Новинарството е доблесна професија

Датум

Време е да се потсетат читателите дека новинарството е доблесна професија

Сите од Џорџ Вашингтон до Винс Ломбарди употребиле варијација на „Најдобрата одбрана е добра одбрана“. Можеби е време новинарството да престане да се брани и да премине во напад.

Популарната теорија е дека „медиумите“ се секта на црна магија чии членови редовно се состануваат со таен поздрав, ги врзуваат чорапите во обратен јазол пред да ги фрлат на кладата и потоа одлучуваат за „агендата на либералните медиуми.“ Бројните анкети покажуваат дека јавноста верува дека сме пристрасни и дека пристрасно известуваме. И сега најмоќниот функционер во Америка ги засилува таквите верувања.

Оние кои работеле во редакции знаат дека иако често постои „групно размислување“ кое треба да се предизивика, повеќето новинари се етички, независни и горди што работат во индустрија која помага во јакнењето на американската демократија.

Во нашата борба против етикетите како „лажни вести“, озборувачи и непријатели на американскиот народ, треба да ѝ кажеме на јавноста колку етични се повеќето новинари и како си ја вршат работата без пристрасност.

Ние не сме непријатели на луѓето. И треба да им кажеме зошто.

Го отворив неделниот весник во Вентура Каунти, Калифорнија, и видов исклучителен пример за тоа колку добро работиме и колку сме важни.

Ако има професија која е почеста мета на напади од новинските медиуми, тоа е локалната полиција. Ventura County Star назначи девет новинари да ја поминат ноќта во патрола со полициски службенции од агенции од целата земја. Покрај неколкуте извонредни стории во весникот Sunday, таквиот чекор ја изложи полицијата – и јавноста – на новинарите и како тие ја вршат својата работа како незасегнати набљудувачи.

Кои други индустрии назначуваат народен правобранител или претставник за грижа за корисници кои треба да ги поправат грешките на новинарите? Дали некогаш сте се обиделе да добиете признание од болница или авто салон дека направиле грешка?

Тоа е важно. Во нашата борба против етикетите како „лажни вести“, озборувачи и непријатели на американскиот народ, треба да ѝ кажеме на јавноста колку етични се повеќето новинари и како си ја вршат работата без пристрасност.

Колку луѓе сте изненадиле во својата кариера со тоа што сте им кажале какви подароци не смеете да прифаќате? Во другите индустрии, стандардна пракса е помеѓу продавачите да ги наградуваат своите купувачи со подароци – билети за спортски настани, на пример. Новинарите не можат да примаат такви подароци. Јавноста тоа не го знае. Многу извори ме прашувале, „Колку ќе ме чини оваа сторија?“

Кои други индустрии назначуваат народен правобранител или претставник за грижа за корисници кои треба да ги поправат грешките на новинарите? Дали некогаш сте се обиделе да добиете признание од болница или авто салон дека направиле грешка? „Самопроверката“ во многу од овие индустрии се состои во телефонска анкета по продажбата која од вас бара да ги оцените од 1 од 10. Едноставно не е исто.

И можете ли да замислите друга индустрија која поставува фигуративен и физички ѕид помеѓу делот од бизнисот кој носи пари (рекламирање) и делот од бизнисот кој носи клиенти (вестите)? Често избираме приоди кои директно влијаат на нашата поента и чест ни е тоа да го правиме. Искусните новинари пишувале статии поради кои рекламирачите престанале да рекламираат. И новинарите ги задржале своите работни места.

Антисептичкиот живот на новинарите би шокирал многу Американци. Јавноста треба да знае дека новинарите не можат:

  • Да прифатат хонорар додека зборуваат со група која има политичка агенда и се обидува да влијае на вас.
  • Да преземат дури и најмала информација од друг автор без да дадат соодветно признание за тоа.
  • Да бидат дел од непрофитен одбор кој работи за доброто на заедницата доколку таквата активност би можела да влијае врз начинот на известување и уредничко пишување.
  • Да се вклучат во политичка активност преку учество на митинзи или донирање пари.
  • Да направат инвестиција врз основа на информации кои ги добиле за заедницата додека известувале.
  • Да се закануваат дека ќа ја искористат својата положба на новинари за да добијат лична корист.
  • Да одржуваат дистанца со кој било член на јавноста (вклучително креатори на влијателни вести) кој би можел да се обиде да влијае на начинот на известување.

Само кога би можеле на нашите читатели да им покажеме колку е ова важна и доблесна професија. Но нема да ја добиеме нивната доверба со тоа што ќе се обидуваме да ги надвикаме нашите опоненти. Треба да одиме во офанзива.

 

Тим Галахер е претседател на  20/20 Network, компанија за односи со јавност и стртешка комуникација. Тој е поранешен уредник и издавач на весниците The Albuquerque Tribune и the Ventura County Star и добитник на Пулицеровата награда. Достапен е на tim@the2020network.com.

Останати
објави

Сподели на...