ИЗВЕШТАЈ НА ИНСТИТУТОТ РОЈТЕРС ЗА ЛОКАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ВЕСНИЦИ
Овој извештај истражува како локалните и регионалните весници во Европа ги прилагодија нивните уредувачки и бизнис стратегии за да останат одржливи во услови на дигитализација на медиумите. Иако овие традиционални медиуми продолжуваат најголем дел од приходите да ги добиаат од печатените изданија, тие сепак, ја препознаваат потребата да инвестираат во високо квалитетни, различни дигитални содржини кои им служат на постојните читатели додека привлекуваат нови кои ќе им ја обезбедат иднината.
Се фокусираме на тоа како овие локални и регионални редакции го прифатиле преминот кон платени онлајн содржини, вклучувајќи ги моделите со бесплатни, премиум пакети, микроплаќање и моделот со донации од читателите. Оваа „транзиција кон плаќање“ резултираше во значителни промени на тоа како редакциите им пристапуваат на своите производи и го одделуваат новинарството со дополнителна вредност, што води до нови улоги и рутини во редакциите, создавање на содржини и менаџирање на стратегиите, како и тактиките за дистрибуцијата на вестите на различни платформи.
Ова истражување е засновано на 20 интервјуа направени помеѓу декември 2019 и март 2020 со раководители и уредници на осум локални и регионални весници во четири земји (Финска, Франција, Германија и Обединетото кралство). Седум од овие медиуми беа дел и од извештатјо Дигиталната транзиција на локалните вести од 2018 година – „Јоркшир Пост“ од ОК е нов медиум во овој извештај. Моделот на сопствеништво на овие весници се дели на две групи – независен и групен модел и одговорите на интервјуираните ги рефлектираат и спецификите на земјата и универзалните грижи за локалните медиуми.
Наодите на овој извештај се:
- во последните две години, сите од разгледуваните весници направиле транзиција на дигиталните стратегии во чија основа е бркањето поголем број на публика, профит преку реклами или мешавина од двете, кон фокусирање на градење на долгорочни врски со читателите кои плаќаат за онлајн содржини во форма на претплати, членарина, пристап до премиум текстови, донации или микро суми.
- Приоритет на овие медиуми се лојалните читатели наспроти случајните посетители кои се водат по платформите како Гугл и Фејсбук. Тие се трудат да ја привлечат оваа публика преку создавањето различни содржини со значајни содржини кои ги рефлектираат и класичните функции на локалното новинарство – покривање криминал, судство и сообраќај – но и дозволуваат постојано експериментирање со долгите текстови, новинарство базирано на податоци и новинарство базирано на решенија.
- Овие редакции го прифатиле комерцијалното размислување кое поддржува прифаќање на нови уредувачки процеси и улоги за зголемување на дигиталните приходи, вклучувајќи ја и стратегијата за закажани содржини, зголемување на вниманието и ангажманот, вонредни вести, создавање аналитични текстотви,развивање нови производи како подкасти и дигитални писма, соработка помеѓу уредничкиот и комерцијалниот оддел и споделување на содржините меѓу повеќе издавачи.
- Ова фокусирање на градење врски создаде промени во стратегиите за социјалните платформи на овие редакции, особено во поглед на Фејсбук, кој останува значаен создавач на онлајн сообраќај. Исто како што Фејсбук како компанија се преоринтираше од јавни постови на групни и приватни пораки, весниците го намалија нивното потпирање на оваа платформа за постигнување поголем број на посети и наместо тоа го користат стратешки, за промоција на претплати, поврзување со таргет групи и за досег до нова публика.
Севкупно, уредниците и менаџерите интерјуирани за овој извештај се оптимисти околу потенцијалите на стратегиите поврзани со плаќање за содржини за максимизирање на ресурсите, и многумина од нив веќе имаат постешени зголемувања на дигиталните приходи. Тие исто така изразија загриженост за нивната можност да продолжат со иновации во нивните дигитални понуди, да го задржат талентот во редакциите и да ги задржат и привлечат читателите кои ја препознаваат вредноста од поддржувањето на високо квалитетно локално новинарство.
Интервјуата направени во август 2020 само покажаат дека овие предизвици биле уште повече зголемени со почетокот на кризата со пандемијата со КОВИД-19. Иако многу од овие медиуми на почетокот се соочија со невиден онлајн сообраќај на нивните дигитални изданија, пред се поради интересот на публиката за локални информации за тестирање, број на заразени, затворања и слично, сепак, тие искусија големпад во приодите од реклами, од настани и од печатените изданија. Некои од медиумите се соочија со заминувања, откази и затворање. Сепак, потребата за точни, кредибилни информации од локалната заедница се уште постои и овие редакции остануваат посветени на создавање и засилување на вредностите на локалните вести.
Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.