Сликни го твојот глас – „Лесни мети“

Датум

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

 

“SHËNJESTRA TË LEHTA”

Femrat në profesionin tonë janë “shënjestra të lehta” ndoshta sepse askush nuk
dëshiron të qërojë hesape me një burrë të gjatë dhe trupmadh dhe, ndoshta, për shkak të
(mos)guximit të atyre që nuk duan të jenë në fokus të kamerave tona. Megjithatë, unë me
kamerën time jam “syri i publikut” dhe publiku duhet të dijë gjithçka. Për shkak të guximit dhe
përkushtimit tim ndaj profesionit, shpesh jam sulmuar nga ata që nuk donin të filmoheshin
duke shkelur ligjin. Shumica e rasteve kanë qenë verbale, me fyerje dhe kërcënime se do të
thyejnë kamerën. Por, askush nuk mund të më ndalojë të bëj punën time në mënyrë
profesionale. Kur jam me kamerë në dorë, vendi ku jam unë është zyra ime. Ata që më
nënvlerësojnë më japin më shumë fuqi.

 

Жените во нашата професија се “лесни мети” веројатно затоа што никој не сака да се пресметува со висок и крупен маж, а можеби и поради (не)храброста на оние кои не сакаат да бидат во фокусот на нашите камери. Меѓутоа јас со мојата камера сум “очите на јавноста”, а јавноста треба да знае се. Поради мојата храброст и посветеност кон професијата, често пати сум била на удар на оние кои не сакале да бидат снимени во кршењето на законите. Повеќето случаи биле вербални, со навреди и закани дека ќе ја скршат камерата. Но, никој не може да ме спречи во професионално извршување на мојата работа. Кога сум со камера во рака, местото каде што сум е мојата канцеларија. Оние кои што ме потценуваат, само ми даваат поголема моќ. 

“SITTING DUCK”

Women in our profession are “sitting ducks” probably because no one wants to
compete with a tall and stocky man, and maybe because of the lack of courage of those who
do not want to be the focus of our cameras. However, I am the “public eye” with my camera,
and the public should know everything. Because of my courage and dedication to the
profession, I have often been attacked by those who did not want to be filmed while breaking
the law. Most of the cases were verbal, with insults and threats that they would break the
camera into pieces. But no one can stop me from doing my job professionally. When I have a
camera in my hand, the place where I am is my office. Those who underestimate me only give
me more power.

 

Адријана Јовановска, снимател
ТВ 21

Авторка на фото-сторијата е Фросина Насковиќ, фоторепортерка во МИА

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

 

Останати
објави

Сподели на...