Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.
Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.
Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.
Во Македонија ако сте новинар, ве навредуваат дека “сте глуп и поданик”, ама кога сте новинарка, тогаш освен што ве навредуваат дека “сте глупа, грда, платеничка, по правило сте и к***а”. Вака некако оди “креативноста” на навредите кои речиси секојдневно ги добивам на социјалните мрежи. Заканите секако во склоп на истата креативност се во насока што “големите мажи” зад тастатурата “би ми правеле” доколку не се приберам и не замолчам…”
И еве така веќе 20 години, а јас “неразбрана” нит замолчав , нит се “прибрав”. Дури ниту кога добив ќотек во Собрание на 27 април ниту кога ми ја демолираа колата, ниту кога упорно “независното и професионално ” судство ми ги турка тужбите.
Затоа што, што би рекла, тогаш 17-годишната, нобеловка Малала: “Кога целиот свет молчи и еден глас станува моќен…”
А јас знам дека мојот глас е моќен и никој и ништо никогаш нема да го замолчи!
„THE POWER OF THE VOICE“
If you are a journalist in Macedonia, you are insulted that “you are stupid and a slave”, but when you
are a journalist, then in addition to being insulted that “you are stupid, ugly, mercenary, as a rule,
you are also a bitch.” This is the “creativity” of the insults that I receive almost every day on social
networks. The threats, of course, as part of the same creativity, are in the direction that the “big
men” behind the keyboard would “do to me” if I do not pull myself together and keep quiet … “
And this situation lasts for 20 years, and I “irrational” neither kept silent nor “pulled myself
together”. Not even when I was beaten in the Assembly on April 27, when my car was demolished,
nor when the “independent and professional” judiciary persistently dismissed my lawsuits.
Because what would say, then 17-year-old Nobel laureate Malala: “When the whole world is silent,
and one voice becomes powerful …
And I know that my voice is powerful and no one and nothing will ever silence it.
“FUQIA E ZËRIT“
Në Maqedoni nëse jeni gazetar, ju ofendojnë se “jeni budalla e ngjashëm”, por kur je
gazetare atëherë përveçse të ofendojnë se “jeni e budallaqe, e shëmtuar, mercenare, sipas
rregullit jeni edhe k…ë”. Kështu disi shkon “kreativiteti” i ofendimeve që pothuajse çdo ditë i
marr në rrjetet sociale. Kërcënimet, natyrisht, si pjesë e së njëjtit kreativitet janë në drejtimin që
“burrat e mëdhenj” pas tastierës “do më kishin bërë” nëse nuk e mbledh veten dhe nuk
hesht…
Dhe kështu është tashmë 20 vite, kurse unë “e pa marrët vesh” as nuk heshta as nuk e
“mblodha veten”. Madje as ditën kur më rrahën në Kuvend më 27 prill as kur ma demoluan
makinën e as kur gjyqësori “i pavarur dhe profesional” mi shtynte me këmbëngulje paditë e
mia.
Sepse, siç do të kishte thënë nobelistja, atëherë 17-vjeçare, Malala: “Kur e gjithë bota heshtë,
edhe një zë i vetëm bëhet i fuqishëm…”
Dhe unë e di që zëri im është i fuqishëm dhe askush dhe asgjë nuk do ta heshtë!
Душица Мрѓа, уредничка
ТВ 24
Авторка на фото-сторијата е Фросина Насковиќ, фоторепортерка во МИА
Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).