Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.
Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.
Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.
„MALTRETIMI VIRTUAL“
Rrjetet sociale e kanë lehtësuar ndjeshëm punën e gazetarëve, por edhe maltretimin virtual dhe ngacmimet seksuale pa kontakt fizik. Gazetaret shpesh marrin mesazhe shqetësuese, fyese dhe kërcënuese.
„VIRTUAL HARASSMENT“
Social networks have significantly facilitated the work of journalists, but also, the virtual and sexual harassment without physical contact. Women journalists often receive harassing, abusive and
threatening messages.
„ВИРТУЕЛНО МАЛТРЕТИРАЊЕ“
Социјалните мрежи значително ја олеснија работата на новинарите, но и виртуелното малтретирање и сексуалното вознемирување без физички контакт. Новинарките често добиваат вознемирувачки, навредливи и заканувачки пораки.
Рита Бехадини, новинарка
ТВ Алсат М
Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).
