Паола Пастакалди (Член на Одборот на новинари на Ломбардија)
Како што знаеме, квалитетното новинарство е под силен напад од маркетиншката и рекламната индустрија. „Новинарите се преобразени во ‘металски работници’“, пишува Франко Абруцо – Претседател на Одборот на новинари на Ломбардија, во неговиот предговор на збирката коментари . Метафората е силна. Но, тоа е вистината.
Новинарите денес листаат весници, преработуваат статии од други весници, крадат вести од интернет; не проверуваат ниту факти, ниту извори. И, уште пострашно, мешаат вести со рекламни пораки. Така, тие не ја пренесуваат реалноста, туку се покорени на онаа страна од реалноста која има интерес.
Сето тоа е резултат на изобличен механизам, наметнат и од инвазијата на телевизијата. Професионалните потешкотии имаат длабоки корени. Новинарите страдаат од тешка физичка и ментална болест која се изразува преку секакви боледувања, отсуства, изостаноци, вознемиреност, депресија и панични напади поради кои завршуваат во лекарски ординации.
Недостатокот на професионален идентитет придонесе кон зголемување на физичките и менталните болести во оваа професионална категорија, што треба подетално да се анализира и студира од два аспекти: професионален и здравствен. Многу од весниците кои денес се појавуваат во трафиките се „уреднички производи“. Сите статии мора да содржат своевиден вид на реклама. Тоа е новиот диктат на италијанското уредништво.
На читателите се гледа како на маркетиншка цел или како на обични потрошувачи. Италијанскиот систем на информирање, во голема мера поткрепен од уште полошата национална телевизија, во себе носи комерцијален канцер. Тој не ја вреднува довербата меѓу читателот и авторот. . Информациите се манипулирана содржина.
Англискиот новинар Тобиас Џонс во својата книга “Темното срце на Италија“ (Rizzoli, Милано, 2003), беше замолен од Financial Times неколку месеци да ја мониторира италијанската телевизија, бидејќи весникот сакапе да откријат како може најкреативната, духовита и интелигентна популација да ја има највулгарната телевизија во Европа.
Тој рече: „…Италијанската телевизија постојано се обидува нешто да ми продаде. Дури и вестите се претворени во озборување или известување за славни личности.“ и тоа го гледаме сите секоја вечер. Поради ваквите коментари за нашите медиуми добиваме приватни писма со поддршка од еден сегмент од италијанскиот новинарски свет, дури и кога таквата поддршка е воздржана и не е јавна од очебијни безбедносни причини односно поради страв од професионална одмазда.
За да онеспособат поголем дел од новинарите, уредниците користат еден вид маргинализација: постепено намалување на работата на некои новинари без причина или оправдување
За да онеспособат поголем дел од новинарите, уредниците користат еден вид маргинализација: постепено намалување на работата на некои новинари без причина или оправдување. Намерата е да ги натераат да препишуваат статии од други публикации или да измислуваат вести, до моментот кога психолошки исфрустрираните луѓе не прифатат да пишуваат текстови кои содржат не само вести туку и алузии на реклами и производи.
Еден морално и физички исцрпен новинар, по месеци или дури години ваков третман, е податлив да прифати било што што би го ослободило од таквата мачна и неоснована сегрегација. Всушност, едно е да не се согласуваш со уредникот поради различни гледишта, независно дали се тие политички, синдикални или за тривијални работи; но сосема е друго е да си несвесен зошто си ставен на пик или маргинализиран. Тоа е мобинг!
Можеби со таквата цел на ум, уредниците им даваат на многу новинари дополнителни бенефиции како што се службен автомобил, мобилен телефон со вклучени лични повици, и рано пензинирање со отпремнина. Целта е сакако да се придобијат оние новинари кои би можеле да станат непријатни сведоци.
За весниците да се претворат во рекламни каталози потребно е да се ослабе совеста. Таа ќе попушти под суптилен напад, ќе го депримира моралот и телото, особено на средовечните новинари со силна деонтолошка пракса. Целта на уредникот е да ја изолира совеста. Можеби со таквата цел на ум, уредниците им даваат на многу новинари дополнителни бенефиции како што се службен автомобил, мобилен телефон со вклучени лични повици, и рано пензинирање со отпремнина. Целта е сакако да се придобијат оние новинари кои би можеле да станат непријатни сведоци.
