Сликни го твојот глас – „Измислувачи на пандемија“

 

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

Новинар во време на пандемија две години кога известувате за болест, пренесувате изјави и слика што е пандемија и што треба да се направи. Секогаш работите по потрага по точни и проверени информации.

Заминувате пред ковид центрите и многу често добивате вербални навреди: “платеници, лажови, вие ја измисливте пандемијата”.

А, во тој момент стоите и чекате да влезете со вашиот колега внатре во ковид центарот ве облекуваат во скафандер до непропознавање во ликот со цел да пренесете слика и изјави и секако благодарејаќи на професионслноста на колегата Зоран Догов кој низ замаглен визир снима внатре преку објективот на камерата. Во пандемијата снимателот е подеднакво важен како новинарите кои узвестуваат. Излегуваме од ковид центарот и двајцата со надеж дека луѓето ќе видат дека ковидот е тука, секој кревет е полн. Свесни ризикувате си велиме бевме внатре да целосно заштититени, но тоа е нашата работа од терен да известиме.

По објавувањето на сторијата под неа нови навреди полни со пцовки, најгрди зборови. А, оние кои тоа го пишуваат гледате нивни фотографии со деца, сопрузи, мајки. И прашањето е: Нивни блиски ги читаат, па каков пример се?

Во тој момент понепријатни се коментарите од некој кој не ве познава, ниту ја видел сторијата, отколку стравот и неизвесноста дека сте биле во ковид центар.

Одговор на ова нема. Но, нашите права, мои и на колегата се прекршени и од ова произлегува дека мора да има промена во заштита на новинарите и снимателите сите ние да бараме реакција и заштита од јавни вербални напади.

 

„SHPIKËS TË PANDEMISË“

Një gazetar në kohë pandemie për dy vjet që raporton për një sëmundje, transmeton deklarata dhe pamje se çfarë është një pandemi dhe çfarë duhet bërë. Gjithmonë punon për të kërkuar informacione të sakta dhe të verifikuare. Shkon para Qendrave të covidit dhe shumë shpesh ballafaqohesh me fyerje verbale: “mercenarë, gënjeshtarë, ju e shpikët pandeminë”. Dhe, në atë moment qëndroni dhe pritni të hyni me kolegun brenda në Qendrës së Covid-it, ju veshin me skafandra deri në atë pikë sa të mos e njohin personazhin me qëllim që të transmetoni pamje dhe deklarata dhe sigurisht falë profesionalizmit të kolegut Zoran. Dogov i cili përmes një viziri (maske) të turbullt filmon përmes objektivit të kamerës.

Në pandemi kameramani është po aq i rëndësishëm sa reporterët që raportojnë. Largohemi nga Qendra e Covid-it me shpresën se njerëzit do të shohin që Covid-i është këtu, çdo shtrat është i mbushur. Të vetëdijshëm për rrezikun i themi vetes se ishim brenda të mbrojtur plotësisht, por është detyra jonë të raportojmë nga terreni. Pas publikimit të kronikës, nën të, ofendime të reja plot mallkime, fjalët më të shëmtuara. Dhe, ata që e shkruajnë, sheh fotot e tyre me fëmijë, bashkëshortë, nëna.

Dhe pyetja është: Edhe të afërmit e tyre i lexojnë, pra çfarë shembulli janë? Nuk ka përgjigje për këtë. Por, të drejtat tona, të miat dhe të kolegut tim, janë shkelur dhe nga kjo rrjedh se duhet të ketë ndryshim në mbrojtjen e gazetarëve dhe kameramanëve në mënyrë që të gjithë të kërkojmë reagim dhe mbrojtje nga sulmet verbale publike.

 

„INVENTORS OF THE PANDEMIC“

 

A pandemic journalist for two years reporting on a disease, conveying statements and a picture of what a pandemic is and what needs to be done. Always work on seeking accurate and verified information.

You go in front of the Covid centers and very often you get verbal insults: “mercenaries, liars, you invented the pandemic”.

And at that moment, you stand and wait to enter with your colleague inside the Covote center, they dress you in a spacesuit to the point of not being able to recognize your face in order to convey a picture and statements and of course, thanks to the professionalism of colleague Zoran Dogov who shoots inside through a blurred camera lens. In a pandemic, the camera operator is as important as the reporters who are reporting. We both leave the Covid center in the hope that people will see that the Covid is here, every bed is occupied. Aware of the risk we talk to ourselves we were fully protected inside, but it is our job to report from the field.

After the publication of the story below it, new lines of insults full of curses, the ugliest words. And those who wrote it, you can see their photos with children, husbands, and mothers. And the question is: Do their loved ones read them and what example do they show?

At that moment, the comments of someone who does not know you, nor read the story, are more unpleasant than the fear and uncertainty that you felt while in Covid Center. There is no answer to this. But our rights, mine and those of my colleague, have been violated and it follows that there must be a change in the protection of journalists and camera operators so that we can all seek reaction and protection from public verbal attacks.

 

Мирјана Мирчевска, новинарка
ТВ Канал 5

 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

 

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn