Новинарството не е мртво

Датум

Емили Фишер

„Но зарем  новинарството не е професија  на умирање?“ ме праша финиот старец кој го сретнав додека ставав бензин минатиот понеделик.

Ми требаа неколку секунди да размислам што да му одговорам. Сигурен сум дека немаше намера да биде неучтив и вистински го интересираше зошто сум решил да студирам новинарство, но додека стоев така слушајќи како бензино се точи во автомобилот, не можев да смислам одговор. Па само се насмеав, како тоа да беше шега, го поздравив и си заминав.

Не е прв пат да ми биде поставено такво прашање. Всушност, стана вообичаено. Но овој од сите понеделници,  додека возев со полн резевоар кон  Универзитетот во Невада, се сетив на одговорот: Новинарството не умира, тоа еволуира.

Ми дојде да се вратам на бензинската пумпа, да го најдам старецот кој беше потпрен на неговата сребрена Хонда Акорд и да му одговорам, но сфатив дека мора да е одамна веќе заминат. Но бев задоволен, бидејќи конечно најдов едноставен одговор на ова лукаво прашање. Еден дел од мене не можеше да поверува дека ми требаше толку долго. Другот дел знаеше дека одговорот на прашањето е многу покомплексен отоколку што се чини.

Светот во кој живееме се менува речиси секоја секунда со воведувањето на нови технологии, идеи, и и проблеми. Истото важи за светот на новинарството. Одеднаш, секој може да биде „новинар“ и да ги споделува своите идеи благодарение на социјалните медиуми, блоговите и интернет новинските страници. И  додека ваквата достапност можеби е добра бидејќи ни овозможува пристап до повеќе мислења и информации, таа исто така значи дека линијата помеѓу аматерот и професионалецот сè потешко се дефинира и придобивките од студирањето новинарство се доведуваат во прашање.

Линијата помеѓу аматерот и професионалецот сè потешко се дефинира и придобивките од студирањето новинарство се доведуваат во прашање

Ова прашање не е небитно. Едно пребарување на гугл ќе ве однесе до изобилие од статии, дискусии и цели интернет страници посветени на темата „смртта на новинарството“. Блоговите како “Reflections of a Newsosaur” напишани од ветеранот новинар и професор Alan D. Mutter имаат постови дури од 2004 година со наслови како „Тиражот не весниците падна до ниво на 1984 во 2011 година“, „Збогум пак, Чикаго Дејли Њуз“ и „Дали весницитее треба да го напуштат интернетот?“

Сето ова е доволно за повеќето луѓе да му кажат на новинарството „почивај во мир“. Но работата е што претпоставката на луѓето е многу погрешна. Можеби има докази дека печатените вести умираат, но тоа не значи дека и новинарството умира заедно со нив. Историски гледано, новинарството и печатените медиуми одеа рака под рака, но сега тие се разделени како никогаш.

Во сите возрасни групи постепено опаѓа  бројот на читатели на весници а не се само кај новите генерации, што е популарно верување. Интернет весниците ја крадат публиката од печатените медиуми.

Тоа не е единствената промена во начинот на кој луѓето доаѓаат до вести. Во извештајот на State of News Media 2015, Pew Research Center открива дека од најдобрите 50 интернет страници за дигитални вести, 39 изјавиле дека имаат повеќе сообраќај на нивните страници од мобилни уреди отколку од десктоп компјутери. Дури и старецот на бензинската држеше паметен телефон, и сигурно е  дека на некој начин добива вести преку него.

Мобилните корисници, меѓутоа, генерално минуваат помалку време на интернет страници отколку корисниците на декстоп комјутери.

Тоа претставува нова серија предизвици за модерните новинари. Да се привлече и задржи вниманието на публиката, да се опстане помеѓу милиони нови извори на вести и да се остане верен на основите на новинарството кои сите ги прифаќаме.

Се чини невозможно да се избалансираат овие работи во нашиот брз и секогаш менлив свет. Можеби не го знаеме совршеното решение на сите овие предизвици, но знаеме дека ќе треба многу работа за тоа да се најде.

Затоа е поважно од кога и да било да ја учиме новата генерација на новинари на вештините што ќе им бидат потребни да ја водат индустријата низ овие променливи времиња.

Затоа е поважно од кога и да било да ја учиме новата генерација на новинари на вештините што ќе им бидат потребни да ја водат индустријата низ овие променливи времиња.

„Младите ќе размислуваат дигитално  и природно ќе помогнат да се премости културниот јаз помеѓу печатените и дигиталните медиуми, извор на кавги во многу редакции“, пишува Mona Zhang, фриленс уредник и писател.

Добро е што повеќето студенти не се плашат така лесно, бидејќи мислам дека нема ништо подобро од тоа оваа индустрија која постојано се развива да ја водат група луѓе кои историски покажале најголема наклонетост кон промена и размислуваат на начин кој ќе помогне да се затвори јазот во индустријата.

Затоа, како студент кој сака да дипломира новинарство, најмалку сакам да слушам „Нели е новинарството професија на умирање?“ Промената не значи смрт, туку прогрес.

Не можам а да не се запрашам, што ќе кажеше тој фин старец што го сретнав пред некој ден ако му го кажев сето ова?

Останати
објави

Сподели на...