Доколку уредниците продолжат со овој тренд, печатот повеќе нема да се занимава со вести, туку само ќе се преправа дека тоа го прави, а наместо вести ќе се печатат само маркетиншки реклами кои перат мозоци.
Многу од дисциплинските предупредувања испратени до Одборот на новинари на Ломбардија се однесуваат на жестоки напади врз професионализмот на новинарите, и дијагностицираниот стрес, панични напади и нервни сломови поради кои многу новинари биле принудени да побараат долго боледување. Кризата на италијанското новинарство е поткрепена од физичката криза на целата новинарска сила. Болестите, или здравствената состојба на новинарството, треба детално да се испита за да се разберат причините.
СВЕТСКА КРИЗА НА НОВИНАРСТВОТО
Преку една мала дигресија би сакала да додадам нешто за мобингот и промената на текот на новинарството. Кризата на квалитетното новинарство е светски факт.
Еден пример е случајот на новинар од “New York Times” кој четири години по ред буквално измислувал стории , лажејќи дека ги проверува фактите на лице место додека всушност никогаш не излегол од дома. “New York Times” решија да го објават случајот на нивната насловна страна така поттикнувајќи истрага и откривајќи и анализирајќи ги сите лаги на новинарот, една по една.
Тие решија да се борат со лошото новинарство така што ќе работат добро и транспарентно новинарство. Се подразбира дека главниот и одговорен уредник доби отказ заедно со новинарот бидејќи кредибилитетот на весникот во светски рамки и неговата репутација беа проценети како професионално богатство со економска вредност.
Неколку месеци претходно, во Европа, угледен весник како “Le Monde” беше жестоко нападнат од другите француски новинари кои во книга под наслов „Скриениот свет на Le Monde“ (Pierre Péan and Philippe Cohen, Document Mille et une Nuits) ги осудија политичките и личните интереси на новинарите и на главниот и одговорен уредник.
Le Monde се соочи со проблемот, иако на помалку драматичен начин од случајот со NYT, отворајќи досие за осумдесет светски весници и зборувајќи за подемот на лошиот печат и тековните деонтолошки дискусии во неколку редакции, вклучувајќи ја и сопствената.
Накусо, италијанскиот мобинг е безболен начин – за уредниците –да се ослободат од оние новинари кои не се повинувале на маркетиншкиот притисок и лошото новинарство, веројатно бидејќи сè уште веруваат во етичко информирање.
МОБИНГОТ КАКО ОРУЖЈЕ ПРОТИВ ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ
Рекламната индустрија е во криза поради вишокот производи, а потрошувачот е премногу изложен и бомбардиран од реклами. Компаниите и нивните рекламирачи се обидуваат да најдат нови начини за промовирање на нивните производи: статија која содржи и реклами има големо влијание врз потрошувачот. Тоа е во спротивност со деонтолошкиот договор кој ја сочинува новинарската работа. Ќе видиме што тоа значи во однос на рекламните реплики.
Всушност, една од посуровите страни на мобингот лежи во фактот што тој е непрепознатлив и може да поминат месеци, дури и години, пред новинарот да стане свесен дека е жртва
Всушност, една од посуровите страни на мобингот лежи во фактот што тој е непрепознатлив и може да поминат месеци, дури и години, пред новинарот да стане свесен дека е жртва. Тоа е особено случај кога критиките на главниот и одговорен уредник или другите раководни лица кон одреден новинар не се официјални (отворени), ниту пак причините за раскинување на работниот договор се јасно наведени. Во суштина, нема конфронтација со работодавачот и уредниците се однесуваат како сè да е нормално.
Мобингот во редакцииите е строго прикриен, затоа мора да се смета како интегрален дел од причинетата штета, имено невидливоста и несвесноста на жрвтата. Таа несвесност е најкомплексниот аспект бидејќи ги спречува жртвите да се одбранат. Покрај тоа, мора да подвлечеме дека жртвите не се едноставно пасивни, туку несвесноста за мобингот ги прави пасивни против нивна воља.
