Насловите се важни

Датум

Пред неколку години, приближно во исто време кога еден застрашувачко-возбудлив тренд наречен „социјални“ почна да станува поважен од оптимизацијата на алатките за пребарување, организациите на дигиталните медиуми открија дека ништо не е поважно од насловите, барем кога се работи за ефективно дистрибуирање на сториите преку социјалните медиуми.

Лекцијата брзо се прошири, небаре преку осмоза, низ сферата на дигиталните медиуми, и сега достигнавме точка на која времето и напорот вложени во „пакувањето“ на една сторија значително ќе го надминат времето и напорот вложени во самото пишување. И тоа важи за старомодните новински организации кои ја пишуваат сторијата пред  да имаат наслов за неа. Во многу дигитални медиуми, никој не се ни обидува да почне да пишува доколку прво нема добар примамлив наслов.

Дури и кај највешто срочениот наслов во светот, за секој еден кој ќе кликне на него, постојат стотици, можеби и илјадници други кои едноставно ќе го видат, ќе го дигестираат и ќе продолжат. Денес, како никогаш досега, луѓето се информираат од насловите

Она за што драгоцен мал број медиумски организации беа загрижени, меѓутоа, беше фактот дека дури и кај најумешно срочениот наслов во светот, за секој еден кој ќе кликне на него, постојат стотици, можеби и илјадници други кои едноставно ќе го видат, ќе го дигестираат и ќе продолжат. Денес, како никогаш досега, луѓето се информираат од насловите, само затоа што гледаат многу од тие наслови на Twitter и Facebook.

shutterstock_305148260

Што значи дека, за секоја несериозна новинска организација, обемот на сообраќајот кој го генерира една сторија мора да е помалку важен од пораката која ја праќа насловот, кога истиот ќе се оддели од статијата врз која стои. Во 2017 година, ќе биде потполно неадекватно да се оправда лош наслов со образложение дека никој кој не ја прочитал целата приказна од 4500 збора не е квалификува да дава оценка. Дури и оние кои ги добиваат своите вести од апликации на поединечни новински организации, во денешно време ги листаат насловите со брзина која била незамислива во времето на печатот. Информирањето од наслови е во целост легитимно, и новинарите повеќе не може да се кријат зад дамнешниот изговор „јас не го напишав насловот“.

Во пракса, тоа ќе значи дека доменот на насловите треба да се освои назад од тимовите за оптимизација на медиумите. Наместо тоа, оние кои најдобро ја знаат сторијата – вклучувајќи ги и оние кои всушност ја напишале – мора да добијат право на вето на наслови кои на кој било начин наведуваат. Што, да, ќе значи користење на „популист“ како еуфемизам за расист.

Генерално, новинарите ќе почнат да стануваат малку попонизни кога станува збор за разбирањето како нивните педантно напишани и фактички поддржани стории се консумираат во реалниот свет. Бидејќи поголемиот дел од времето, очигледно, никој не ги ни чита. Наместо тоа, само насловот се споделува одново и одново, од луѓе кои не се ни помачиле да кликнат на сторијата. Што значи дека во 2017 година, повеќе од кога и да е, насловите ќе бидат тие кои ќе навистина ќе значат.

Феликс Салмон е постар уредник во Fusion.

 

Останати
објави

Сподели на...