Сликни го твојот глас – „Парче стакло“

Датум

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

 

Më 15 shkurt të vitit 2021 ekipi ynë shkoi në Haraçinë, pasi që banorët ishin revoltuar, sepse për disa ditë nuk kishin pasur energji elektrike. Pasi përfunduam incizimin në shtëpitë dhe dyqanet e tyre, ata vendosën që t’u drejtoheshin zyrave të EVN në Butel. Me të mbërritur kërkuan takim me drejtorin, me kusht që takimi të realizohej në prani të medias. Kjo ishte kërkesë e papranueshme për drejtorin, gjë që shkaktoi revoltë të banorëve. Pasi situata kishte filluar të tensionohet, nga EVN kishin lajmëruar policinë. Në hyrjen kryesore të objekti të EVN-se tashmë ishin renditur sigurimi dhe pjesëtarë të policisë, të cilët po pengonin banorët që të mos hyjnë brenda. Në nevrikosje e sipër, një nga banorët theu një nga xhamin e njërës prej dyerve ku unë isha pozicionuar për të incizuar më mirë atë që po ndodhte. Xhamat më ranë në fytyre, duke më prerë në tre vende, një prej të cilave shumë pak milimetra larg brendisë së syrit. Maska dhe kapuçi më shërbyen si mburojë për të mos pasur prerje më të mëdha. Më pas dikush nga policia lajmëroi ndihmën e shpejtë. Pas mjekimit vazhdova të qëndroj në terren deri sa situata mes banorëve dhe EVN pati një epilog dhe më pas jam kthyer në redaksi për të shkruar lajmin, i cili u transmetua në edicionin e orës 16 në Alsat. Një copëz qelqi vazhdoj ta kem si “suvenir” nën lëkurë.

На 15.02.2021 година нашата екипа отиде во Арачиново затоа што жителите беа револтирани бидејќи неколку дена немаа струја. Откако завршивме со снимањето на нивните домови и продавници, тие решија да одат во канцелариите на ЕВН во Бутел. По пристигнувањето побараа средба со директорот под услов средбата да се одржи во присуство на медиумите. Ова беше неприфатливо барање за директорот кое што предизвика револт кај жителите. Откако ситуацијата стана тензична, ЕВН ја повика полиција. Обезбедувањето и полицајци се наредија на главниот влез во зградата на ЕВН и ги спречија жителите да влезат. Во нервоза, едно лице, дел од групата жители скрши еден од прозорците на вратите каде што се наоѓав за подобро да го снимам она што се случуваше. Очилата ми паднаа од лицето и ме пресекоа на три места, од кои едното на неколку милиметри од внатрешната страна на окото. Маската и капчето ми послужија како штит за да се спречат поголеми исеченици. Потоа некој од полицајците повика брза помош. По третманот, останав на терен додека не се смири ситуацијата меѓу жителите и ЕВН. Потоа се вратив во редакцијата за да ја напишам веста која се емитуваше во 16 часот на Алсат. Сè уште имам парче стакло како „сувенир“ под кожа.

 

„A PIECE OF GLASS“

 

On February 15, 2021, our team went to Arachinovo because the residents were revolted as there was no electricity for several days. After we finished filming their homes and shops, they decided to go to EVN offices in Butel. Upon arrival, they requested a meeting with the director, provided that the meeting was held in the presence of the media. This was an unacceptable request for the director which caused a revolt among the residents. After the situation became tense, EVN called the police. Security and police officers lined up at the main entrance to the EVN building and prevented residents from entering. Nervously, one person, part of a group of residents, broke one of the door windows where I was positioned with the aim to record what was happening. The glasses fell down from my face and cut me in three places, one of which was a few millimeters from the inner part of the eye. The mask and cap served as a shield to prevent larger cuts. Then one of the police officers called an ambulance. After the treatment, I stayed on the field until the situation between the residents and EVN calmed down. Then I returned to the newsroom to write the news that was broadcast at 4 pm on Alsat. I still have a piece of glass as a “souvenir” under my skin.

 

Evi Shkopi / Еви Шкопи
gazetare/новинарка                                                                                            
Televizioni Alsat/Телевизија Алсат

 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

 

Останати
објави

Сподели на...