Да го земеме случајот на новинар кој е маргинализиран од неговата работа т.е. нема да добива доволно работа или ќе работи на задачи кои се надвор од неговото поле на стручност. Ова може да звучи како старо синдикално прашање. Можеби е, но содржи и нови импликации кои ја зголемуваат областа која вреди да се анализира.
Од аспект на кризата на квалитетното новинарство, едно од средствата кои уредниците ги користат, повеќе или помалку свесно, е да го маргинализираат професионалецот преку постапки на мобинг, како што е измачување на неговата личност со намера слабеење на неговиот морал и конечно отпуштање со минимални трошоци.
Уништувањето на професионалецот, поткопувањето на неговиот/нејзиниот имиџ и кредибилитет е најизмамничкиот и лесен начин за уредникот, кој одлучил да продолжи со негативно новинарство – кога станува збор за автентично информирање – без никаква почит за џентлменскиот договор кој ги врзува новинарите и читателите.
Наместо тоа, соочени сме со новинарство кое е економски здраво благодарение на профитот од рекламирање. За да се постигне таа цел, уредниците мора да ги трансформираат нивните текстови во реклами, споменување брендови, производи, компании, понекогаш дури и луѓе: и сето тоа во самиот текст.
Да го разгледаме мобингот чија цел е маргинализирање на новинарот. Жртвата вообичаено се обидува да го минимизира нападот и се обидува да пронајде решение, сметајќи дека повремени и привремени проблеми на работа се нормална појава или дека тие се резултат на привремено лоша организација. Дури по бројни такви напади тој станува свесен дека е жртва на лоши намери. Колку е поискрен умот на новинарот, толку подоцна ќе ја согледа реалната ситуација во која се наоѓа, откако во меѓувреме изгубил многу години работа и здравје.
Да се лиши новинарот од работа е еден од омилените системи да се уништи гласник, професионалец кој може да сведочи за факти. Уредниците веруваат дека гласникот е чуден, неприкладен, главно поради тоа што не дозволува манипулирање на информациите на агресивен маркетиншки начин.
Иако конфликтите во последно време дозволија улогата на гласник да исплива на површината како интересна, доколку длабински ги анализираме карактеристиките, ќе окриеме дека воениот гласник е налик на државен службеник. Прикриена фигура, лик на ТВ, гласина составена од други онаму каде изворот вообичеаено не може да се провери. Воениот гласник живее зад војската или во хотелска соба, каде неговиот извор е телевизорот.
Новинарите кои се гласници вообичаено се сметаат за привилегирани мети да промовираат војни или политички пораки од други земји. Така, парадоксално, како што рекоа новинарите на „Репортети без граници“, новинарите се жртви на убиства, како што се случи со Даниел Перл. Но тоа е друга тема.
Кога новинар во редакција не добива задачи, најчесто се случува следното: никој не се жали, никој не зборува лошо за својата работа, малку задачи се доделуваат кои можеби нема да бидат ни објавени. Предлози се одбиваат и оние задачи кои би требало да бидат во негов домен се даваат на други без образложение.
Кога новинар во редакција не добива задачи, најчесто се случува следното: никој не се жали, никој не зборува лошо за својата работа, малку задачи се доделуваат кои можеби нема да бидат ни објавени. Предлози се одбиваат и оние задачи кои би требало да бидат во негов домен се даваат на други без образложение.
Во оваа фаза почнува да се јавува огорченост, озборување, инсинуации и лични критики, и не само професионално. Тоа е опасна ситуација додека не стане хронична. Професионалната штета станува сериозна и понекогаш непоправлива. За кусо време, празнината од неработењето се преобразува во одговорност на работникот.
Надредените нема да пропуштат да го гледаат попреку кога ќе влезе во редакцијата и да шепотат критики. Новинарот пак сè повеќе ќе се чувствува непријатно секогаш кога ќе дојде на работа размислувајќи засрамено што да работи. Ќе се воздржува од давање предлози, мислејќи дека неговите идеи никогаш не се доволно добри, губејќи ја храброста да праша зошто неговите текстови не се објавуваат.
Ќе стане слаб и нема да може да се справи со својата професионална улога, да измислува фактички вистини како што денес се случува во редакциите водени од реклами. Ваквите условувања не се ограничени на ова поле, напротив, од статиите за традиционална убавина, преку патувања, автомобили па сè до најважните сегменти како економија и здравје. Омаловажувањето е факт.
