Сликни го твојот глас – „Пренос“

Датум

 

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

 

Во Македонија новинарките во споредба со своите машки колеги се соочуваат со двојно повеќе предизвици – дискриминацијата одредена според нивниот изглед, пол, бојата на гласот, „немоќта“ да се поднесе сиот товар на известувањето итн.

Спортското новинарство е област во која таа дискриминација е особено видлива.

Колку новинарки има во спортските редакции, колку спортски репортерки има, колку спортски коментаторки и аналитичарки работат во земјава? Резултатите до кои јас успеав да се прикрадам беа разочарувачки, од различни причини. Жени кои претрпувале закани, жени кои слушале за други заканувачки и опасни ситуации што ги навело да се откажат пред да почнат, жени кои секојдневно се соочуваат со онлајн малтретирање.

Исклучок од правилото е Марија Ковачева (главен и одговорен уредник на „Спортмедиа“) која се спротиставува на „очекувањата“ само машките новинари да добиваат важни позиции кога станува збор за спортското известување.

Таквите како неа ме инспирираа повторно да го поттикнам отварањето на ова прашање, кое иако долго време е присутно, за жал постојано се поттиснува.

 

“LIVE STREAMING”

Women journalists face twice as many challenges as their male counterparts In Macedonia – discrimination based on their appearance, gender, voice color, “inability” to bear the full burden of reporting, etc.

Sports journalism is an area in which this discrimination is particularly visible.

How many women journalists are in the sports newsrooms, how many women sports reporters are there, how many women sports commentators and analysts work in the country? The results I managed to sneak up on were disappointing, for a variety of reasons. Women who suffered threats, women who heard about other threatening and dangerous situations that led them to give up before they started, and women who face online bullying on a daily basis.

An exception to the rule is Marija Kovacheva (editor-in-chief of “Sportmedia”) who opposes the “expectations” that only male journalists get important positions when it comes to sports reporting. People like her inspired me to encourage the reopening of this issue, which, although it has been present for a long time, is unfortunately constantly suppressed.

 

„TRANSMETIM“

 

Në Maqedoni, gazetaret në krahasim me kolegët e tyre meshkuj përballen me dy herë më shumë sfida – diskriminim në bazë të pamjes së jashtme, gjinisë, ngjyrës së zërit, “paaftësisë” për të mbajtur barrën e plotë të raportimit, etj.

Gazetaria sportive është një fushë në të cilën ky diskriminim është veçanërisht i dukshëm. Sa gazetare janë në redaksitë sportive, sa reportere sportive ka, sa komentuese dhe analiste sportivë punojnë në vend? Rezultatet që arrita të zbuloja ishin zhgënjyese, për një sërë arsyesh. Gratë që kanë përjetuar kërcënime, gra që kanë dëgjuar për situata të tjera kërcënuese dhe të rrezikshme që i kanë shtyrë të hiqnin dorë përpara se të fillonin, gra që përballen çdo ditë me maltretim online.

Përjashtim nga rregulli bën Marija Kovaçeva (kryeredaktore dhe redaktore përgjegjëse e “Sportmedia”) e cila i kundërshton “pritshmëritë” që vetëm gazetarët meshkuj të marrin poste të rëndësishme kur bëhet fjalë për raportimin sportiv. Njerëz si ajo më frymëzuan për të nxitur rihapjen e kësaj çështjeje, e cila edhe pse ka kohë që është e pranishme, fatkeqësisht ndrydhet vazhdimisht.

Ангела Бошкоска, новинарка
Мета

 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Останати
објави

Сподели на...