Дигитална кампања „Сакам фер работни услови“ – Бобан Илијевски

Датум

Според последните истражувања на ССНМ, младите новинари и оние кои работат во дигиталните медиуми во земјава најчесто работат со нерегулирани работни договори. Во услови на здравствена и економска криза во последните години, овој проблем се повеќе се појавува на површина, особено во случајот со здравственото осигурување.  

Целта на повикот беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде новинар во онлајн медиум, млад новинар(к)а или медиумски работник во Северна Македонија и кои се најчестите прекршувања на работничкие права со кои тие се соочуваат.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено кога станува збор за младите во фелата, ако се водиме од фактот дека тие се меѓу најслабо платените и најмалку бројни во медиумите.  

„Потребна е регулација на работните односи на младите новинари и медиумски работници, особено на оние кои се вработени во онлајн медиумите, за да нивните работните места бидат посигурни и на тој начин се спречи нивниот одлив од професијата. Можеби немањето на регулиран работен однос не е единствената причина за незадоволството, но е една од најголемите.“

Бобан Илијевски, главен и одговорен уредник

Работник.мк

Дигиталната кампања се спроведува во рамки на во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.

Останати
објави

Сподели на...