Понекогаш новинарот културно прашува зошто не му се дава работа, но не добива одговор. Новинарот ќе му пише на директорот, на раководителот на човековите ресурси. Но, како што знаеме, повеќе никој не ја презема одговорноста да управува со човековите ресурси.
Никој нема да прифати вина, и никој нема да го фрли првиот камен кон него дозволувајќи му да се одбрани. Молкот на уредништвото и на човековите ресурси е сам по себе мобинг бидејќи го доведува новинарот во ослабена положба: никој нема да каже збор и никој нема да признае ништо. Работникот/новинарот нема да може да се брани. Ова е аспектот на пасивност кој се среќава во дефиницијата за мобинг.
Но, јас би рекла дека поопасна од пасивноста е несвесноста која вршителите на мобинг вештачки ја одржуваат. Во оваа фаза ситуацијата станува како спирала која се врти околу себе. Секој мисли, без да каже, дека работникот не сака да работи, а можеби и самиот оддел за човекови ресурси го шири таквиот муабет. Тој повеќе не е новинар принуден во изолација поради лошото работење на компанијата, туку неработник која не сака да работи и кој компанијата треба да го отпушти.
Секој мисли, без да каже, дека работникот не сака да работи, а можеби и самиот оддел за човекови ресурси го шири таквиот муабет. Тој повеќе не е новинар принуден во изолација поради лошото работење на компанијата, туку неработник која не сака да работи и кој компанијата треба да го отпушти
Важно е да се разбере дека жртвата на мобинг не е единствено жртвено јагне, бидејќи мобингот може да има и други мети. Идејата дека мобингот е насочен само на оние кои се надвор од групата е точна, но кога правилата се менуваат толку далеку од точката на потекло, како што се случува во последните 20 години во редакциите, мобингот погодува повеќе луѓе, односно оние кои сè уште се држат до промените или извртувањето на правилата.
ПСИХОФИЗИЧКИ БОЛЕСТИ ОД МОБИНГ
Мобингот преку своите напади создава психичка и физичка слабоста кај работникот кој е професионален и чесен. Таквиот вид истоштеност доведува до многу проблеми на физичко и психичко ниво кои сè уште се проучуваат. Физичките проблеми особено соодветствуваат на болестите од кои страдаат новинарите.
Можеме да го замислиме субјектот како лице за кое влегувањето во канцеларија е како влегување во џунгла. Тој не знае, бидејќи никој никогаш не му кажал, каде греши, и затоа не знае од каде може да дојде нападот. Така, тој лошо ќе реагира на секое одземање на придобивки или работни средства како телефон, компјутер итн. кои со многу изговори се даваат на други. Полека неговата улога ќе ослабува. Тој повеќе нема да носи одлуки бидејќи, без дадена причина, неговите овластувања и одговорности кои му се дадени со договор му се одземаат.
Како резултат, напнатоста во неговите мускули може да предизвика трајна болка која со тек на време ќе се прошири на коските. Болка која продолжува и во текот на ноќта. Лекарските прегледи ќе бидат бескорисни: мал број доктори можат да ја решат и разберат силината на болката која на општ преглед не открива биолошка причина.
Знаеме дека симптомите на ваквите болести кај анкциозните лица се слични на оние на дијабетичарите. Само физичко движење кое го вклучува и нервниот систем може да го реши проблемот. Болката во коските е неиздржлива. Отежнато одење, болка под стапалата, болка при излегување од автомобил, седење, болка во вратот, нозете, проблеми со циркулација, болка во текот на ноќта.
Ограниченото познавање на лекарите на модалитетите на мобингот е причината зошто многу лекари препишуваат едногодишно боледување поради депресија, не земајќи ги предвид доказите за мобинг и прибегнувајќи кон лекови
Долгогодишните жртви на мобинг може потсвесно да се чувствуваат постари, секогаш помалку способни да ги артикулираат најосновните движења. Ограниченото познавање на лекарите на модалитетите на мобингот е причината зошто многу лекари препишуваат едногодишно боледување поради депресија, не земајќи ги предвид доказите за мобинг и прибегнувајќи кон лекови. Во однос на проблемот, традиционалните терапии, поврзани со различни гимнастички дисциплини, не помагаат.
