Дали сте студент на новинарство кој сака да гради кариера во медиумите? – Ако одговорот е потврден и цврсто стоите зад таквата ваша одлука, составивме чекори во процесот што мора да ги имате на ум додека се подготвувате да влезето во журнализмот. Разговаравме со тројца професори по новинарство во САД за да добиеме слика за начините да станете подобар студент и поподготвен новинар.
1. Учете со правење
Повеќето школи за новинарство низ целата земја го користат методот „учи преку правење“, каде што студентите се впуштаат во активностите на известување во нивните локални заедници. Ова им овозможува да добијат подобро разбирање за тоа што навистина значи да се биде новинар. Со задачите на часовите по новинарство, погрижете се да се задлабочите колку што можете повеќе во приказната и истражете ги сите ваши извори и совети што ги добивате. За тоа да биде дел од вашиот секојдневен живот, придружете се на студентската новинска организација во вашето училиште. Тоа обезбедува одличен начин за вклучување во заедницата. Организација, со која раководат студенти, служи како можност за учење, бидејќи тие ве учат не само за основите на пишувањето на вести, туку и за најдобрите практики за следење на настани. Секогаш настојувајте да се предизвикувате себеси со истражување на посложени приказни во локалната заедница и за пишување на тековни вести и можеби ќе имате можност да објавите некоја во вашиот локален весник.
„Веруваме дека студентите треба да прават како што учат. Затоа и ги охрабруваме да се вклучат најпрво во новинарските продукции што се управувани од студенти, а потоа да се обидат да станат практиканти и да се ангажираат на сезонски работни места во професионалните медиуми“, вели Крис Дејли, професор на Универзитетот во Бостон.
Пополнувањето на слободно време од универзитетските активности со барање на практикантска работа во новинските куќи овозможува одлична можност за стекнување со повеќе професионално искуство. Тоа служи и како шанса за проширување на вашите хоризонти и добивање на стручни совети од професионални редакции. Преку таквото искуство, не само што можете да го подобрите вашето пишување, туку и подобро да разберете што навистина значи да се работи како новинар.
2. Вмрежување
Вмрежувањето функционира како суштински аспект на новинарството, бидејќи не само што ви помага да стигнете до најдобрите извори во областите, туку, исто така, ќе биде од помош да запознаете повеќе луѓе во бизнисот. Преку вмрежување, градите сопствено име во насока на што повеќе луѓе да ги забележат вашите вештини и атрибути како новинар. Овој процес започнува по самото влегување на факултет и запознавањето на вашите соученици, идни колеги новинари, со кои можете да започнете со градење на вашата мрежа. LinkedIn работи како голем ресурс за новинарството, бидејќи ви овозможува да комбинирате листа на поединци кои сте ги сретнале на конвенции, на часови, за време на стажирање, па дури и на полагање. Не дозволувајте вашите контакти да заминат!
„Кога новинарот сака да разговара со професионалец на која било позиција, вклучително и етаблирани писатели, предлагам да контактирате директно, без разлика дали преку електронска пошта, на настан, преку социјални медиуми или телефонски“, советува професорката Стејси Шолдер од школата за новинарство во УСЦ Аненберг.
„Почитувајте го времето на луѓето и бидете транспарентни за тоа кои сте и што барате“, додава таа.
Можете, исто така, да се обидете да контактирате со вашиот омилен новинар за какви било совети за актуелна приказна што ја пишувате или за која било тема. Контактот со други новинари нуди одличен начин да ја изградите вашата мрежа, бидејќи тие можат да ве водат. Повеќето од вашите професори ќе се обидат да ве поврзуваат со други луѓе за кои сметаат дека можеби имаат повеќе ресурси за темата или приказната што ја истражувате. Бидете отворени да слушате од други професионалци, бидејќи тие можат да дадат најдобри совети и ресурси за новинарите студенти.
3. Практикантска работа
Практикантството служи како најдобар можност за стекнување на повеќе искуство и проширување на вашата мрежа. Како практикант си давате можност да работите во динамична редакција која може да ја зголеми вашата работна етика. Тоа, исто така, е одлична можност за повозрасните новинари кои дипломираат да бидат и потенцијални вработени во компании кои нудат можност за соработка. Работата е шанса да откриете која област во новинарството најмногу ви лежи со тоа што ќе ги испробате сите. Обрнете внимание на веб-страниците како LinkedIn.
„Практикантсвото е одлично кога новинарите студенти можат да придонесат за новинска организација, да работат со професионалци и да бидат сведоци на секојдневните искуства на репортерите, продуцентите и уредниците додека тие донесуваат уреднички одлуки и креираат содржина. Впијте го тоа, барајте начини да помогнете, да научите што е можно повеќе, да внесете енергија и ентузијазам во работата и внимавајте дека можете да оставите траен впечаток на луѓето со кои работите“, рече Шолдер.
