Не исмевајте, проверувајте

Датум

Минатата година, во текот на изборната кампања, новинарите се прашуваа како и дали да ги проверуваат фактите за политичките фигури во живо во етер.

Гостувањето на Келиен Конвеј во неделното утринско издание на “Meet the Press” е јасен знак дека овие прашања се сè уште актуелни. Советникот на Претседателот Трамп се расправаше со домаќинот Чак Тод за неоснованите тврдење на Секратарот за печат за бројот на луѓе присутни на инаугурацијата на Трамп. Вака се одвиваше размената:

Тод силно се спротивстави на сугестијата на Конвеј дека Секратарот за печат Шон Спајсер дал „алтернативни факти“.

„Алтернативните факти не се факти. Тие се измислица, “ рече Тод. Твитер гореше по оваа дискусија, и #alternativefacts набрзо стана светски тренд.

Алернативни факти сепак постојат. Затоа прверувачите на факти (вообичаено) ги проценуваат тврдењата на политичарите според скала наместо врз основа на точно/неточно. Начинот на кој се утврдува дали одредено тврдење е точно или не е преку барање сигурни и релевантни докази. Алтернативните факти може да се ирелевантни, но сепак точни.

Еве неколку алтернативни факти: Д.Ц. има прекумерна демократска популација. На инаугурацијата на Трамп врнеше. Проценките за бројот на присутни се често оспорувани и несигурни. Ниту една од овие не докажува дека на инаугурацијата на Трампа присуствувала најголема толпа видена досега во историјата, но ниту еден од нив не е ни неточен.

Да појасниме, прес конференцијата беше полна со неточности, не алтернативни факти. По хронолошки ред:

  1. „За прв пат во историјата на нашата нација се користеа покривки за да се заштити тревата во Националната алеја.“ Неточно: се користеа и во 2013 година.
  2. „Знаеме дека 420.000 луѓе го користеа метрото вчера, во споредбасо 317.000 на последната инаугурација на Обама.“ Неточно: бројките од 11:00 часот објавени на Твитер од Washington Metropolitan Area Transit Authority, како и бројките објавени на крајот од денот, покажуваат дека бројот на патници во 2017 е многу помал од оној во 2013.
  3. „Никогаш досега немало толкава публика на инаугурација – точка – на лице место и низ целиот свет.“ Делот за публиката присутна на лице место не само што е неточен, туку се коси и со сите достапни докази. Фотографската анализа на големината на толпата има големи маржи на грешка, но експертите се сигурни дека бројот на присутни во Националната алеја бил многу помал од оној во 2009.

Сепак, во ниту еден момент во интервјуто со Конвеј, Тод не ја притисна да даде фактички докази за наводите на Спајсер.

Наместо тоа, тој само рече дека „четири од петте факти кои ги навел едноставно не биле точни.“

На гледачите кои не знаат кои се тие факти – или доказите кои го тврдат спротивното – не им беше кажано за што се работи и зошто тие се невистинити. Најблиско нешто до проверка на факти се случи на почетокот на шоуто, пред Конвеј да настапи, кога беа споредени фотографии од инаугурациите од 2009 и 2017.

Конвеј можеше да избегне да зборува за точноста на тврдењата на Спајсер бидејќи грешките не беа детално образложени во текот на интервјуто. Поради тоа, таа можеше да го сврти разговорот на тонот наместо на фактите.

„Мислам дека е всушност симболично за начинот на кој сме третирани од новинарите…начинот на кој сега ми се смеевте,“ рече таа.

Сигурен сум дека овој разговор, наводно за факти, не го промени мислењето на ниту еден гледач. Оние кои од почеток му верувале повеќе на Тод, веројатно и му верувале за големината на толпата. И обратно.

Проверката на факти на телевизиско интервју во живо е екстремно тешко и бара брза и експертска продукциска работа.

Но фактите презентирани на шоуто веќе беа проверени од неколку медиуми и нивните наоди можеше да бидат споменати. Наместо да биде исмејувана за „алтернативни факти“, Конвеј требаше да биде соочена со доказите против тврдењата на Спајсер за бројот на корисници на метрото или она за „најголемата публика“ во историјата.

За жал, пристапот од 2016 се чини дека ќе продолжи и во 2017

Останати
објави

Сподели на...