Сликни го твојот глас – „Еднаквост“

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

Колку општеството во кое што работиме е свесно за новинарството и неговото значење можеме да заклучиме секој пат кога треба да снимиме анкета. Мачно и понижувачко искуство бидејќи сè уште сме соочени со луѓе кои се плашат јавно да го искажат својот став, ги презираат медиумите и не им веруваат на новинарите. Но, од истото општество потекнуваат и личностите кои со невидена леснотија знаат да те оцрнат, плукнат, навредат на социјалните мрежи, најчесто скриени под непостоечки идентитет. Неретко и под своето име и презиме и со силината на некоја теорија на завера или идеологија.

Да се биде новинарка во околности во кои демократијата не функционира, а општеството е доминантно “машко” е посебно тешко. Постои некоја невидена леснотија во таква средина, па, доколку на некој соговорник не му се допадне контекстот на прилогот да пушти порака на телефон, без да размислува дека е тоа отворена закана кон нашата работа.

Ние сме рамноправни, во студио или на терен, сè додека соговорникот, најчесто маж во одело за да се доизјасни ќе почне да гледа во нашиот снимател. Мислам дека верува дека снимателот (маж) подобро ќе го разбере од новинарката – жена. Ситуацијава ќе ми ја потврдат и други колешки.

Генерално, кога целата професија е девалвирана во општество во кое и вредностите тонат, сè потешко ќе биде да ја одржиме и професијата и местото на жената во неа.

„EQUALITY“

How much the society in which we work is aware of journalism and its importance can be concluded every time we need to record a survey. A painful and humiliating experience because we are still faced with people who are afraid to express their views publicly, despise the media, and do not trust journalists. But, from the same society come the persons who with unprecedented ease know how to slander you, spit, and insult you on social networks, most often hidden under a non-existent identity.

Often with their own name and surname and with the strength of a conspiracy theory or ideology. Being a woman journalist in an environment where democracy does not function, and society is predominantly “male” is especially difficult. There is unprecedented ease in such an environment, so if an interlocutor does not like the context of the article send a message on the phone, without thinking that it is an open threat to our work.

We are equal, in the studio or on the field, until the interlocutor, usually a man in a suit, starts looking at our camera operator to make himself clear. I think he believes that the camera operator (man) will understand him better than the journalist – a woman. This situation will be confirmed by other colleagues.
In general, when the whole profession is devalued in a society in which values are sinking, it will be increasingly difficult to maintain both the profession and the place of women in it. 

„BARAZI“

Se sa shoqëria në të cilën punojmë është e vetëdijshme për gazetarinë dhe rëndësinë e saj, mund konkludojmë sa herë që duhet të incizojmë një anketë. Një eksperiencë e dhimbshme dhe poshtëruese, sepse ende përballemi me njerëz që kanë frikë të shprehin opinionet e tyre publikisht, i përbuzin mediat dhe nuk u besojnë gazetarëve. Por, nga e njëjta shoqëri dalin personat që me lehtësi të paparë dinë t’ju shpifin, pështyjnë, shajnë në rrjetet sociale, më së shpeshti të fshehura nën një identitet inekzistent. Jo rrallëherë edhe me emrin dhe mbiemrin e vet dhe me forcën e një teorie apo ideologjie konspirative. Të jesh gazetare në rrethana ku demokracia nuk funksionon, kurse shoqëria është kryesisht “mashkullore” është veçanërisht e vështirë. Ka një lehtësi të paparë në një mjedis të tillë, ndaj nëse një bashkëbiseduesi nuk i pëlqen konteksti i artikullit, të dërgojë një mesazh në telefon, pa menduar se është një kërcënim i hapur për punën tonë.

Ne jemi të barabartë, në studio apo në terren, derisa bashkëbiseduesi, zakonisht një burrë me kostum, për t’u qartësuar do të fillojë të shikojë kameramanin tonë. Mendoj se ai beson se kameramani (burri) do ta kuptojë më mirë se gazetarja grua. Këtë situatë do të ma konfirmojnë edhe koleget tjera. Në përgjithësi, kur i gjithë profesioni zhvlerësohet në një shoqëri në të cilën vlerat po fundosen, do të jetë gjithnjë e më e vështirë ta ruajmë edhe profesionin edhe vendin e gruas në të.

Маја Блажевска, новинарка
Al Jazeera

 Авторка на фото-сторијата е Арбнора Мемети, фриленс фоторепортерка 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn