Сликни го твојот глас – „Чекориме храбро и одважно!“

Датум

Во последните неколку години, медиумските професионалци постојано се соочуваат со разни напади, закани, онлајн малтретирања, навреди, дискриминација. Оценките на релевантни фактори и организации како во земјава така и во странство се дека најголем дел од овие инциденти се насочени кон новинарките и жените медиумски работници и дека се повеќе зачестуваат. Извршувањето на секојдневните задачи и професионалното информирање на јавноста е далеку потешко кога се работи под таков вид на притисок.

Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено за нападите, заканите, онлајн малтретирањето базирано на родова основа.

Целта на повикот за фото-стории беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде жена и новинарка / медиумски работник во Северна Македонија и проблемите (највпечатливите примери) поврзани со безбедноста и работничките права со кои се соочиле (или сеуште се соочуваат) новинарките, уредничките, жените главни уредници и жените сопственици на медиуми.

Во времето на Луј XV, црвени чевли со висока потпетица носеле мажите аристократи. Поседувањето вакви чевли значело моќ, привилегии и богатство. Два века подоцна, Ханс Христијан Андерсон ја напишал својата приказна „Црвените чевли“, за сиромашното девојче Карен и нејзините црвени чевли заради кои е погубена и кои стануваат симбол на грев.

Авторката Мариела Дабах ја пишува книгата „Најди ги своите црвени чевли и облечи ги“, како покана секоја жена да си ја најде својата дефиниција за успех, а црвените чевли се симбол за женската взаемна поддршка во остварувањето на соништата. Така почнува движењето „Црвени чевли“. Истовремено низ светот се случуваат маршеви под мотото „Чекори една милја во нејзините чевли“, на кои мажите со носење црвени чевли искажуваат поддршка за жените-жртви на семејно насилство.

Предизвикот е видлив во поставеноста на чевелот – на врвот од потпетицата. Новинарката што го носи чевелот, може да падне наназад, но уште повеќе, може да стапне цврсто на земја, и да зачекори напред кон подобра и побезбедна иднина.

Слоганот поставен зад потпетицата дополнително ја засилува поддршката и солидарноста која нема да дозволи новинарките и медиумските работничи да се откажат од професијата, но и борбата за рамноправност и еднаквост.

 

„WE WALK BRAVELY AND COURAGEOUSLY!“

 

In the time of Louis XV, red high-heeled shoes were worn by aristocratic men. Possessing such shoes meant power, privilege and wealth. Two centuries later, Hans Christian Anderson wrote his story “The Red Shoes” about the poor girl Karen and her red shoes for which she was executed, and which became a symbol of sin.

Author Mariela Dabbah writes the book “Find Your Inner Red Shoes: Step Into Your Own Style of Success” as an invitation for every woman to find her own definition of success, and red shoes are a symbol of women’s mutual support in achieving their dreams. This is how the “Red Shoes” movement begins. At the same time, marches are taking place around the world under the motto “Walk a mile in her shoes”, in which men wearing red shoes express their support for women victims of domestic violence.

The challenge is visible in the placement of the shoe – on the top of the heel. The woman journalist who wears the shoe can fall backward, but even more, she can step firmly on the ground, and step forward towards a better and safer future.

The slogan behind the heel further strengthens the support and solidarity that will not allow women journalists and media workers to give up the profession, but also the fight for equality and equality.

 

„PO HAPËROJMË ME GUXIM DHE KURAJO!“

 

Në kohën e Luj XV, këpucë të kuqe me taka të larta vishnin burrat aristokratë. Të kesh këpucë të tilla nënkuptonte fuqi, privilegje dhe pasuri. Dy shekuj më vonë, Hans Hristian Anderson e shkroi historinë e tij “Këpucët e kuqe”, për vajzën e varfër Karen dhe këpucët e saj të kuqe për të cilat u ekzekutua dhe që u bënë simbol i mëkatit.

Autorja Mariela Dabah e shkroi librin “Gjeji këpucët tuaja të kuqe dhe vishi” si një ftesë për çdo grua që të gjejë përkufizimin e saj të suksesit, kurse këpucët e kuqe janë një simbol i mbështetjes reciproke të grave në arritjen e ëndrrave të tyre. Kështu nis lëvizja “Këpucët e Kuqe”.Në të njëjtën në mbarë botën filluan marshimet me moton “Ec një milje me këpucët e saj”, në të cilat burrat duke veshur këpucë të kuqe shprehin mbështetje për gratë viktima të dhunës në familje.

Sfida është e dukshme në vendosjen e këpucës – në pjesën e sipërme të thembrës. Gazetarja që e mban këpucën mund të bjerë mbrapsht, por edhe më shumë, mund të shkelë fort në tokë dhe të ecë përpara drejt një të ardhmeje më të mirë dhe më të sigurt.

Slogani i vendosur pas thembre e forcon më tej mbështetjen dhe solidaritetin që nuk do të lejojë gazetaret dhe punonjëset mediatike të heqin dorë nga profesioni, por edhe nga lufta për barazi.

 

Елисавета Бејкова
Слободен печат
графичка дизајнерка

 

Фото-сторијата е дел од проектот „Безбедни медиумски работници за квалитетно новинарство во Северна Македонија“ (Safer Media Workers for Quality Journalism in North Macedonia) финансиран од Балканскиот труст за демократија (Balkan Trust for Democracy) преку Програмата за слобода на медиуми, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Останати
објави

Сподели на...