Еден од начините да се реши коренот на ваквата мускулна и коскена тензија е оној на еврејскиот доктор Моше Фелденкреис, роден во Русија во 1904 година а починал во Израел во 1984 година, со диплома во механички инженеринг кој соработувал со Жоли Кури на полето на нуклеарна фисија. На ова поле тој имал општи интуиции за врските помеѓу телото и умот кои го стимулираат нервниот систем преку невообичаени движења (помеѓу неговите ученици, Леонард БЕрнстеин, Маргарет Мид, Дејвид Бен Гурион, Моше Дајан).
Не е случајно што овој метод се темели на фундаменталната идеја дека нашето движење е поврзано со сликата што ја имаме самите за себе, како што е опишано во книгата на М.Фелденкреис “La conscience du corps” (Marabout, Verviers Belgique, 1967).
Работник кој е жртва на мобинг е неизбежно принуден да се бори почнувајќи од сопствената слика за себе, додека е истовремено присилен од настаните да се потценува себе си или да има ниска самодоверба како резултат на што слабее неговата мускулна структура до степен до кој почнува да чувства болка која го поткопува неговиот физички интегрите и неговата анатомија на движење. Методата на Фелденкреис му помага на пациентот да го пронајде своето движење а со тоа и своето психофизичко здравје.
Како заклучок би можеле да кажеме дека неспоредливо најсериозна штета е да се убие продуктивната и креативната енергија на работникот. Новинарската работа е креативна, умствена, високо ценета, и покрај деградацијата која ја трпи.
Да му се оневозможи на новинарот да го користи своето знаење на работното место значи да се убие неговата витална енергија. Да му се одземе позитивна визија за иднината или да му се оневозможи „да битисува“, во најширокото значење на зборот, на работното место, принудувајќи го во најголем дел од денот составен од осум часа во состојба на небитисување, предизвикува слабеење на механизмите на одбрана и влошување на здравејто кое полека станува болест.
Тој станува човек одвнатре понижен и можеме само да претпоставуваме дека влошената здравствена состојба ќе се прошири на целиот организам. Дисциплинарните поплаки кои се испраќаат до Одборот на новинари на Ломбардија ги објаснуваат овие распространети и необјаснети болести.
Паничните напади се честа појава меѓу новинарите. Како да не си загрижен за нападите ако не знаеш зошто се појавуваат? Тоа е психолошка војна, без страни. Од човечка перспектива, влошувањето на реципрочната почит во секојдневните односи се интензивира. Лошото однесување е вообичаено, разговорите се полни со лоши зборови, вербалната агресија е насилна, навреди и кодошење.
Мобингот подразбира широк опсег на однесување. Тоа може да биде постојаното критикување на новинарот за работата, времето, начинот на кој пишува, квалитетот на понудата. Арогантноста на уредникот кој е завиден што еден од неговите новинари објавил книга, или конечно фактот што си новинар со деонтолошки поглед е доволна причина за мобинг.
МАРКЕТИНГ НОВ СОПСТВЕНИК НА МЕДИУМИТЕ
Мобингот е начин да се запрат луѓето на кои не може да се им верува кога станува збор за исполнувањето на маркетиншките цели. Оној кој одбива да пишува комерцијални статии не е од доверба и мора да биде казнет, да не му се дава работа, да биде критикуван за текстовите, времето, сенешто.
Но вистинската причина е отсуството на соработка при обидот за корумпирање. Мобингот е скапоцен сојузник. Кадровското одделение се преправа дека се грижи, го повикува работникот но не презема мерки за решавање на ситуацијата. Лицето е само и не разбира што се случува. Но законот е сепак на негова страна, ако собере храброст да го примени.
Новинарскиот денотолошки код по ова прашање вели дека она што го прават уредниците е криминално. На крајот, новинарот ги загубил сите бунтовни пориви и се помирува. Ја прифаќа новата улога, се дисквалификува самиот на пониско ниво, прифаќа понижувачки зборови. И така, без да знае, заглибил во калта на мобингот.
Тоа е чекалната пред крајот на неговата кариера и, како што ни кажуваат докторите и психолозите, болестите кои од психички стануваат физички.