Работата со професионалци во областа служи како одличен начин да се научат различните начини за пишување на новинарска приказна. Можете да пробате различни позиции во новинарството, како што се пишување, производство или управување со редакцијата за да видите која најмногу ви одговара. Бидете подготвени да влезете со одлучен став и да научите што е можно повеќе додека сте во редакцијата. Искористете што е можно повеќе од предностите на стажирањето.
4. Алатки
Останува од витално значење за новинарите секогаш да ги чуваат алатките при рака кога и да почнат да известуваат. Одличен пример за алатка која се користи за новинарство е Otter.ai, апликација која служи како платформа за снимање на интервјуа и нуди бесплатни, но и платени планови. Еден од начин за пронаоѓање на најдобрите алатки за новинарство започнува со тоа што ќе ги прашате вашите професори и соученици за нивното искуство. Читањето на книги напишани од професионални новинари обезбедува уште еден одличен ресурс кој може да ви помогне подобро да го разберете процесот на пишување на приказна. Некои книги навлегуваат во детали за различните приказни што се понудени во новинарството. Одвојте малку време за да ги побарате тие ресурси, бидејќи можеби ќе ги користите до крајот на вашата кариера.
„Уредите за снимање, камерите, услугите за транскрипција се сите корисни алатки за студентските новинари. Паметен телефон често може да биде единствената алатка која им овозможува на новинарите да снимаат разговори, фотографии, звук и видео кога покриваат стории. Но, ништо нема да го заземе местото на подготовка, на фокусирање и способност за слушање“, смета Шолдер.
Класичните алатки кои секогаш се потребни на новинарите вклучуваат компјутер, уред за снимање, телефон и тетратка. Секогаш погрижете се да ги чувате при рака додека продолжувате да работите на вашата задача во текот на неделата. Тие можат да помогнат во ублажување на товарот на известување, бидејќи помагаат да се олесни процесот на интервјуирање. Бидејќи технологијата го обликува светот на новинарството, останува важно да научите да правите сè. Обидете се да направите список на секој ресурс и споделете го со пријателите.
5. Пристапување кон модерното новинарство
Светот на новинарството продолжува да се менува, па студентите по новинарство треба да бидат подготвени за сите можности. Одржувајте емпатично гледиште кога покривате контроверзни или чувствителни теми, особено кога допирате до извори. Секогаш погрижете се да ги имате на располагање најдобрите ресурси за ментално здравје. Избегнувајте да останете во циклус на вести што може да создаде балон во вашата работа што треба да резултира со непристрасно известување. Запомнете, секогаш да правите пауза кога известувањето ќе стане премногу, бидејќи одморен новинар е од суштинско значење.
„Студентите треба да одат подалеку од Твитер“, рече управниот уредник на Висконсин Воч и професор на Универзитетот во Висконсин-Медисон, Ди Џеј Хол. „Прочитајте ги „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, посетете ги локалните веб-страници за вести и слушајте ја локалната јавна радио станица“, истакна тој.
Секогаш прелистувајте ги сите ваши белешки и консултирајте извори за да бидете сигурни дека ќе стекнете најдобро можно разбирање за темата што ја работите. Одржувањето на чист ум и здраво тело ви помага да се претставите најдобро што можете во бескрајните денови како новинар. Заштитете се додека излегувате да ја завршите работата, особено кога покривате несигурни настани. Погрижете се секогаш да ги известувате вашите уредници за она што се случува околу вас и да им помагате на другите новинари. Не заборавајте да го имате телефонот со вас.
„Безбедноста е од суштинско значење за сите новинари. Внимавајте на околината, бидете сигурни дека барем уште едно лице знае каде одите за да ги предупреди властите и раководните лица во редакцијата доколку сте во каква било опасност. Ако треба да ја напуштите локацијата затоа што не се чувствувате безбедно, тогаш направете го тоа. Ако луѓето ви се закануваат или исмеваат, обидете се да ги избегнете и побарајте безбедно место каде што нема толку голема веројатност да бидете мета“, советува Шолдер.
Имајте ги на ум сите различни совети што се понудени во оваа статија и погрижете се да ги споделите со пријателите и со соучениците. Секогаш одржувајте ги вашите најдобри перформанси и барајте ресурси кои можат да ви помогнат да дознаете повеќе за новинарството и да се подобрите. Отфрлете го стравот што ве спречува да контактирате со други професионалци и секогаш имајте отворен ум кога известувате. Дали сега сте подготвени да тргнете на пат? – Се надеваме дека сигурно е така!
Извор: College Magazine
Фото: Unplash
добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.
