Сликни го твојот глас – „Храбри“

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

Позицијата на жената во новинарството и медиумите е прилично проблематична. Сите статистики покажуваат дека жените се повеќе изложени на напади и многу почесто се цел на онлајн злоупотреба на физички напад, а тоа го покажуваат и податоците дека жените во медиумите добиваат во просек три пати повеќе навредливи коментари на социјалните мрежи од нивните машки колеги. Едноставно на кукавиците кои напаѓаат зад тастатурата секогаш им е полесно да нападнат жена. Меѓутоа, жените новинарки во нашите медиуми и те како покажаа дека се многу храбри и сериозни истражувачки новинари кои ги отвораат и најчувствителните теми и се спремни за напади. Сметам дека тоа е заедничка борба и затоа мора да бидеме свесни за еднаквоста.

Меѓутоа, мора да признаеме и дека работата во медиумите во последните 30 години стана повеќе женска професија отколку машка. Сметам дека жените новинарки се квалитетни во тоа што го работат, но секако неопходно е да дадат многу повеќе од мажите за да опстанат во истата таа работа. Сепак, жените ги има многу малку на раководни позиции. Сметам дека овој проблемот е универзален, бидејќи во секоја друга работа жените потешко доаѓаат до раководна позиција. Првенствено затоа што ние сè уште живееме во машкиот свет, Македонија е сè уште патријархална земја каде на жената која е успешна се гледа постојано со некаков сомнеж. На жената генерално повеќе се гледа како на мајка, како на понежно суштество кое има други обврски и не може толку многу да и се посвети на работата. Од друга страна пак, жените се повлекуваат сами, токму поради своите обврски и универзалната улога што ја имаат бидејќи не сакаат да влегуваат во односи каде што навистина треба да бидат волци за да преживеат.

„TË GUXIMSHME“

Pozita e gruas në gazetari dhe media është mjaft problematike. Të gjitha statistikat tregojnë se gratë janë më të ekspozuara ndaj sulmeve dhe janë shumë më shpesh në shënjestër të abuzimit online dhe sulmeve fizike, dhe këtë e tregojnë të dhënat që gratë në media marrin mesatarisht tre herë më shumë komente ofenduese në rrjetet sociale sesa homologët e tyre meshkuj. Thjeshtë, frikacakët që sulmojnë pas tastierës e kanë gjithmonë më të lehtë të sulmojnë një grua. Megjithatë, gratë gazetare në mediat tona treguan se janë gazetare investigative shumë të guximshme dhe serioze që hapin edhe temat më të ndjeshme dhe janë të gatshme për sulme. Mendoj se është një luftë e përbashkët dhe prandaj duhet të jemi të vetëdijshëm për barazinë. Megjithatë, duhet të pranojmë gjithashtu se puna në media në 30 vitet e fundit është kthyer më shumë në një profesion femëror sesa mashkullor. Gratë gazetare janë të mira në atë që bëjnë, por sigurisht që duhet të japin shumë më tepër se burrat për të mbijetuar në të njëjtën punë.

„THE BRAVE ONES“

The position of women in journalism and the media is quite problematic. All the statistics show that women are more exposed to attacks and are much more often the target of online physical abuse, and this is shown by the data that women in the media receive on average three times more offensive comments on social networks than their male counterparts. It’s just that cowards who attack behind the keyboard always find it easier to attack a woman. However, the women journalists in our media have shown that they are very brave and serious investigative journalists who open even the most sensitive topics and are ready for attacks. I think it is a common struggle and that is why we must be aware of equality. However, we must also admit that working in the media in the last 30 years has become more of a female profession than a male one. Women journalists are good at what they do, but of course, it is necessary to give much more than men to survive in the same work.

Ивана Рамаданова, презентерка
ТВ 21

Авторка на фото-сторијата е Арбнора Мемети, фриленс фоторепортерка 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn