По падот на канадските локални медиуми, една иницијатива предизвикува надеж

Датум

Во април, брзото топење на снегот, доведе до опасно ослободување на отпадна вода загадена со арсен во рудник за злато во областа Јукон, Канада. Инцидентот можеби беше закопан во документите на компанијата, ако за тоа не беше информиран локалниот репортер Жилиен Жињак кој штотуку започнал со работа за истражувачкиот магазин „Нарвал“, пишува Ана Роледер за Меѓународната новинарска мрежа.

„Сторијата на Џулиен во врска со депонијата на отпадни води во златен рудник и неговото истражување за последиците од банкрот на рудникот за цинк беа меѓу нашите шест најчитани приказни [во јуни 2020 година]“, рече Арик Лигети, уредник во „Нарвал“.

„Двете дела привлекоа внимание надвор од Јукон, каде 60-70% од интересот доаѓаше од Британска Колумбија, Алберта и Онтарио. Значителен удел на публиката имаше и од бизнис центрите како Калгари, Торонто и Ванкувер “.

Ниту написите на Жилиен Жињак, ниту нивното влијание немаше да се материјализираат пред една година. Локалните вести во Канада бележат драстичен пад, како резултат на предизвиците во дистрибуцијата и загубите на приходите што го надвиснуваат новинарството во целиот свет. Но, новата програма на федералната влада, наречена „Иницијатива за локално новинарство“ (ИЛН) нуди надеж и лекции од кои може да се научи, како да се промени приказната.

Според „Извештај за Америка“ во САД и „Локалната демократска служба за известување“ во Велика Британија, ИЛН беше основана на крајот на 2019 година за да го зајакне протокот на вести во непокриените места во Канада. Меѓутоа, една од клучните разлики во однос на другите програми за субвенционирање на новинарството е тоа што ИЛН е формиран како петгодишен фонд, вреден 50 милиони канадски долари, со што долгорочно се обврзува кон локалните вести. ИЛН, исто така, ја стави соработката во преден план, со посветен проток на вести, напојуван од отворена и достапна технологија, заедно со едноставни правила за дистрибуција и споделување содржини.

Ема Гилкрист, соосновач и главен уредник на „Нарвал“, рече дека мисијата на проектот е информирање и зајакнување на граѓаните, она што ја мотивирало да аплицира за грант за ИЛН.

„Да се ​​има репортер со седиште на север е навистина важно за нас, бидејќи жителите на северот ги доживуваат влијанијата на климатските промени од прва рака на навистина опипливи начини и со побрзо темпо од јужните“, рече Гилкрист.

Грантовите на ИЛН се доделуваат на новински куќи за да ангажираат репортери за одредена тема, како што се локалната самоуправа, животната средина или други локални теми. Сепак, грантовите се флексибилни, така што репортерот на ИЛН може да покрива и најнови вести. Жињак беше вработен на таков начин.

Оли Вилијамс, уредник на програма и вести на грантистот на ИЛН, „Кабин радио“ во Јелоунајф, рече:

„Ние бевме во можност да исвестуваме за политиките на регионот Дехчо во Северозападните територии во многу поголема длабочина отколку што инаку би било можно, и ние бевме способни да го покриеме влијанието на пандемијата врз регионот на начин што претходно не би бил возможен“.

Ваквите ветувачки рани резултати се поткрепени со технологијата што стои зад проектот. Додека „Њуз Медија Канада“, најголемиот административен партнер на иницијативата, ги доделува грантовите, „Канадски печат“, оперативниот лидер на проектот, е одговорен за содржината на порталот на ИЛН.

„Канадски печат“ избра платформа со отворен код, наречена „Супердеск њусхаб“, која беше ко-развиена од австралискиот „Асошиејтед Прес“ и софтверска компанија со седиште во Прага, „Сорсфабрик“.

„Бидејќи е дизајниран од новинари, тоа ни дава леснотијата во користењето и интуитивен начин на работа“, рече Ендру Ланди, потпретседател за дигитализација во „Канадски печат“.

Во суштина, Порталот за вести ИЛН создаде локална информативна мрежа за мали и независни медиуми, со бројни надворешни соработници што известуваат од целата земја. Тоа наложува решение кое е лесно за користење, веб-базирано, двојазично на француски и англиски и по потреба може да се прошири.

„Со досега доделени 200 грантови, веќе во просек имаме околу 2.500 приказни месечно и слободно може да се каже дека наскоро ќе достигнеме 3.000“, рече Гери Арнолд, извршен уредник на „Канадски печат“.

Содржината на ИЛН веќе започна да се превзема од новинските медиуми во земјата, дури и помеѓу ривалите во ист регион. Ејми Логан, уредник за ИЛН во „Канадски печат“, забележа:

„Постојат жестоки конкуренти во Норт Беј, Тиминс и Садбери [сите од Онтарио] кои ја превземаат содржината едни од други“.

Се појавува и меѓу-регионална соработка, бидејќи медиумите од соседните провинции објавуваат приказни едни од други. Неколку од приказните на Жињак, на пример, се превземени од весниците во Саскачеван.

„ИЛН е одлична иницијатива за поголема покриеност во областите на кои им е потребно повеќе внимание. Говорејќи од моето досегашно искуство, има неискористен потенцијал во Јукон за публикации што се фокусираат конкретно на околината. Важно е дека „Нарвал“ навлегува во таа област сега и се надевам дека ќе продолжи“, рече Жилиен Жињак.

 

Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.

Останати
објави

Сподели на...