Почетоците на истражувачкото новинарство се поврзани со жени

Датум

Медиумската индустрија драматично се промени во 19-от век. Во генерациите претходно, само мал дел од населението било писмено. Со порастот на бројот на луѓе од работничката класа со основно образование, значеше и многу поголема потенцијална читателска публика за весниците.

Со технолошките иновации што печатењето на весници го правеа поевтино од порано, новата потенцијална публика беше огромна. Весниците почнаа да се натпреваруваат за придобиваање на новите клиенти. Секојдневно се објавуваа прашања. Победи весникот со најшокантни, најинтересни и скандалозни приказни. Читателите сакаа неверојатни детали за забава.

Уредниците на весниците требаше да ги испечатат најинтересните приказни пред нивните конкуренти. Тие можеа да го направат тоа со испраќање на новинари на тајни задачи, како инфилтрација во моќни институции.

Повеќето репортери во тоа време беа мажи кои, се разбира, во прво време беа испраќани од уредниците на такви и слични тајни задачи. Набрзо откриле дека институциите во кои сакале да се инфилтрираат почнале да се сомневаат кон нив.

Луѓето се двоумеле дали да споделат тајни со некој чуден човек, бидејќи тој можеби е новинар. За да се заобиколи таквиот проблем, уредниците направија избор што беше невообичаен за тоа време и почнаа да ангажираат жени како истражувачки новинари.

Тие станаа познати како „каскадерки“, термин кој требаше да биде погрден. „Каскадерките“ често биле млади и немажени и беа сè што не требаше да бидат, како на пример угледни дами.

Во желбата за градење на лични кариери, тие се ставаа во компромитирачки и често опасни ситуации при инфилтрирање во јавни институции, во болници, во затвори и во други организации кои често не биле под лупа.

Една од првите каскадерки беше Елизабет Џејн Кокран, која пишуваше под псевдонимот Нели Блај. Таа минала нешто повеќе од една недела на тајна задача во лудница на островот Блеквел во Њујорк.

Во нејзината серија на написи со наслов „Десет дена во луда куќа“ објавени во списанието New York World во 1887 година, Блај опиша колку лошо се однесувал персоналот со ментално болните пациенти. Нејзините написи водеа кон реформи во политиката и зголемување на финансирањето на институциите.

Текстовите беше одлично прифатени од читателите. Тие беа напишани во прво лице еднина, а јазикот што го користеше Блај беше лесно разбирлив. Блај донесе многу пари за нејзините работодавачи и примерот со неа беше пресвртница за повеќето весници да изразат подготвеност за ангажман на жени како новинари.

Откако Нели Блај ги разоткри лошите работи во третирањето на ментално болните, други „каскадерки“ го привлекоа вниманието на многу болести во 19-от век. Ева Валеш, на пример, ги разоткри небезбедните работни услови во индустриските перални, додека Нора Маркс откри дека многу мали деца биле држени во ужасни услови во окружните затвори.

Со начинот на кој известуваа, „каскадерките“ инспирираа заштитни закони за трудот и го зголемија финансирањето на болниците и на јавните институции. Тие, исто така, инспирираа и промени во општеството на поиндиректен начин.

Во 80-тите години од 19-от век, новинарките можеа да пишуваат колумни само на страниците за жени. Но, на почетокот на 20-от век, сè повеќе подрачја им припаѓале на жените.

„Каскадерките“ не го променија светот само со она за што пишуваа. Револуционерен беше и начинот на кој пишуваа. Користејќи го секојдневниот речник, тие пишуваа текстови кои беа достапни и разбирливи за сите. Нивното пишување не беше претенциозно. Дури и современите читатели сè уште можат да ја ценат нивната кореспонденција.

„Каскадерките“ напишаа емотивни приказни во прво лице за вистински настани. Некои научници велат дека токму „каскадерките“ го создале креативниот жанр не-фикција или барем го популаризирале. Еден познат пример за ова е патувањето на Нели Блај.

Во 1889 година, Блај тргна на патување низ светот. Таа сакаше да го надмине рекордот на Филијас Фог, измислениот протагонист во романот „Пат околу светот за 80 дена“ на Жил Верн. Блај го опиша своето патување во серија на написи за „Њујорк Ворлд“ и на крајот го победи Фог за осум дена.

Фото: Unplash.com

Извор: historyofyesterday

Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.

Останати
објави

Сподели на...