Сексизмот во надолен тренд, но има уште долг пат да се мине

Длабоко на ланската шкотска зима, група новинарки, вклучително и јас, седнаа пред своите лаптопи за да поразговараат за годишната шема за менторство за идните женски таленти.

Имајќи го предвид фактот за малиот број на пријавени спортски новинари претходно, решивме да им резервираме пет места. Но, сепак, се соочивме со проблем – беше невозможно да се најдат доволно новинари за пополнување на местата.

Нашата организација, „Жените во новинарството во Шкотска“ (WiJS), која се залага за еднаквост во сферата, наредните неколку месеци ги мина во истражување на различноста за која верувавме дека е проблем. Откривме дека само три од 95-те вработени новинари во шкотските печатени спортски медиуми биле жени. Потоа се преокупиравме од две прашања – со какви бариери се соочуваат новинарките во медиумската индустрија и што би можеле да направиме за да ги решиме тие бариери?

Одлучивме да ангажираме двајца студенти за истражување на родовите студии на Универзитетот во Стратклајд, чија задача беше да ги интервјуираат неколкуте новинарки кои се вработени во печатените спортски медиуми или се хонорарно ангажирани, како и жените на останатите позиции во работните средини. Важно беше да се направи разлика меѓу печатен медиум и емитување, каде застапеноста на жените кои го покриваат спортот е многу подобра.

Во истата недела на објавување на извештајот од истражувањето, Здружението на фудбалски новинари во Шкотска беше домаќин на доделувањето на неговите годишни награди. Оваа година за првпат ги прослави достигнувањата и на жените во спортот, но јас бев една од неколку гости кои излегоа во знак на протест поради сексистичките коментари од говорникот по вечерата, Бил Коупленд.

Твитот што го објавив во знак на солидарност со радиодифузерот Ејлид Барбур, кој, исто така, излезе во јавност предизвика особено внимание на медиумите.

Две импресивни млади жени кои се дел од магистерки на курсот за применети родови студии на универзитетот, Хана Никол и Роуан Кларк, чекаа да го презентираат своето истражување по вечерата. Говорот на Коупленд требше да послужи како реален пример за нивните заклучоци и докажува дека сè уште треба да мине време пред искоренување на родовата дискриминација.

Анкетираните новинарки рекоа дека претрпеле мизогинистичко малтретирање од фудбалски навивачи и дека биле помалку платени од нивните машки колеги (податоци на владата на Обединетото Кралство го покажуваат родовиот јаз во платите во весниците од 5-21%). Тие биле изложени на сексистички забелешки во редакциите и се чувствуваа занемарени во нивното промовирање.

Сепак, имаше добри вести. Еден учесник рече дека секторот „мина долг пат“ во изминатите неколку децении. Дел од новинарките рекоа дека веруваат оти нивниот пол им креирал можности. Подемот на женскиот спорт, исто така, ги отвори вратите. Се вели дека машките уредници во спортските редакции реагирале позитивно на предлозите за женските турнири да бидат покриени од новинарки.

На вечерата на фудбалските новинари го видов трансформативниот ефект на таквите сојузништва. Кога станав и ја напуштив просторијата, неколку машки новинари од мојата маса ме следеа во знак на солидарност. Тешко е да се искаже со зборови колку беше силно чувството што ги имам крај мене. Следните денови им дадов коментар на десетина новинари, главно мажи, кои ја покриваа приказната и сите изразија разочарување и згрозеност.

Мојот избор е да се фокусирам на овие позитивни искуства, наместо да ги гледам одговорите од мажите на мојот твит кои велат дека не можам да поднесам шега, дека всушност не излегов, дека не постои такво нешто како сексистичка шега. Или дека нема да ми се верува, затоа што не го именував говорникот или не ја опишав точната формулација на неговите забелешки.

Ова е причината зошто јас не го сторив тоа. Затоа што не се работи за семантика или откажување на личноста од сцената. Станува збор за искреност на културата што му овозможила да биде поканет на сцената на прво место, колку и да е непријатна таа вистина. Нашето истражување сугерира дека оваа култура напредувала во последните години. Но, неодамна нешто тргна наопаку.

Најмногу од сè, станува збор за користење на тој настан како катализатор за промена која веќе се случува. Еве го доказот. Пред неколку дена во електронското сандаче на WiJS пристигна е-маил. Испраќач беше машки репортер за рагби кој го стави на располагање и своето време и стекнатото работно искуство. Потоа дојде уште една понуда, а потоа и друга. Еден машки новинар кој ги покрива атлетските настани праша што може да направи.

Овој вид на обединет пристап е единствениот пат напред. Последното нешто што сакаме или нѝ треба е родовиот раскол во шкотското новинарство. Гестовите за поддршка се клучни, ако сакаме да ги спречиме идните генерации на жени да бидат замрзнати од печатените спортски медиуми. Верувам дека мразот веќе почнува да се топи.

Автор: Габриела Бенет, хонорарна новинарка и копретседавач на „Жените во новинарството во Шкотска“

Извор: theguardian.com

Фото: Pixabay

Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn