Сликни го твојот глас – „Бременост“

Датум

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

По укинувањето на мерката за бремените жени со што тие се враќаат на работа, посебен товар носат и новинарките кои ќе бидат идни мајки. Како една од нив, после неколку месечната работа од дома се враќам во полна редакција, но и на работа на терен и многу контакти со луѓе и извори на информации. Дополнително ризикот од зараза се зголемува и доколку подолго време се остане во затворена просторија, како што често тоа се случува во телевизиската работа која е долг процес на снимање, пишување и монтажа на прилози. Министерот Беким Сали вели дека целта е да се натераат бремените жени да се вакцинираат. Вели има студии за безбедност за плодот и мајката, но државата не објавила ниту една, а не спроведе ни кампања за да не убеди во тоа. Како новинар се обидувам да ја истражам вистината за ваквите тврдења. Министерството не дава податоци колку трудници се жртви на вирусот, ниту препораки до работодавците како да се однесуваат со трудниците. Ова е прв ваков предлог на новиот состав на комисијата, кој ги погодува токму идните мајки, а велат има економска оправданост.

„THE BURDEN“

After the abolition of the measure for pregnant women, with which they return to work, a special burden is borne by the women journalists who will be future mothers. As one of them, after a few months of work from home, I return to the full editorial office, but also to work in the field and many contacts with people and sources of information. Additionally, the risk of infection increases if you stay indoors for a long time, as often happens in television work, which is a long process of recording, writing and editing reports. Minister Bekim Sali says the goal is to get pregnant women vaccinated. He says there are safety studies for the fetus and the mother, but the state has not published any, and has not conducted a campaign to convince us of that. As a journalist, I try to investigate the truth of such claims. The ministry does not provide data on how many pregnant women are victims of the virus, nor recommendations to employers on how to treat pregnant women. This is the first such proposal of the new composition of the commission, which affects the future mothers, and they say there is economic justification.

„BARRË“

Pas heqjes së masës për gratë shtatzëna, me të cilën ato kthehen në punë, një barrë të veçantë mbajnë gazetaret që do të jenë nënat e ardhshme. Si njëra prej tyre, pas disa muajsh punë nga shtëpia, rikthehem në redaksinë e plotë, por edhe për të punuar në terren dhe shumë kontakte me njerëz dhe burime informacionesh. Për më tepër, rreziku i infektimit rritet nëse qëndroni për një kohë të gjatë në ambiente të mbyllura, siç ndodh shpesh në punën televizive, që është një proces i gjatë incizimi, shkrimi dhe montimi i kronikave. Ministri Bekim Sali thotë se qëllimi është që gratë shtatzëna të vaksinohen. Ai thotë se ka studime për sigurinë për embrionin dhe nënën, por shteti nuk ka publikuar asnjë studim dhe nuk ka bërë asnjë fushatë për të na bindur për këtë. Si gazetare përpiqem të hetoj vërtetësinë e pretendimeve të tilla. Ministria nuk jep të dhëna se sa gra shtatzëna janë viktima të virusit, as rekomandime për punëdhënësit se si të trajtojnë gratë shtatzëna. Ky është propozimi i parë i tillë i përbërjes së re të Komisionit, që i prek nënat e ardhshme dhe thonë se ka justifikim ekonomik.

Билјана Николовска, новинарка
ТВ Телма

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Останати
објави

Сподели на...