Новинарство без став е бегање од одговорност

Датум

Пет минути за Хитлер, пет минути за Евреите. И потоа што? Пет минути за ИСИС, пет минути за Шарли Ебдо?

Леонард Питс

„Пет минути за Хитлер, пет минути за Евреите.“

Тоа, според легендата – и Facebook страницата за дипломците на Miami Herald – беше рутинскиот одговор на уредникот од 80-ите секогаш кога некој несреќен новинар се трудеше од петни жили да „избалансира“ сторија која всушност и не требаше да биде избалансирана; кога моралниот авторитет очигледно бил во рацете на една или друга страна.

Не знам кој бил уредникот, но таквиот одговор отсликува мудрост која им недостасува на модерните медиуми, во нивната опседнатост со заблудата дека е можно новинарство без став и морален суд.

Да го земеме како пример А: Жерард Бејкер, главен и одговорен уредник на Wall Street Journal. Во едно неделно интервју со новинарот на NBC Чак Тод од “Meet the Press“, тој објасни зошто неговиот весник одбива да ги етикетира измислиците на Доналд Трамп како лаги.

„’Лага’, вели тој, значи многу повеќе од кажување нешто кое не е точно. Таа подразбира свесна намера да наведе.“

Подобро, тврди тој, да се пренесе одреден став на Трамп, да се спореди со фактите и да се остави на публиката да облучи. Инаку, според него, „одите на ризик да изгледате необјективни“.

Покрај тоа, додава тој, Хилари Клинтон исто така кажа некои невистини, но медиумите не побрзаа да ја етикетираат како лажга.

Секако, факт е дека Трамп е лажго – и тоа невиден лажго. Претпочитаниот метод на Бејкер по тоа прашање е нешто како известување за секоја капка дожд, без никогаш да се спомене бурата.

некои известувачи, стравувајќи дека ќе бидат етикетирани како „пристрасни“ за спорни прашања, сакаат да се заштитат со ритуално цитирање на извор од Страната А и друг од Страната Б, избегнувајќи дури и болно очигледни заклучоци. Тие го нарекуваат тоа „фер и балансирано“. А всушност е кукавичко и глупаво

И споредувањето на невистините на Трамп со оние на Клинтон е како споредување на резултатите на Карим Абдул-Џабар со оние на Зан Табак. Абдул-Џабар е најдобриот поентер на сите времиња во историјата на НБА. Веројатно никогаш не сте чуле за Табак, иако и тој играше во НБА и, од време на време, даваше по некој кош.

mg_feature-1_3801

Начинот на размислување на Бејкер стана превообичаен. Со очигледниот исклучок на одредени следбенички нови медиуми, некои известувачи, стравувајќи дека ќе бидат етикетирани како „пристрасни“ за спорни прашања, сакаат да се заштитат со ритуално цитирање на извор од Страната А и друг од Страната Б, избегнувајќи дури и болно очигледни заклучоци. Тие го нарекуваат тоа „фер и балансирано“. А всушност е кукавичко и глупаво.

Пет минути за Хитлер, пет минути за Евреите.

И потоа што? Пет минути за ИСИС, пет минути за Шарли Ебдо?

Да, овие се чудни примери. Но се исто така и логични екстраполации.

Факт е дека новинарството без суд – морален суд – не може да постои. Ако се сомневате, напревете го следниот експеримент.

Да, медиумите мора да се трудат да бидат фер, да бараат одговорност од сите страни, да понудат балансиран став. Но некогаш, доаѓа до момент – субјективен, но не помалку реален – кога барањето морална еднаквост помеѓу тие страни е лага, акт на новинарска несовесност

Вие се менаџер на медиум на денот кога градоначалникот ја сече лентата на нова болница и се случува масовно пукање во трговскиот центар. Која ќе биде вашата главна приказна? Пукањето? Зошто? Нема ли болницата да има поголемо директно влијание врз повеќе луѓе? Ако го изберете пукањето, кој агол ќе го земете? Кои ресурси ќе ги искористите? Кои одговори ќе ги барате?

Честитаме, само што извршивте повеќе акти на морален суд.

Да, медиумите мора да се трудат да бидат фер, да бараат одговорност од сите страни, да понудат балансиран став. Но некогаш, доаѓа до момент – субјективен, но не помалку реален – кога барањето морална еднаквост помеѓу тие страни е лага, акт на новинарска несовесност.

Во овие опасни времиња, со влегувањето на апсолутизмот во Белата куќа и бизарните невистини кои го инфектираат нашиот национален дискурс, тоа е грев кој не можеме да си го дозволиме.

Никој не требало да го потсети Волтер Кронкајт или Едвард Р. Муроу на потребата да ја зборуваат вистината кога вистината била едноставна и моралниот императив јасен. Никој не требало да ја потсети оваа генерација ниту за новинарството.

Секоја приказна има две страни, вели аксиомата. Но знаете што?

Понекогаш има само една.

Леонард Питс е колумнист за The Miami Herald, 1 Herald Plaza, Miami, Fla., 33132. Email, lpitts@miamiherald.com.

Останати
објави

Сподели на...