Сликни го твојот глас – „Дежурни виновници“

Датум

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

 

Да се биде новинар е тешко, а да се биде жена новинар е претешко. Ова бидејќи новинарството како професија е многу деградирано и како последица особено новинарките се во неповолна положба да ја обавуваат својата професија. Новинарите се дежурни виновници особено во периоди на избори или тензични политички кризи бидејќи се во средина на различни препукувања и како последица се и мета на напади од функционери, политичари, партиски активисти. Во текот на пандемијата и граѓаните ги напаѓаа новинарите кога објавуваа за владините рестриктивни мерки или кога критикуваа несовесни граѓани што ги прекршуваа законите. И сите овие искуства од моите скоро девет години во новинарството ми помогнаа да оформам став дека новинарството е тешка и ниско платена професија во Северна Македонија. А најтешко е за жена новинарка која што често ги жртвува и миговите кои треба да го помине со семејството за општото добро, да известува и да спречува злоупотреба на јавните добра.

 

„FAJTORË KUJDESTARË“

Të jesh gazetar është e vështirë, kurse të jesh gazetare është shumë më e vështirë. Kjo për shkak se gazetaria si profesion është shumë e degraduar dhe, si pasojë, sidomos gazetaret, janë në pozitë të pafavorshme për të ushtruar profesionin e tyre. Gazetarët janë fajtorë kujdestarë, sidomos në periudha zgjedhjesh apo krizash të tensionuara politike, sepse ndodhen në mes të grindjeve të ndryshme dhe, për pasojë, janë shënjestër e sulmeve nga funksionarë, politikanë, aktivistë partiakë. Gjatë pandemisë, qytetarët i sulmonin gazetarët kur raportonin për masat kufizuese qeveritare ose kur kritikonin qytetarët e pandërgjegjshëm për shkelje të ligjit. Dhe të gjitha këto përvoja, nga pothuajse nëntë vitet e mia në gazetari, më ndihmuan të krijoj një qëndrim se gazetaria është një profesion i vështirë dhe pak i paguar në Maqedoninë e Veriut. Dhe, është më e vështirë për një grua gazetare që shpesh sakrifikon momentet që duhet të kalojë me familjen për të mirën e përbashkët, për të raportuar dhe parandaluar abuzimin me të mirat publike. 

 

„THE CULPRITS ON DUTY“

Being a journalist is difficult and being a woman journalist is too difficult. This is because journalism as a profession is very devalued and as a consequence, especially women journalists are in an unfavorable position to practice their profession. Journalists are the culprits on duty, especially in times of elections or tense political crises because they are in the midst of various quarrels and as a consequence are the target of attacks by officials, politicians, and party activists. During the pandemic, citizens also attacked journalists when they reported on government restrictive measures or when they criticized unscrupulous citizens for breaking the law. And all these experiences from my almost nine years in journalism helped me to create an attitude that journalism is a difficult and low-paid profession in North Macedonia. And it is most difficult for a woman journalist who often sacrifices the moments she has to spend with her family for the common good, to report and prevent abuse of public goods.

 

Ферикан Илјази Арифи, новинарка
Euronews

Авторка на фото-сторијата е Арбнора Мемети, фриленс фоторепортерка 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

 

Останати
објави

Сподели на...