави од слушателите кои бараат да остане буден и за други проблеми со кои се соочува заедницата.

„Секогаш ми кажуваат дали постои нешто интересно што треба да го истражам. Не мислев дека можам да бидам дел од нешто толку важно за земјата“, рече Чакон.

И што е следно?

„Не многу. Ќе вечерам, а утре имам неколку интервјуа за да се подготвам за следната приказна“, се одјави тој.

https://www.washingtonpost.com/world/2023/02/26/venezuela-parada-project-news/

Останати
објави

Сподели на...