Рецензија: Зошто ни е потребно новинарството

Датум

Во издание на Atlantic Books излезе книга на Џон Лојд, долгогодишен соработник во Financial Times и ко-основач на Ројтерс  институтот за новинарски студии во Оксфорд  „Моќта и приказната: Глобална битка за вести и информации (The Power and the Story )“. Ви ја пренесуваме рецензијата на книгата од Steve Coll објавена во  Financial Times:

Во 2003 година, Southern Metropolitan Daily во Гуангџоу, Кина, објави храбро истражување за смртта на Сун Зиганг, мигрант приведен од полицијата пореди немање соодветни документи и притворен. Откритијата на Daily предизвикаа јавен бес кој резултираше со важна системска реформа. Тоа беше време кога се подигаше довербата и значењето на независното истражувачко новинарство во Кина, ризичен потфат за уредниците кои моора постојано да ја тестираат толерантноста на државата.

Оттогаш, меѓутоа, просторот за таквото новинарство значително се стесни, особено со консолидираната моќ и притисоците врз граѓанското општество на Претседателот Кси Јинпинг. Денес, како што пишува Џон Лојд во The Power and the Story, кинеските новинари научија дека понекогаш можат да “убијат муви“ со нивната истражувачка работа, но не и да „совладаат тигри“ како што се тајните служби или лидерите на Комунистичката партија.

Регресијата е во согласност со светските трендови. Во текот на 1990-ите и до средината на 2000-ите, Лојд нè потсетува, професионалното и независното новинарство се прошири во земјите во развој и поранешните комунистички држави, дури и оние под авторитарни режими. Сепак, во текот на изминатите пет години, со замавот на тоталитарните лидери и популизмот, таквиот прогрес се движни во обратна насока.

The Power and the Story претставува интелигентно, детално и добро документирано истражување на известувањето во корист на глобалниот интерес по притисок на диктатури, очајна пазарна конкуренција и технолошко нарушување. Лојд е заинтересиран за потрадиционално, професионално новинарство отколку за медиуми или теорија за комуникации, што претставува добродојден акцент во време кога критиката врз медиумите се чини под влијание на транформацискиот потенцијал на социјалните медиуми и новите технологии. Секако, се наоѓаме среде нов трансформациски период во структурата на комуникациите. Сепак, Лојд признава дека она што новинарството сака да го постигне во однос на демократскиот легитимитет како коректор на државата и корпоративата моќ е поважно од технологијат ана денешницата.

Лојд е долгогодишен соработник во Financial Times и ко-основач на Ројтерст институтот за новинарски студии во Оксфорд. Тој е познат по својата поддшка за вековното англо-американско наследство на независно и фактичко известување и потрага по вистината, без оглед на тоа колку таквиот потфат може да биде несовршен и ограничен од човековата слабост. Сепак, тој зборува и за многуте неуспеси на американското и британското новинарство и ги разгледува силните страни на други традиции, како што е Европскиот контитненти и неговото идеолошки поексплицитно известување. Тој пишува со софистицираност за последните борби за унапредување на сериозното новинарство во корист на јавниот интерес во места како што се Египет, Етиопија, Италија, Индија и Кина.

Книгата содржи поглавје за Доналд Трамп, но значително пред времето на неговото „дивеење“ на Twitter и постојаните реторички напади врз интегритетот на американските медиуми. Големото прашање во ова време на „алтернативни факти“ е каква иднина лежи пред нас за самата идеја на професионално, поткрепено со докази и истражувачко новинарство?

Постојат економски притисоци, секако; во многу индустријализирани демократии, моделот заснован на рекламирање кој го долго го правеше можно здравото професионално истражување, сега колабираше. Телевизиските или видео вестите сега се во егзистенцијална криза, предизвикана од подемот на мобилните уреди и падот на гледаноста. Сепак, сликата не е во целост црна, како што охрабрува Лојд, упатувајќи на убедливата одбрана на јавните радиоифузионери во Британија, Германиј и други земји. Публиката која плаќа на сериозните комерцијални редакции расте, нудејќи нова основа за одржливии, професионални новински редакции како што се оние кои го создаваат овој весник, New York Times и Washington Post.

Среднорочно, можеби позагрижувачки од економијата е нападот врз легитимноста на новинарството и уставната заштита. Доколку некомпетентните амеркански судови и власти во Америка ги следат настојувањата на Трамп и ја вратат заштитата на печатот, особено како што се применува на новинари кои известуваат за доверливи информации, тоа ќе ги поттикне деспотите во други земји да ги задушат нивните медиуми.

На многу начини, нападите врз печатот служеа да ги зајакнат американските редакции, појаснувајќи зошто известувањето за конфликти на интереси или истрагата на ФБИ за руското мешање во изборите во 2016 година се витални за уставноста на земјата. Приказните за истрагата на ФБИ, на пример, кои Трамп може  да ги отфрли како лажни вести или незаконски протечени вести, несомнено некои ФБИ агенти ги гледаат како неопходни за заштита на интегритетот на нивната работа, обелоденувајќи некои од нивните наоди, иако претседателот се заканува дека ќе ги затвори.

Чувството на јасна мисија за новинарите во ерата на Трамп е добредојдена по деценија на конфузија предизвикана од дигиталниот упад и падот на весниците. Сепак, нема простор за задоволство.

Прославениот прв амандам на Америка е релативно млад. Дури во 1964 година, во Times v. Sullivan, Врховниот суд на САД воведе стандард за клевета за јавни фигури кој е најнаклонет на печатот. Во 1971 година, во предметот Pentagon Papers, Врховниот суд постави стандард кој направи многу тешко за владата да спречи новинска организација од објавување стории за националната безбедност. Државните закони кои им дозволуваат на новинарите да ги заштитат изворите може да бидатотповикани од локалните популисти кои го имититраат Трамп. Конечно, како што опишува The Power and the Story, здравјето на независниот печат не  може да се раздели од државата и сите демократски и граѓански права.

Останати
објави

Сподели на...