Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.
Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.
Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.
Метафизика на видливото е колаж составен од вкупно 5 поединечни фотографии кои имаат за цел да ги прикажат сите слоеви на невидливите борби кои ги води новинарката со уредничката политика, со уредниците чиј однос често е заснован на сексизам или конкурентност во зависност од родовата припадност на уредникот, со односот на општеството кон жените како и нејзините борби со неправдите и притисоците.
Вкупно четири фотографии се создадени во црно – бела боја со додавка на постоечки коментари од социјалните мрежи или од непосредна комуникација во постпродукција. Овие четири фотографии се во црно-бела боја бидејќи ги претставуваат слоевите на невидливите борби што ги води новинарката. Само една фотографија која зазема најголем простор од колажот е во боја и таа ја репрезентира видливата борба на новинарката. Сликата која ја праќаме во јавноста е дека сме секогаш професионални, силни и непоколебливи иако во позадина постојат многу фактори кои не демотивираат, па дури и наведуваат кон тоа да се откажеме од професионално и објективно работење на нашата работа.
Во суштина Метафизика на видливото е искрен говор од прво лице искажан преку доживеаните искуства и проткаен со алегорична критика на општествениот вредносен систем и етичките принципи врз кои почиваат меѓучовечките односи.
„STRONG AND UNWAVERING“
The Metaphysics of the Visible is a collage of a total of 5 individual photographs that aim to show all the layers of the journalist’s invisible struggles with editorial policy, with editors whose relationship is often based on sexism or competition depending on the editor’s gender, with society’s attitude towards women as well as its struggles with injustices and pressures.
A total of four photos were created in black and white with the addition of existing comments from social networks or direct communication in post-production. These four photos are in black and white because they represent the layers of the invisible struggles led by the woman journalist. Only one photo that takes up the biggest place within the collage is in color and it represents the visible struggle of the woman journalist. The image we send to the public is that we are always professional, strong and unwavering, although in the background there are many factors that demotivate us and even lead us to give up on the professionalism and objectivity of our work.
In essence, the Metaphysics of the Visible is an honest first-person speech expressed through experiences and interwoven with an allegorical critique of the social value system and the ethical principles on which interpersonal relations are based.
„TË FORTA DHE TË PALËKUNDURA“
Metafizika e të dukshmes është një kolazh prej gjithsej 5 fotografish individuale që synojnë të tregojnë të gjitha shtresat e betejave të padukshme të gazetares me politikën redaktuese, me redaktorët – marrëdhënia e të cilëve shpesh bazohet në seksizëm ose konkurrencë në varësi të përkatësisë gjinore të redaktorit, me qëndrimin e shoqërisë ndaj grave si dhe luftërave të saj me padrejtësitë dhe presionet.
Gjithsej katër fotografi janë krijuar bardh e zi me shtimin e komenteve ekzistuese nga rrjetet sociale apo komunikimin e drejtpërdrejtë në postproduksion. Këto katër fotografi janë bardh e zi sepse i përfaqësojnë shtresat e betejave të padukshme që i udhëheq nga gazetarja. Vetëm njëra fotografi që zë më shumë hapësirë në kolazh është me ngjyra dhe paraqet luftën e dukshme të gazetares.
Pasqyrën që e dërgojmë për publikun është se jemi gjithmonë profesioniste, të forta dhe të palëkundura, edhe pse në prapavijë ka shumë faktorë që na dekurajojnë dhe, madje, na bëjnë të heqim dorë nga puna profesionale dhe objektive e punës sonë.
Në thelb, Metafizika e të dukshmes është një fjalim i sinqertë në vetën e parë të shprehur përmes përvojave të përjetuara dhe i ndërthurur me kritikën alegorike të sistemit të vlerave shoqërore dhe parimeve etike mbi të cilat bazohen marrëdhëniet ndër njerëzore.
Магдалена Стојмановиќ
Главна и одговорна уредничка
„Мој Збор“
Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).