Сликни го твојот глас – „Говор на омраза“

Датум

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

Социјалните медиуми се алатка за работа, но и подло оружје против нас новинарките. Единствен начин да се заштитиме од нивната злоупотреба и од говорот на омраза на лична основа е да ја направиме многу цврста линијата што не дели нас од разните инфлуенсери што одработуваат за центрите на моќ.

„GJUHA E URREJTJES“

Mediat sociale janë një mjet pune, por edhe një armë e poshtër ndaj neve gazetareve. Mënyra e vetme për të mbrojtur veten nga abuzimi dhe gjuha e tyre e urrejtjes mbi baza personale është të bëjmë një linjë shumë të fortë që na ndan nga influencuesit e ndryshëm që punojnë për qendrat e fuqishme.

„HATE SPEECH“

Social media is a tool for work, but also a vile weapon against us journalists. The only way to protect ourselves from their abuse and hate speech on a personal basis is to make a very solid line that separates us from the various influencers who work for the centers of power.

Слободанка Јовановска, уредничка
Независен весник

Авторка на фото-сторијата е Фросина Насковиќ, фоторепортерка во МИА 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

 

Останати
објави

Сподели на...