Новинарите во ерата на Трамп

Датум

Не бидете надмени и не заборавајте на вашата мисија

Пишува Margaret Sullivan

Новинарите можеби ги бидува за вести – кои по дефиниција се нешто неочекувано или нешто ново – но ужасно се лоши кога треба да ја напуштат својата зона на комфор

Земете ја, на пример, деценијата на понизна несвесност за нивниот загрозен бизнис модел кој следеше по апокалиптичното пристигање на Craiglist, кој им го одзеде клучниот приход од рекламирање.

Накусо, ние (да, се вклучувма и себе си тука) не се справуваме добро со промени.

И сега ние – традиционалните, конвенционални медиуми – мора да се промениме.

Доналд Трамп беше кандидат и ќе биде претседател за кој ќе треба да се известува на значително различен начин. Ако 70-ите го донесоа, преку Том Вулф, Џоан Дидион и Нормал Мејлер, она што се нарекува „Ново новинарство“, предлагам дека сега ни е потребно Ново ново новинарство.

Еве неколку начини на кои новинарството може да биде преродено:

  1. Отфрлете го моделот пристап наспроти одговорност. Кој ќе ја добие следната посакувана сторија? Најчесто тоа е репортерот кој највешто ја играл играта на пристап – оној кој е доволно омилен кај моќните креатори на вести за да добие наклонетост, без да се откаже од основниот кредибилитет и интегритет. Тоа е новинарство на пристап.

Новинарството на одговорност, пак, често се врши на страна, од оние кои не треба редовно да се справуваат со провајдерите на вести. Но само оние најмногу подготвени, дури и неофицијално, да станат дело од  тимот на Трамп ќе добијат постојан и сигурен пристап (На ум ми паѓаат Шон Хенити од Fox News, Џо Скарборо од MCNBC и Марк Халперин од Bloomberg Politics).

  1. Направете го својот избор.Не сè што вели и прави Трамп заслужува исто ниво на реакција и известување. Твитовите на избраниот претседател во кои тој го критикува мјузиклот „Хамилтон“ е една работа. Предложеното назначување на Џеф Сешнс, со неговата историја на расистичко однесување, како јавен обвинител е нешто сосема друго. (Практично решение: Помалку внимание давајте на твитовите. Повеќе на делата. Ако копате подлабоко, дури и ако тоа не е преку вашата новинска агенција, секако ќе дознате повеќе).

Трамп е, секако, многу вешт во дефокусирање и манипулирање со медиумите. Можно е да се одолее на неговите „додворување“, но потребна е постојана саморегулација.

  1. Сфатете ја бесполезноста на зборувањето во празно. Како непоправлив проучувач на кометарите на читателите, можам да ви кажам дека читателите на либерални публикации се често паметни, речити и, во најголем дел, исто толку либерални колку и повеќето колумнисти и писатели на едиторијали. Одлично е, претпоставувам, што сите се на иста стрна, но со тоа не се постигнува многу.

Ако медиумите научиле нешто по кампањата, тоа би требало да биде дека групното размислување има тенденција да ја промаши поентата и дека на новинарската кусогледост ѝ се потребни јаки корективни очила.

Направете нешто различно. Застапувајте ги интересите на поширока, идеолошки разновидна популација. Дознајте што мислат и чувствуваат – и зошто.

  1. Станете дебелокожци.Начинот на кој Трамп ги користи мејнстрим медиумите како боксерска вреќа само ќе се влошува. Тоа значи дека неговите најстраствени следбеници ќе ги мразат традиционалните новинари, особено оние од редакциите во Њујорк Сити и Вашингтон.

Не е забавно кога ве обвинуваат за глупавост или правење зло. Тоа е особено тешко да се издржи кога верувате во она што го пишувате или емитувате и сметате дека е важно.

Па што. Тоа се само хиперболични навреди. Преболете. Завршете ја работата и не очекувајте сите да ве сакаат.

  1. Борете се против лудилото и невистината, иако знаете дека често нема да ви веруваат. Во овој чуден нов свет на лажни вести, теории на заговор, измами – и незамисливиот удел на социјалните медиуми во нивното ширење – фактите и вистината често се губат во вревата.

Еден одговорен медиум треба да биде особено внимателен да не шири ненамерно лаги со тоа што ќе ги анализира. Некои медиуми паднаа во таа замка кога известуваа за неоснованите тврдења на Трамп за нелегалноста на изборите.

Факт е, иако разочарувачки, дека многу луѓе не прават разлика помеѓу лажни вести, теории на заговор и проверени факти. Ниту пак им е грижа.

  1. Дадете контекст.Ова е уште еден начин да кажете „Не нормализирај“, што почнува да го губи своето значење со повторување. На пример, наместо да речете за Стив Банон дека „не е лош“ или, уште полошо, дека е „контроверзен“, објаснете подетално што тој сторил за да ја направи интернет страницата Breitbart рај за белите расисти.
  2. Не бидете надмени. И не заборавајте на вашата мисија. Новинарите треба да престанат да се перцепираат како сезајни. Очигледно, тие – ние – често не сме. И, како што Дејвид Ајзенхауер рекол, тие не се ни приближно толку интересни колку што мислат.

Но новинарската мисија – да се бара одговорност од моќните – останува од круцијална важност. Можеби повеќе од било кога.

Дали е можно новинарите да имаат чувство на скромност за нивната работа, дури и тогаш кога кога горат со цел? Рамнотежата тешко се постигнува.

Но тоа е предуслов за Новото…ново новинарство.

Останати
објави

Сподели на...